фудбал

Мурињо: Загрижен сум заради повредите, но плачењето нема да ни помогне

Жозе Мурињо не можеше да ужива во победата над Кремонезе бидејќи Николо Заниоло си замина со повреда, а Жоржињо Вајналдум исто така заработи тешка повреда на тренинг ден претходно. Португалскиот стручњак јасно стави до знаење дека најверојатно клубот ќе реагира и ќе донесе замени за повредените.

„Честитки за Кремонезе. Во првите 20-25 минути имавме толку многу шанси што лесно можевме да го решиме натпреварот. Му честитам и на судијата бидејќи одлично се снајде. Не можам да кажам дека по многуте грешки играчите се исплашија, но тензијата се зголеми. На крајот гостите беа опасни во статичните ситуации, но ние не погрешивме и освоивме три важни бода. Не е пријатно што загубивме значаен играч како Заниоло, особено по два доста емотивни дена. Николо ќе биде отсутен некое време. Загрижен сум, но плачењето нема да помогне. Ние правиме планови, а потоа двајца од нашите најважни играчи се повредуваат и не остануваат многу опции. Тоа е фудбалот, тоа се случува. Шефовите знаат што би сакал. Работиме заедно и ќе најдеме решение“, рече Мурињо.


Атлетико крои тактика како да не го откупи Антоан Гризман

Антоан Гризман се уште нема одиграно ниту едно полно полувреме за Атлетико Мадрид оваа сезона. Напаѓачот кој пред три години се пресели во Барселона за 120 милиони евра моментално е на позајмица во тимот на Диего Симеоне.

Гризман пред тој огромен трансфер беше ѕвезда на Атлетико Мадрид, еден од најдобрите играчи во светот, освојувач на Мундијалот и сериозен кандидат за Златната топка. Сепак, тој не се снајде најдобро во Барселона и минатата сезона беше испратен на позајмица во Атлетико за да се врати во форма.

Атлетико платил 10 милиони евра за неговата позајмица, со посебна клаузула вклучена во договорот. Имено, како што пишува каталонски „Спорт“, Атлетико е должен да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра доколку одигра повеќе од 45 минути на повеќе од половина од натпреварите на кои може да се појави.


Алегри: Јуве уште заостанува зад другите фаворити

Ремито без голови на гостувањето кај Сампдорија го разочара тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Тој беше критичен кон играта на неговиот тим, кој речиси и да не создаде шанси за гол. Но, Алегри како нешто позитивно го истакна фактот што Јуве втор натпревар по ред не прими гол.

„Имаме две чисти мрежи од почетокот на сезоната. Тоа е добар знак. Сега мора многу добро да се подготвиме за дербито со Рома. Ни недостасуваат Пол Погба и Федерико Киеза кои се важни за нас. Сакаме да постигнеме нешто големо, но мора да бидеме трпеливи бидејќи се уште заостануваме од некои од другите тимови“, сподели Алегри.

„Сампдорија одигра силно пред паузата и покажавме добри работи во вториот дел. На крајот имавме огромни шанси да победиме. Не сакам никогаш да се отстапуваме. Го направивме тоа против Сасуоло кога се вративме. Денес тоа не чинеше два бода“, изјави тренерот на „бјанконерите“.


Занило пак се повреди, во Рома стравуваат од долго отсуство

Победата на Рома над Кремонезе од 1-0 беше засенета од повредата на Николо Заниоло. Херојот од финалето на Конференциската лига против Феенорд беше заменет на крајот од првото полувреме. Тој падна на рамо по еден дуел со гостинскиот дефанзивец Лука Лочошвили и не можеше да продолжи.

Заниоло веднаш го повика медицинскиот персонал на „Волците“ и бил пренесен во болница. Според „Sky Sport Italia“, напаѓачот има изместено рамо и ќе отсуствува од три до четири недели. Добрата вест е што италијанскиот репрезентативец нема фрактура на рамото или клучната коска. Покрај тоа, не е потребна операција.

Заниоло се соочува со многу повреди од почетокот на кариерата. Тој веќе ги скина лигаментите на двете колена, во разлика од само една година.


Регуиљон пред потпис во Нотингем Форест

Нотингем Форест е во преговори за позајмица на левиот бек на Тотенхем, Серхио Регуиљон, соопштија дел од англиските медиуми.

Се верува дека разговорите се воделе во последниве недели додека Форест се обидува да најде покритие за левата бековска позиција. Регуиљон (25) беше редовен играч на Тотенхем откако дојде од Реал Мадрид во 2020 година, забележувајќи 67 настапи.

Сепак, со доаѓањето на Перишиќ, минутажата на Шпанецот ќе биде лимитирана. Тотенхем наводно сака целосно да ја покрие платата на Регуиљон, па останува да се потврди позајмицата деновиве.


Сериозна повреда на Вајналдум, ќе отсуствува 2-3 месеци

Играчот од средниот ред на Рома, Жоржињо Вајналдум се повреди на вчерашниот тренинг на тимот и најверојатно ќе биде опериран. Од клубот потврдија дека Холанѓанецот има скршеница на потколеницата на десната нога, но се уште не е јасно колку време ќе биде надвор од терените. Вајналдум денес ќе биде подложен на дополнителни тестови. Се очекува да пропушти од два до три месеци.

31-годишниот поранешен играч на Њукасл и Ливерпул беше донесен на позајмица од Пари Сен Жермен. По неговото пристигнување во Рим, на аеродромот го пречекаа стотици навивачи на „џалоросите“.

Вајналдум дебитираше од клупата минатата недела кога Рома ја започна сезоната во Серија А со тесна победа над Салернитана (1-0). Се очекуваше холандскиот репрезентативец да стартува вечерва на домашен терен со Кремонезе.


Рашфорд потврди дека останува во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд изјави дека нема намера да го напушти клубот.

Пред неколку дена беше објавено дека Пари Сен Жермен е заинтересиран за 24-годишниот Англичанец.

„Јас сум 100 проценти лојален на Манчестер Јунајтед. За мене ова прашање не е ни за дискусија. Чувствувам дека без разлика на ситуацијата, морам да дадам се од себе за мене, семејството, пријателите и навивачите. Отсекогаш сум сакал и сакам да останам во клубот што е можно подолго, сакам да се борам за трофеи со него. Се надевам дека ќе се вратиме на претходното ниво и ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Рашфорд за „Sky Sports“.

Напаѓачот е дете на Манчестер Јунајтед. Од почетокот на сезоната одигра два натпревари за „црвените ѓаволи“.


Баерн руши нови рекорди во Бундеслигата

Фудбалерите на Баерн Минхен во неделата на гостински терен го декласираа тимот на Бохум со 7-0 и со тоа се зацврстија на првото место во Бундеслигата.

Покрај тоа што уште еднаш потврдија дека се најсериозен кандидат за тронот, Баварците по последниот натпревар постигнаа уште еден забележителен резултат.

Имено, тимот на Јулијан Нагелсман по три одиграни кола освои максимални девет бода, со гол разлика од +14 (15-1), што претставува најдобар старт на еден клуб во историјата на Бундеслигата!

На овој резултат му претходеа победи над Антрахт 6-1, Волфсбург 2-0 и Бохум 7-0.


Челзи го договори Обамејанг

Пјер Емерик Обамејанг по само шест месеци ќе се врати во Премиер лигата.
Барселона го договори трансфер на напаѓачот и за него ќе добие 22 милиони евра, плус пет милиони во бонуси.
Челзи имаше потреба од напаѓач, особено по заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер. Тоа го натера клубот да разгледува офанзивни опции, а на крај изборот падна на габонскиот интернационалец.


Реал со перфектен старт првпат од 2018 година

За првпат по неколку години, Реал Мадрид има добар старт во шпанската лига, повторувајќи едно од статистичките достигнувања што ги објави „OptaJose“ на Твитер.

Како што напоменува изворот, за прв пат од сезоната 2018/2019, Реал Мадрид  стартуваше во Примера со две победи во низа – над Алмерија (2-1) на гости и над Селта (4-1) исто така на гостински терен. Во 2018 година, последен пат кога успеаја да започнат со слични резултати, тимот го предводеше Хулен Лопетеги, под негово водство беа поразени Хетафе (2:0) и Џирона (4-1).

Во следното коло од шампионатот на Шпанија ривал на Реал Мадрид ќе биде Еспањол. Натпреварот ќе се одигра во недела на 28 август во Барселона.