фудбал

Жоргињо преговара со нов договор со Арсенал

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата.


Наполи ја одреди цената за Кварацхелија

Уште од шампионската сезона на Наполи се шпекулира за иднината на Квича Кварацхелија, но тој се уште е во Неапол.

Не игра Грузиецот како во тој период, меѓутоа и понатаму е следен од европските гиганти. Сега шпанските и италијанските медиуми пишуваат за интерес од Барселона, но ако се знае ситуацијата во која е каталонскиот гигант и последниот потег на претседателот Де Лаурентис, Барселона тешко ќе дојде до неговиот потпис.

Наводно, Де Лаурентис не сака да слушне за продажба на Кварацхелија под 130 милиони евра. Освен тоа тој има и намера да го продолжи договорот со него со зголемена плата на од околу пет милиони евра.

Грузиецот е вториот фудбалер по Виктор Осимен од кого Наполи сака да ја наполни касата и добро да заработи. Сепак, останува да го почекаме летото и да видиме што ќе се случува.


Парма доминантно се врати во Серија А

Фудбалерите на Парма следната сезона повторно ќе играат во елитната италијанска лига по ремито 1-1 кај Бари и поразот од Венеција кај Катанцаро (2-3).

Парма, која последен пат играше во првата Серија А во 2021 година, има 74 бода или три повеќе од Комо, клубот во сопственост на поранешните фудбалски асови Французинот Тиери Анри и Шпанецот Сеск Фабрегас. Најдобрите два клуба од Серија Б одат директно во елитното друштво.

Венеција е трета со 67 бодови, а до осмото место коешто води во дополнителни битки за пласман во првата лига следат Кремонезе (63), Катанзаро (60), Палермо (52), Сампдорија (49) и Бреша (48).

До крајот на првенството има уште две кола.


Јовиќ сака да остани во Милан

Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ, може да го напушти клубот како слободен играч, велат последните информации од фудбалска Италија.

Иако неговиот агент за трансфери се обидува да издејствува продолжување на договорот, 26-годишниот Србин, веројатно ќе мора да бара нов клуб.

Фудбалерот од средниот ред во тековмнава сезонава одигра 28 натпревари на кои постигна девет голови.


Експресно продаени билетите за хрватското дерби за титула

Само два часа откако почна продажбата на билетите за натпреварот меѓу Риека и Динамо на стадионот „Рујевица“ кој ќе се одигра на 5 мај, веќе се распродадени сите билети за дербито кое може да го реши хрватскиот шампион.

Откако Динамо остана прв на табелата во лигата поради првиот пораз од Риека по два месеци, домашните фанови на Риека побрзаа да дојдат до билет за решавачкиот меч од 33. коло на ХНЛ.

Риека го распродаде секој натпревар оваа полусезона на „Рујевица“, па избраниците на Жељко Шопиќ повторно ќе имаат поддршка од 8.000 свои навивачи на стадионот.

Динамо сезонава двапати победи на Максимир, а на единствената досегашна средба во Рујевица беше 2-2. Двата тима ќе се сретнат и во финалето на Купот на Хрватска.


Сари фаворит за тренерското место во Њукасл

Англиски Њукасл упатил понуда до италијанскиот тренер Маурицио Сари, пишуваат медиумите на Островот. 65-годишниот стручњак неодамна го напушти италијанскиот Лацио, а неговото име веќе се поврзува со голем број европски тимови.

Меѓу потенцијалните нови дестинации за Сари се клубовите како Фиорентина, Торино, Милан, Наполи и Вест Хем. Се очекува искусниот тренер да донесе одлука за својата иднина по завршувањето на актуелната сезона.

Саудиските сопственици на Њукасл испратија понуда до Маурицио Сари во обид да го убедат да го замени Еди Хау на лето.

Според „TMВ“, Сари е искушуван од понудата и проектот што му ги нуди англискиот клуб. Екипата на Њукасл го зазема седмото место во привремениот поредок во Премиер лигата со 53 бода по 34 одиграни натпревари.


Олимписките игри не се услов за трансферот на Мбапе во Реал

Во Франција продолжуваат полемиките дали фудбалската ѕвезда на оваа земја, Килијан Мбапе ќе учествува на Олимписките игри во тимот на „триколорите“ предводен од селекторот Тиери Анри.

Евентуалниот иден клуб на Мбапе, Реал Мадрид веќе најави дека нема да ги пушти своите играчи за Олимпијадата, ниту пак е обврзан.

„Дали Килијан ќе биде таму или не, не е важно. Она што е важно е дека Олимпијадата е во Франција и дека целиот свет ќе ги гледа, а не дали ќе играат Мпабе и Вембањама. Не знам што ќе се случи, има кој да одлучи за тоа. Но, што и да се случи, Килијан е среќен бидејќи Игрите ќе бидат во Франција“, изјави таткото на фудбалерот Вилфрид за „Радио Франс“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт на земјата Амели Оудеа-Кастера веќе го повикаа Мбапе да игра за францускиот национален тим.


Роналдо ја игра најпродуктивната сезона во последната децeнија

Напаѓачот на Саудиска Арабија на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ја бележи својата најефикасна сезона во последните осум години.

Португалецот сега има 45 гола по натпреварот од 30. коло на фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија. Тој во саботата постигна хет-трик против Ал-Вахда (6-0).

Триесет и деветгодишниот Роналдо Имаше повеќе голови во сезоната 2015/16. Тогаш Португалецот, кој настапуваше за Реал Мадрид, постигна 51 гол.

Кристијано потпиша договор со Ал-Наср во јануари 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на играчот на 15 милиони евра.

По победата над Ал-Вахда, избраниците на Роналдо се на второто место во поредокот во првенството на Саудиска Арабија. До крајот на шампионатот Ал-Наср треба да одигра уште четири натпревари.


Брозовиќ експресно се враќа во Европа, Барса се распрашува за него

Марсело Брозовиќ ова лето го напушти Интер и реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср.

31-годишниот играч за врска сака да се врати во Европа бидејќи не е задоволен од животот во Саудиска Арабија.

Интерес за него покажува Барселона, бидејќи Чави е во потрага по  играч за врска со негови карактеристики и верува дека Хрватот се уште може  да игра на врвно ниво.

Каталонците го сакаат Брозовиќ на позајмица,  а самиот фудбалер е спремен да прифати помала плата за да се врати во Европа.


Салах ќе остане уште една сезона во Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах донесе одлука за својата иднина во тимот.

Според новинарот Дејвид Орнштајн на социјалните мрежи, Египјанецот нема намера да го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок. Ливерпул очекува Салах да остане во тимот барем уште една сезона. Да потсетиме, актуелниот договор на напаѓачот со Ливерпул истекува во летото 2025 година.

Да потсетиме, Мохамед Салах во Ливерпул се пресели од италијанската екипа  Рома во 2017 година. Сезонава Мохамед Салах одигра 41 натпревар за англискиот тим на сите турнири, на кои постигна 24 гола и 13 асистенции. Пазарната вредност на 31-годишниот играч, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 65 милиони евра