фудбал

Жозе Мурињо успешно опериран во Португалија

Како и што беше најавено претходно на Жозе Мурињо му беше направена операција во неговата татковина, а сега пристигнуваат добри вести за неговата состојба.

Фенербахче на социјалните мрежи објави дека операцијата поминала успешно и Португалецот брзо ќе се врати на работните задачи.

„Оздрави побрзо Жозе. Операцијата на нашиот менаџер на жолчната кеса во неговата Португалија помина успешно. Неговата здравствена состојба е многу добра“, соопштија од Фенербахче.

Поррака до своите фанови исто така испрати и Мурињо преку неговиот Инстаграм профил.


Сити става половина тим на трансфер-листа

Манчестер сити ќе изврши голема ротација, пишува „Дејли рекорд“. Работата за освежување на тимот ќе започне во зимскиот преоден рок и ќе продолжи по завршување на сезоната.

Според британскиот медиум „Граѓаните“ веруваат дека „суштината“ на тимот е изгубена. Раководството на клубот планираат да се разделат со најмалку пет-шест играчи од стартната постава за да ги обноват своите редови и да продолжат да работат во нов правец.

Како што пренесоа странските медиуми, приоритет на Манчестер сити оваа зима ќе биде да најде играч од средниот ред. Главни кандидати за оваа позиција се Мартин Субименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл). Клубот се насочи и кон голманот на Јувентус, Микеле ди Грегорио.

По 17 кола во Премиер лигата, Манчестер Сити е седми во поредокот со 27 бодови.


Симеоне е тренер на декември во Ла Лига

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше прогласен за најдобар тренер за месец декември во шпанската Ла Лига. Ова го соопшти прес-службата на лигата.

Во соопштението на лигата се вели дека токму во декември мадридскиот клуб извојувал победи над Севиља (4:3), Хетафе (1:0) и Барселона (2:1).

По победата над каталонскиот клуб, Атлетико Мадрид се искачи на првото место на табелата во Примера.

Треба да се напомене дека за наградата најдобар тренер на месецот беа номинирани и Диего Мартинез (Лас Палмас) и Ернесто Валверде (Атлетик Билбао).

Да потсетиме, Симеоне го води тимот од 2011 година. Аргентинскиот тренер оваа награда ја добива за прв пат оваа сезона.


Баерн се вклучи во трката по Нико Вилијамс

Се појави нов кандидат за крилниот напаѓач на Атлетик и Шпанија, Нико Вилијамс. 22-годишниот фудбалер падна во сферата на интерес на Баерн Минхен, објави на своите социјални мрежи инсајдерот Флоријан Плетенберг.

Според извор, Баерн сака да ги засили своите напаѓачки крила следното лето во услови на неизвесна ситуација со Серж Гнабри, Лерој Сане и Кингсли Коман. Скаутите од Минхен ја следат играта на Вилијамс. Проценетата сума на трансферот може да биде 50-60 милиони евра.

Вреди да се напомене дека медиумите претходно како главен претендент за потписот на Вилијамс ја именуваа каталонската Барселона. Самиот играч, исто така, наводно сака да се пресели во тимот на Барселона. Но, ова прашање сè уште не стигнало до моментот на официјални понуди.


Переира по само два месеци ќе добие отказ во Спортинг

40-годишниот тренер на Спортинг Жоао Переира може да биде отпуштен од функцијата во блиска иднина. Според „Рекорд“, Переира, кој го презеде тимот на 11 ноември, не можеше да ја подобри играта.

Според изворот, средба помеѓу тренерот и управата е закажана пред натпреварот со Бенфика (29 декември). Познато е дека овој состанок ќе се однесува на правни прашања околу раскинување на договорот.

Во декември, Жоао Переира одигра три натпревари во првенството на Португалија, еден натпревар во Купот на Португалија и уште еден во Лигата на шампионите, при што имаше две победи, два порази и еден нерешен натпревар.

Да потсетиме, Переира го презеде Спортинг откако Рубен Аморим замина во Манчестер Јунајтед. Во моментов клубот е втор во националниот шампионат, со 37 бодови, зад Бенфика која има 38 бода.


Тотенхем му верува на Постекоглу и покрај поразите

Тотенхем донесе одлука за иднината на менаџерот на првиот тим Анге Постекоглу. Според информациите кои ги објавија дел од медиумите во Лондон, тренерот на „Спарс“ се уште не е во опасност од отказ.

Луѓето од раководството на Тотенхем целосно го поддржуваат тренерот и покрај неуспешниот настап на тимот во Премиер лигата.

59-годишниот Постекоглу ги презеде лондончани минатото лето пред почетокот на сезоната 2023/2024. Под негово водство, Тотенхем последната сезона ја заврши на петтото место во англискиот шампионат со 66 бодови. Сезонава екипата е на 11-то место со 23 бода по 17 одиграни натпревари.

Во меѓувреме, лондонскиот тим сепак се пласираше во полуфиналето на Карабао купот, на овој пат ги исфрли Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а во главната фаза на Лига Европа се уште има шанса да се бори за место во топ 8.

Договорот на специјалистот со клубот е до летото 2027 година.


Кике Санчез Флорес фаворит за тренерското место во Валенсија

Екипата на Валенсија денес го отпушти тренерот Рубен Бараха, па така македонскиот голман Столе Димитриевски во наредниот период ќе добие нов тренер.

Неколку часа по отказот на Бараха се шпекулира и кој би можел следен да седне на клупата. Наводно фаворит е легендата на клубот Кике Санчез Флорес.

Првите контакти со него наводно веќе биле направени и во тимот на Димитриевски веруваат дека можат да го убедат да го преземе кормилото.

Како фудбалер Санчез во Валенсија помина десет години во период од 1984 до 1994 година, подоцна настапуваше и за Реал Мадрид.


Ѓорѓи Христов е нов технички директор на ФФМ

Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец, со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ.

Еден од легендарните македонски фудбалери и поранешен напаѓач на битолски Пелистер, Партизан (Србија), Барнсли (Англија), Данфермлајн (Шкотска), Ден Бош (Холандија)…ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската акедемија во рамки на федерацијата.

Ѓорѓи Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и долги години е вклучен во работата на клупскиот фудбал во Македонија.

-Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот. Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите. Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа. Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа, вели Христов.

Според него едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе донесе резутат во иднина.


Неста доби отказ, Бокети е нов тренер на Монца

Салваторе Бокети е новиот тренер на Монца, соопшти италијанскиот клуб. Бокети потпиша договор со Монца до јуни 2027 година. Тој доаѓа во клубот да го замени Алесандро Неста, кој доби отказ поради лошите резултати.

Неста во јуни годинава стана тренер на Монца, која по 17 кола го зазема последното, 20. место на табелата во Серија А со само 10 бодови.

Покрај тоа, Монца го заврши натпреварувањето во Копа Италија во осминафиналето, откако беше поразена од Болоња.

Бокети нема големо тренерско искуство Во текот на тригодишната кариера во Верона работеше само како тренер на младинците и помошник тренер во првиот тим.


Оскар по осум години замина од Кина и потпиша за Сао Паоло

Еден од првите фудбалери што се пресели од Европа во Кина поради извонредната финансиска понуда се враќа во својата татковина.

По осум години поминати во Азија, Оскар ќе се врати во Бразил, поточно во Сао Паоло.

Поранешниот играч на Челзи се пресели во Кина од „Стемфорд Бриџ“ пред осум години, во своите најдобри играчки денови и форма. Многумина тогаш беа шокирани од оваа вест, но Оскар добро го наплати престојот во Кина.

Поранешниот бразилски репрезентативец стана легенда на Шангај, за кого настапуваше осум години. Пристигна во рекорден трансфер од 60 милиони евра и од првиот момент се истакна по квалитет. Со Шангај три пати беше шампион на Кина.

За осум години оствари приход од околу 200 милиони евра.

Оскар наводно би требало да се врати во Сао Паоло, а договорот би бил потпишан на три години.

Фудбалерот од средниот ред кариерата ја започна во Сао Паоло, потоа се пресели во Интернасионал, а играше за Челзи од 2012 до 2017 година. За репрезентацијата на Бразил забележа 48 настапи и постигна 12 гола.