фудбал

Интер го тргна Шкрињар од трансфер пазарот

Интер го тргна од трансфер листата дефанзивецот Милан Шкрињар откако ја одби официјалната понуда од францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Претседателот Стивен Жанг, им соопштил на соработниците дека клубот нема интерес да ја продаде својата ѕвезда, а наместо тоа, Интер истражува опции за обновување на договорот со Словакот кој има активен договор до 2023 година.

Менаџерот Симеоне Инзаги го гледа 27-годишниот дефанзивец како клучен дел од тимот и ќе има влијателна улога во неговите планови за сезоната 2022/23.


Варди не размислува зља друг клуб, продолжува во Лестер до 2024 година

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди потпиша нов договор со „лисиците“. Новиот договор со 35-годишниот фудбалер е до летото 2024 година. На овој начин конечно пропадна можноста тој да се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед.

Варди игра за Лестер Сити од 2012 година. Тој е голгетер број 1 во историјата на клубот со 164 гола на 387 натпревари.


Гатусо инсистира на трансфер на Кавани во Валенсија

Валенсија е во преговори со Единсон Кавани. „Лилјаците“ итно бараат нов напаѓач по продажбата на Гонзало Гедеш во Вулверхемптон. Затоа клубот го сврте вниманието кон уругвајскиот ветеран.

Во последните неколку недели, Кавани се шпекулираше дека е на прагот на преселба во француска Ница. Сепак, напаѓачот во последен момент ја одбил понудата на овој клуб. Се верува дека причина за тоа е токму понудата од Валенсија до него.

Од „Местаља“ веќе стапиле во контакт со 35-годишниот Уругваец и веќе водат преговори со него. Се верува дека двете страни се блиску до договор кој формално би можел да биде објавен за неколку дена.

Кавани моментално е слободен играч откако последните две сезони ги мина во Манчестер Јунајтед. Сепак, неговиот престој на „Олд Трафорд“ не беше особено успешен, бидејќи за „црвените ѓаволи“ одигра 59 натпревари и постигна 19 гола, пред да одлучи да не го продолжи договорот со клубот.


Ван Дајк: Дербито е совршена шанса Манчестер Јунајтед да сврти нов лист

Вирџил ван Дајк го коментираше претстојното дерби со Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на „Олд Трафорд“ во понеделник.

„Црвените ѓаволи“ ја започнаа сезоната со два порази, но ниту „црвените“ не се 100%, ремизирајќи во првите два првенствени натпревари.

„Тоа е многу голем натпревар, но не се работи за давање изјава. Сакаме да победиме и ќе направиме се што е можно за да го направиме тоа. Тие имаа тежок почеток оваа година, но ниту ние не започнавме како што сакавме, па ќе биде интересно. Според мене тие се добар тим и имаат добри играчи“, изјави Ван Дајк.

„Очигледно во однос на самодовербата тие не се во најдобра ситуација, но ова е совршен натпревар за менување на работите. Сепак, гледаме во себе и сакаме да направиме се што можеме за да бидеме подготвени за борба. Ќе биде тешко гостување, но се надевам дека некои играчи ќе се вратат во тимот и ќе се претставиме добро. Со нетрпение го очекуваме натпреварот“, додаде тој.


Канте се повреди, го чекаат неколку недели пауза

Томас Тухел на прес-конференција изјави дека францускиот играч за врска Н’Голо Канте ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда.

„Зборуваме за недели, ова е лоша вест. Разочарани сме и вознемирени, Н’Голо беше во одлична форма“, изјави Тухел.

Играчот од средниот ред ја повреди тетивата во дербито со Тотенхем во второто коло од Премиер лигата и беше заменет. Тухел исто така истакна дека албанскиот напаѓач Армандо Броја и хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ ќе го пропуштат натпреварот против Лидс Јунајтед оваа недела поради повреди.

По две кола од новата сезона на англиската Премиер лига, Челзи е на седмото место со четири бода. Сините го совладаа Евертон (1-0), но ремизираа со Тотенхем (2-2).


Директорот на Борусија Дортмунд отвора врата за трансфер на Роналдо

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации и тоа од реномираниот „Билд“ дека Кристијано Роналдо се понудил на Борусија Дортмунд.

По таквите информации во медиумите се огласи извршниот директор на германскиот гигант Ханс-Јоаким Вацке.

Вацке признава дека би сакал Роналдо да игра за Борусија Дортмунд, но досега контакт немало.

„Ми се допаѓа стилот на игра на Роналдо, направи многу во фудбалот. Одлична е идејата да го видам на „Сигнал Идуна Парк“, но засега немало контакт меѓу инволвираните страни“, изјави Вацке.


Сити нема платено ниту евро за Халанд!

Манчестер Сити во летниот преоден рок од Дортмунд го донесе Ерлинг Халанд. Одличниот норвежанец веќе почна да ги тресе мрежите во Премиер-лигата.

Раководството на „Граѓаните“ се договорија со германскиот тим за трансфер од 60.000.000 евра, но денес се појавија информации дека Сити не платил досега ништо. Двете страни се договориле сумата да се исплаќа на рати, па ќе ја плати во 2023 година поточно по завршување на сезоната, додека останатите три до 2026 година.


Пако Алкасер доби отказ од два клуба за 24 часа

Пако Алкасер е без клуб откако беше ослободен и од Виљареал и од клубот каде што требаше да настапува Ал Шараџа од ОАЕ. Неверојатен пресврт се случи во ситуацијата со искусниот напаѓач. Виљареал го испрати на позајмица во Ал Шараџа, во договорот имаше и опција за негов откуп по истекот на сезоната.

Помина Алкасер осум часа за да стигне во ОАЕ, имаше и фотографија со дресот за новиот клуб, но на крајот нема да заигра. Раководството на Ал Шараџа 40 часа по претставувањето се премисли.

Звучи неверојатно но така е, откако го претставија заклучија дека не им е толку потребен. Во меѓувреме Алкасер го прекина договорот со Виљареал и сега е слободен агент.


Чурлинов: Дојдов да го вратам Барнли во Премиер лигата

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Чурлинов направи трансфер во Англија. Чурлинов во наредните четири години ќе ги брани боите на Барнли.

Младиот офанзивец за клупската страница изјави дека е возбуден што ќе има можност да учи во тимот, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип.

„Ова е ново поглавје во мојот живот, прилично сум возбуден и многу сум среќен што сум овде. Нема време за губење и навистина се радувам на утрешниот ден и на претстојните недели. Првиот пат кога слушнав за интересот од Барнли, тоа беше многу возбудлива вест за мене. Размислував за тоа и мислам дека можам многу да му донесам на овој тим. Мислам дека е многу важно овој клуб да се врати во Премиер лигата и тука сум да помогнам тоа да се случи. Фудбалот во Англија е поинаков, се игра со различен стил, со нетрпение очекувам да учам овде“, изјави македонскиот репрезентативец.



Селтик се интересира за Атанасов

Македонија би можела да добие уште еден претставник во шкотската Премиер лига, бидејќи шампионот Селтик наводно се интересира за услугите на Јани Атанасов.
Јани постигна спектакуларен гол на дербито против Динамо Загреб, а со тоа уште толку го привлече вниманието на себе.

Наредните неколку денови ќе бидат клучни за тоа дали Атанасов ќе стане играч на Селти