фудбал

Директорт на Монца: Нема да потпишеме со Икарди!

Извршниот директор на Монца, Адриано Галијани ја отфрли можноста да го купат Мауро Икарди во финишот од преодниот рок.
Галијани вели дека не им е потребен напаѓач и нема да се засилат со Икарди со кои веќе некое време се поврзуваа. Нов напаѓач на Монца од пред 3 дена е Андреа Петања.


Де Лихт: Сакам да ја вратам мојата форма од Ајакс

Дефанзивецот Матијс де Лихт зборуваше за разликата помеѓу играњето за Баерн и Јувентус.

„Во Баерн има физички судири и интензитет поради притисокот и напнатоста. Сакам да ја вратам мојата игра што ја покажав кога се натпреварував за Ајакс“, изјави Де Лихт.

Минатата сезона, 22-годишниот дефанзивец постигна 3 гола и даде 1 асистенција на 42 настапи за Јувентус во сите натпреварувања.

Холанѓанецот ова лето стана играч на Баерн.


Атлетико Мадрид бара 35 милиони евра за трансфер на Мората во Јунајтед

Алваро Мората би можел да го чини Манчестер Јунајтед 35 милиони евра, објави Атлетик.

Напаѓачот ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, но летово се врати во Ванда Метрополитано. Првично се веруваше дека „јорганџиите“ ќе се обидат што побрзо да се ослободат од него, но добрите игри на играчот во контролите ги сменија плановите на Диего Симеоне.

Неговиот договор со „црвено-белите“ е до 30 јуни 2023 година.

Од своја страна, раководството на „црвените ѓаволи“ итно бара напаѓач кој ќе обезбеди дополнителна опција за Ерик тен Хаг заедно со Кристијано Роналдо, кој очигледно ќе остане на „Олд Трафорд“.


Томори потпиша нов договор со Милан

Централниот дефанзивец на Милан, Фикајо Томори го продолжи договорот со клубот. Англичанецот повторно потпиша до 2027 година, откако имаше многу силна сезона и одигра голема улога во освојувањето на титулата на „росонерите“.

Томори дојде на Сан Сиро на позајмица од Челси на почетокот на 2021 година и брзо се наметна во тимот. Стефано Пиоли смета дека дефанзивецот е еден од неговите најважни играчи и секако е задоволен што долгорочно се врзал за клубот.

Досега Томори добиваше 1,8 милиони евра годишно во Милан, но сега платата сигурно значително ќе му се зголеми.

Се очекува Милан во наредните денови да ги обнови договорите со Сандро Тонали и Пјер Калулу.

Во тек се преговори и со Рафаел Леао.


Анчелоти изненаден што Крос не е меѓу кандидатите за „Златна топка“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објави дека е изненаден од отсуството на Тони Крос од листата на номинирани за „Златната топка“.

„Ме изненадува затоа што Крос имаше фантастична сезона. Но, очигледно е проблем ако ги номинираме сите играчи на Реал Мадрид, јас го разбирам тоа“, се пошегува италијанскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот со Алмерија во Примера.

„Валверде, Милитао, Алаба… сите заслужуваат да бидат таму. Сите имаа фантастична сезона. Не зборувам за освојување на „Златната топка“, но сите заслужуваат да бидат на списокот“, додаде тој.

Бразилецот Виничиус е дел од 30-те кандидати за трофејот кој ќе биде претставен на 17 октомври.

„Тој го постигна победничкиот гол за нашата 14-та Лига на шампиони, имаше неверојатна сезона… Не му е гајле дали ќе заврши

четврти или деветти. За моите играчи важна е само победата. Тој ќе биде подобар во иднина. За жал на Вини, оваа сезона победникот е веќе кај нас“, додаде Италијанецот мислејќи на Карим Бензема.


Ајнтрахт го претстави Пелегрини, доаѓа од Јуве на позајмица

Ајнтрахт Франкфурт потврди дека дефанзивецот на Јувентус, Лука Пелегрини, ќе игра како позајмен во наредната сезона во Бундес-лигата.

23-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Рома досега играше и за Калјари и Џенова. Тој во претходната сезона имаше 18 мечеви за „старата дама“.

Пелегрини треба да ја покрие десната бековска позиција во Ајнтрахт Франкфурт.


Меси и Нејмар не се номинирани за „Златната топка“

„Франс Фудбал“ објави листа од 30 кандидати за „Златната топка“, на која за прв пат од 2005 година го нема Лео Меси.

На списокот остана Кристијано Роналдо.

Главен фаворит е Карим Бензема, предводникот на Реал во походот кон Лигата на шампионите и шампионатот на Шпанија.

На списокот на фудбалери од поранешна Југославија се Лука Модриќ (Хрватска) и Душан Влаховиќ (Србија).

Победникот ќе биде објавен на 17 октомври на церемонија во Париз.

Кандидати за „Златната топка“:

Тибо Куртоа (Реал Мадрид)

Мохамед Салах (Ливерпул)

Рафаел Леао (Милан)

Кристофер Нкунку (РБ Лајпциг)

Џошуа Кимих (Баерн)

Трент Александар Арнолд (Ливерпул)

Виничиус Жуниор (Реал Мадрид)

Бернардо Силва (Манчестер Сити)

Луис Дијаз (Порто/Ливерпул)

Роберт Левандовски (Берн/Барселона)

Ријад Марез (Манчестер Сити)

Касемиро (Реал Мадрид)

Хјеонг Мин Сон (Тотенхем)

Фабињо (Ливерпул)

Карим Бензема (Реал Мадрид)

Мајк Менјан (Милан)

Хари Кејн (Тотенхем)

Дарвин Нуњез (Бенфика/Ливерпул)

Фил Фоден (Манчестер Сити)

Садио Мане (Ливерпул/Баерн)

Себастијан Але (Ајакс/Борусија Дортмунд)

Лука Модриќ (Реал Мадрид)

Антонио Ридигер (Челзи/Реал Мадрид)

Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед)

Кевин де Бруин (Манчестер Сити)

Душан Влаховиќ (Фиорентина/Јувентус)

Вирџил ван Дајк (Ливерпул)

Жоао Кансело (Манчестер Сити)

Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд/Манчестер Сити)

Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен).


Чурлинов пред потпис со Барнли на Винсент Компани

Новинарот Флоријан Плетенбург кој работи за германскиот „Спорт1“ објави дека постигнат е договор за трансфер на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во редовите на Барнли.

Денес во текот на денот беше објавено дека англискиот второлигаш понудил 3.25 милиони евра веднаш и плус 1.25 преку бонуси, но сега е објавено дека е постигнат договор за вкупни пет милиони евра.

Според Плетенбург сите страни се договориле и соработката е прифатена од Барнли, Штутгарт и Чурлинов.

Клучен фактор во трансферот на Чурлинов бил поранешниот капитен Винсент Компани кој сега е стратег на Барнли, тој бил импресиониран од настапите на Македонецот и го смета за големо засилување во целта за враќање во Премиер лигата.


Ерик Баили на излезна врата од Манчестер Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед во никој случај не смеат да бидат задоволни со тоа што го сработи нивниот тим на трансфер пазарот, посебно кога во прашање се новите аквизиции на клубот.

Тен Хаг се ослободи од многу фудбалери кои доста време беа под договор, а или не беа прва опција или воопшто не го прикажуваа тоа поради кое беа донесени.

Сега, се очекува уште еден играч да го напушти „Олд Трафорд“ на перманентна основа. Станува збор за стоперот, Ерик Баили за кого интерес има од многу тимови, но само два пројавиле интерес да го ангажираат перманентно.

Станува збор за Олимпик Марсеј и Монако кои се подготвени да издвојат пари и да го ангажираат Баи. За разлика од овие два тима, интерес за стоперот има и од Вест Хем, Фулам, Севилја, Милан и Рома, но сите тие сакале да го ангажираат на позајмица, нешто што не им одговарало на „ѓаволите“.


Перез демантираше можност Реал да го врати Роналдо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, брутално ја затвори можноста за повторно враќање на Кристијано Роналдо во Мадрид. Португалската суперѕвезда е дел од Манчестер Јунајтед, но и понатаму се мачи да најде ангажан во некој друг европски гигант.

Роналдо сакаше да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, што доведе до шпекулации дека тој повторно ќе го облече белиот дрес на Реал. Сепак, и покрај тоа што Роналдо помина неверојатни девет години во шпанската престолнина, Перез се насмеа на прашањето за негово враќање и кусо одговори: „Кристијано? Па, тој има 38 години!“