Душан Влаховиќ многу веројатно нема иднина во Јувентус и покрај тренерската смена и доаѓањето на Игор Тудор.
Ниту со балканскиот тренер Србинот не успева да ја врати формата, иако се врати во првиот тим на „старата дама“. Влаховиќ сезонава на 35 натпревари постигна 14 погодоци и забележа три асистенции, ама е на сериозна мета на критики.
Влаховиќ нема да има ништо против трансфер од Јувентуа, а наводно заинтересираност за него има од Премиер лигата. Астон Вила е клубот кој појавил интерес за српскиот напаѓач.
За услугите на Душан Влаховиќ се верува дека италијанскиот клуб би прифатил 40 до 50 милиони евра.
Тен Хаг кандидат за клупата на Рома
Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг синоќа беше на „Олимпико“ на дербито меѓу Рома и Јувентус, а тоа ги подгреа гласините дека негова следна дестинација ќе биде Италија.
Интересно е тоа што и Рома и Јувентус се во потрага по нов тренер за следната сезона, па не може со сигурност да се каже на кој е мета Тен Хаг.
Клаудио Раниери има одлични резултати со Рома, но тој седна на кормилото на Волчицата изваден од пензија и неговата цел е само да ја заврши сезоната, а во меѓувреме клубот да најде решение за наредната.
Слично е и во Јувентус, Игор Тудор потпиша договор со трајност до крајот на сезоната, што значи дека и бјанконерите бараат решение за наредната сезона.
Времето ќе покаже дали Тен Хаг ќе биде тренер на еден од овие два клуба, или вчера на Олимпико бил присутен само како фудбалски фан.
Емери: Имаме тактика за ПСЖ
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека неговата екипа со самодоверба ќе патува во Париз на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја забележа седмата победа по ред. Вила патува кон Париз на можеби најголемиот европски судир во историјата на клубот по поразот од Јувентус во 1982.
„Мотивирани сме, возбудени сме! изјави Унаи Емери, кој е поранешен тренер на Пари Сен Жермен, а сега како ривал се враќа во француската престолнина.
„Јасно е дека тие се фаворити, но ние ќе се обидеме да ги одиграме овие два натпревари подготвувајќи се што е можно подобро. Ќе се надигруваме, но претходно ќе анализираме како треба да се прилагодиме на нив, како можеме да се наметнеме и да доминираме со нашата тактика“, изјави Емери.
Меси пак стрелец, Интер Мајами ремизираше со Торонто
Лионел Меси повторно постигна гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои трите бода во дуелот против Торонто во МЛС лигата.
Натпреварот заврши со резултат 1-1, со два прекрасни гола и уште еден кој му беше поништен на Меси.
Меси постигна гол во 39. минута од работ на шеснаесетникот во негов стил биеше во десниот агол на голманот. Следуваше голема радост, која беше прекината бидејќи судијата по консултација со ВАР оцени дека Аргентинак направил прекршок на стартот од акцијата.
Двата гола беа постигнати во судиското надополнување на првото полувреме. Торонто поведе по соло акцијата на Италијанецот Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување.
Сепак, Меси успеа да израмни во петтата минута од судиското надополнување. Од работ на шеснаесетникот, Меси со полуволеј ја испрати топката во долниот лев агол.
Во преостанатиот дел од натпреварот Интер доминираше, имаше дури 11 удари кон голот на ривалот, но резултатот не се промени.
Буфон го наполни со комплименти Миле Свилар
Легендарниот Џанлуиџи Буфон, еден од најдобрите голмани на сите времиња, со ентузијазам зборуваше за Миле Свилар, голманот на Рома.
Буфон не штедепше комплименти за Свилар откако Рома и Јувентус ремизираа (1-1) во Серија А.
„Зборовите кои се потрошени на него во последните две години се вистинити, тој тоа го потврдува секогаш кога ќе стапне на теренот и импресионира“, изјави славниот голман на Парма, Јувентус и ПСЖ.
Потоа откри што е она што го издвојува од останатите голмани.
„Тој прави работи што не може секој да ги направи“, рече рекордерот на Италија по бројот на настапи за националниот тим (176) за Свилар, кој собра шест одбрани во дерби колото во Серија А.
Моментално, Свилар е изедначен со Јан Сомер со 12 меча без примен гол во лигата.
Фофана пак се повреди, го чека нова операција
Фудбачерот на Челси, Весли Фофана заработи уште една повреда. Стоперот на лондонските „сини“ беше надвор од терените речиси една година поради тешка повреда на коленото, а сега повторно се повреди.
Од Челси потврдија дека поради повредата на Фофана тој ќе мора да оди на операција и да паузира неколку недели. За него оваа сезона заврши, на теренот мина нешто повеќе од илјада минути.
Шкендија го освои Кавадарци, голема победа на Силекс во Охрид
Шкендија ја задржа предноста над Силекс од четири бода и по 26. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двата тима победија како гости, Шкендија во Кавадарци, а Силекс во Охрид. Вардар во најава за Куп дуелот ја победи АП Брера во Струмица, Беса го совлада Гостивар и избега од опасната зона, а Шкупи и Работнички одиграа натпревар без голови.
Елмас стрелец, Торино не успеа да ја победи Верона
Елиф Елмас го постигна третиот гол за Торино откако се пресели во овој тим од Лајпциг. Торино сепак не успеа да ја победи Верона во 31. коло, во Серија А.
Вистински ролеркостер се случи на стадионот во Торино во интервал од 62. до 67.минута.
Че Адамс промаши пенал во 62.минута и пропушти шанса да му донсе предност на торино. Две минути по промашениот пенал, Сар погоди за верона.
Радоста на гостите траеше само три минути кога Елмас го изедначи резултатот.
До крајот Торино остана со играч помалку на теренот. Во 86.минута црвен картон доби капитенот Самуеле Ричи.
Атлетико Мадрид во последната минута победи во Севиља
Атлетико Мадрид излезе од мини кризата со триумфот на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја. Во 30.коло, Атлетико ја победи Севилја со 1-2, со голот на Пабло Бариос во 93.минута.
Севилја поведе по само седум минути игра. Лусиен Агуме налета на една одбиена топка по корнерот на Лукебакио и од работ на шеснаесетникот ја испрати топката во десниот агол.
Во 23. минута Лоик Баде, капитенот на Севилај со несмасен старт над Конор Галагер, му подари пенал на Атлетико.
Хулијан Алварез беше прецизен од белата точка за 1-1. Аргентинецот го постигна 12 гол во Ла Лига, 24 во сите натпреварувања оваа сезона.
Севилја потоа пропушти неколку опасни ситуации, но Јан Облак не дозволи повотрно да биде совладан. Словенецот мечот го заврши со пет интервенции, една повеќе од колегата Ниланд.
Од 60.минута Атлетико целосно ја презеде контролата врз натшреварот. Криераа „хорганџиите“ неколку опасни ситуации, но резултатото остана 1-1, се до третата минута од судиското надополнување кога Пабло Бариос, одлично повлече во полу контра, си создаде чиста ситуација и од 18 метри со прецизен удар погоди за триумф.
Градско реми без голови во Манчестер
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа 0-0 во 31. коло од Премиер лигата. По осум години натпревар на градските ривали заврши без голови.
Сити сега заостанува еден бод зад Челзи, кој е четврти, додека Јунајтед успеа да го престигне Тотенхем на 13. место со 38 бодови.
Јунајтед и Сити практично ништо не им понудија на гледачите во првото полувреме.
Двата тима вкупно во првото полувреме упатија осум удари кон голот. Само два пати имало помалку обиди во градските пресметки откако се води ваква статистика (сезона 2003/04), тоа се случи на натпреварите на 6 јануари 2023 година и на 4 октомври 2015 година.
„Нема квалитет, нема атмосфера, ова е дерби, а нема енергија на трибините… Ова е пријателски дерби“, рече поранешниот капитенна Јунајтед, Рој Кин, кој сега работи како стручен коментатор.
Можеби најголемото возбудување на теренот се случи во 48. минута кога Фил Фоден по еден дуел падна во шеснаесетникот, но судијата Џон Брукс само одмавна со раката на приговорите на гостите.
Слична ситуација видовме само на другата страна, во 81. минута кога Касемиро падна во шеснаесетникот по дуелот со Ковачиќ. Брукс не се огласи и во оваа ситуација. Ова градско дерби беше последно за Кевин Де Брујне. Капитенот на Манчестер Сити ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Интересно, Рубен Аморим сезонава има два победи и едно реми против Пеп Гвардиола. Победи како тренер на Спортинг во Лигата на шампионите и во првото дерби како менаџер на Јунајтед.