фудбал

Дуљај доби отказ по домашниот пораз на Партизан од ТСЦ

Алберт Наѓ, кој досега беше помошник тренер во стручниот штаб на Игор Дуљај, ќе биде нов тренер на Партизан најмалку до крајот на сезоната, објавија синоќа од белградскиот клуб.

Управниот одбор на Партизан синоќа донесе едногласна одлука за отпуштање на Игор Дуљај од тренерското место на тимот и назначување на неговиот помошник како нов тренер, барем во следнте пет натпревар.

Наѓ е привремено решение, а по завршувањето на сезоната Партизан ќе бара некој кој е подготвен да се нафати со тренерската работа во составот на „црно-белите“.


Премиер лигата воведува ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти.


Џо Кол: Почетино ја има најтешката работа во светот

Маурицио Почетино ја привршува својата прва сезона на кормилото на Челзи, клуб во кој беше доведен да донесе големи резултати, победнички менталитет, меѓутоа ситуацијата е сосема спротивна, екипата е далеку од самиот врв во Премиер лигата, а не е освоен ниту еден трофеј.

Има доста критики, прашалници кога е во прашање аргентинскиот стратег, но има и такви кои сметаат дека тој заслужува максимална доверба, поддршка да остане и го води тимот и во наредната кампања.

„Дали е беспрекорен? Челзи не е таму каде што сака да биде. Тоа е факт, знаете, не е таму каде што треба да биде. Со парите што тие ги потрошија и играчите што влегуваа и излегуваа на врата, мислам дека Маурисио прави фантастична работа. Мислам дека тој ја има најтешката работа во светскиот фудбал, затоа што мислам дека е јасно дека нема целосна контрола кога се во прашања засилувањата и играчите кои си заминуваат. Тоа е сигурно.

Очекувањата се огромни и со право, затоа што се навикнаа на тоа во последните 20 години, Челзи беше добар како и секој клуб во Европа, веројатно исклучувајќи го Реал Мадрид, во смисла на освојување трофеи кои се натпреваруваат во оваа лига. Затоа, тие треба само да се држат со него и да одат напред. Менувањето на менаџерите, ви ветувам, не е вистинскиот пат“, порача Џо Кол за „ТНТ Спортс“.


Два премиерлигаши преговараат со Рабио

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Тен Хаг е голем симпатизер на квалитетите на Рабио и сака да го засили средниот ред за следната сезона. Интерес за Французинот покажуваат уште Арсенал и Њукасл, но Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Рабио сака кариерата да ја продолжи во Премиер


Баерн ќе го менува Нојер со Мењан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

За него силен интерес покажуваат Баерн Минхен и ПСЖ, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови. Баерн Минхен во него гледа идеална замена за Ноер, кој е на залез на кариера и спрема богата понуда за Мењан на лето.

Меѓутоа, Милан ќе направи се за да го задржи 27-годишниот голман и веќе му спреми нов договор.

Баварците наводно се спремни да понудат 80 милиони евра, сума која Милан тешко ќе може да ја одбие.


Јунајтед се вклучува во трката по Роналд Араухо

Првата трансфер цел ова лето на Манчестер Јунајтед е Роналд Араухо, фудбалерот на Барселона.

Се известува од Островот дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати дури 80 милиони евра отштета се со цел да го има во своите редови Уругваецот кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот.

Познато е дека Араухо веќе води преговори со Барса за продолжување на договорот, но ако Манчестер Јунајтед му понуди подобри лични услови секако дека ќе се пресели во Премиерлигата.


Кејн го мерка рекордот на Левандовски

Хари Кејн се насочи кон рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона, откако вчера постигна два гола во победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн има 42 гола оваа сезона во сите натпреварувања, а исто така ја мина границата од 400 гола во профедионалниот настап за неговите клубови и за репрезентацијата на Англија.

30-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 35 гола на 31 натпревар во Бундеслигата, шест помалку од рекордот на Левандовски, 41 во 2020-2021 година.

Запрашан за можноста за рушење на рекордот на преостанати три натпревари во од сезоната во дресот на Баерн, Кејн рече: „Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку гола следната недела. Тоа зависи од последните неколку натпревари. Се разбира, беше убаво да го дополнам мојот број на голови и да му помогнам на Баерн да победи“ рече Кејн.


Лукаку од следната сезона се сели во Саудиска Арабија

Иако игра одлично во дресот на Рома оваа сезона, римскиот клуб нема намера да плати висока отштета за Ромелу Лукаку и тој на крајот од сезоната ќе си бара нов предизвик во кариерата.

Долго време се шпекулира дека ќе продолжи во Јувентус, но италијанскиот новинар Фабио Сантини тврди дека тој, всушност, ќе ја напушти Европа.

„Веќе ги известив навивачите на Рома дека заминувањето на Лукаку е сигурно. Што се однесува до Јувентус, тешко дека ќе функционира тоа бидејќи Лукаку веќе прифати понуда од Саудиска Арабија“, тврди Сантини.


Анчелоти потврди дека Арда Ѓулер останува и следната сезона во Мадрид

Реал Мадрид славеше со 0-1 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓулер.

Арда минатото лето беше доведен во Реал како голем талент, но поради големата конкуренција не добива голема минутажа во „кралскиот“ клуб.

Поради тоа медиумите шпекулираат дека на лето ќе биде испратен на позајмица бидејќи неколку клубови се зантересирани за него.

„Арда ќе остане во Реал и следната сезона. Тој е важен играч за иднината на нашиот тим. Нема никакви дилеми дека ќе остане. Момчето има квалитет, талент и работи напорно за да успее“, изјави Анчелоти.


Гасе добива отказ на „Велодром“

Францускиот тим Oлимпик Марсеј официјално ќе се раздели со тренерот Жан Луј Гасе, кој сигурно заминува по истекот на актуелната сезона.

Информацијата ја пренесе угледниот „Л’Екип“, кој пишува дека управата не е задоволна од резултатите на тимот и решила да донесе ново тренерско име во текот на летниот преоден рок.

Гасе пристигна во Марсеј на местото на Џенаро Гатузо и успеа да забележи учинок од шест победи, двa реми исхода и пет порази, недоволно за да си осигура статус на долгорочно решение за клупата.