фудбал

Жоао Феликс убеден дека Бернардо Силва ќе дојде во Барселона

Жоао Феликс минатата недела откри дека најмногу би сакал Бернардо Силва да се пресели во Барселона, а овој пат даде и дополнување на таа призказна тврдејќи дека веројатно го убедил својот сонародник дека Барселона е вистински клуб за него.

Силва во интервју за каталонските медиуми не криеше дека Силва прифатил да дојде во Барселона, меѓутоа сега треба да има потег и од клубот.

„Мислам дека целосно го убедив Бернардо Силва да дојде во Барселона. Но сега не зависи само од него. Ме праша за локациите за куќата, каде се најдобрите ресторани, за безбедноста во градот… Ако дојде ќе бидам навистина среќен, но и ќе побарам провизија од Барселона“, низ смеа искоментира Португалецот.

Да потсетиме, Бернардо Силва има клаузула според која може да го напушти Манчестер Сити во летото 2024 година за 50 милиони евра. Неговата најголема желба е Барселона, дали Каталонците ќе го искористат овој зицер останува да видиме во текот на летото.


Де Роси добива перманентен договор во Рома

Раководството на Рома на почетокот на 2024 година се реши на шок-терапија со смена на Жозе Мурињо, кој на клупата на првиот тим беше заменет од легендарниот фудбалер на римскиот клуб Даниеле де Роси.

За само 15 натпревари Де Роси успеа целосно да го промени расположението во италијанската престолнина, па сонот за пласман во Лигата на шампионите повторно стана реалност, додека во Лигата на Европа успеа да ги елиминира Феенорд и Брајтон и да се најде во четвртфиналето кадеш то ќе се сретне со Милан.

Де Роси првично пристигна како решение до крајот на сезоната, но италијанскиот „Ска“ј пренесува дека клупското раководство на чело со Ден Фредкин веќе подготвило нов долгорочен договор со клупската легенда. Очигледно прашање на време е кога 40-годишниот Роман ќе потпише нов договор, кој без сомнение би ги израдувал сите навивачи на Рома.

Рома на 15 натпревари со Де Роси има 10 победи, три нерешени и само два порази, против Брајтон кога веќе се беше готово во првиот меч и против шампионот на Италија, Интер.


Симоне Инзаги: Уште осум бода и можеме да почнеме да славиме

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше задоволен по победата од 2-1 над Удинезе синоќа, со што „нероаѕурите“ направија уште еден важен чекор кон титулата во Серија А.

“Морам да му честитам на Удинезе кој одигра одличен натпревар. Победивме важен натпревар на нашиот пат до Скудетото. Момците се неверојатни. Победивме 26 натпревари од 31 натпревар, тоа е одлична серија. Мораме да продолжиме. Има хармонија во тимот и сите си помагаат. Имаме осум бода до крајот. Мораме да се појавиме против Каљари во недела со чисти глави. Мора да одиме во иста насока. Да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“, рече Инзаги по мечот во понеделникот.


Серхи Роберто доби понуда за нов договор во Барселона

Шефовите на шпанскиот шампион Барселона стапиле во контакт со агентот на Серхи Роберто за да започнат разговори за обновување на договорот со својот капитен.

Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до лето, но Каталонците одлучија да го задржат во своите редови. До неодамна, 32-годишниот играч, кој оваа сезона ја носи и капитенската лента, се сметаше дека е поверојатно да го напушти „Камп Ноу“.

Сепак, тој има одлична сезона и тоа го убеди спортскиот и техничкиот штаб дека е подобро да го задржат во клубот.


По поразите од Динамо и Ријека, Карлоган разрешен од тренерското место во Сплит

Хрватскиот прволигаш Хајдук ја раскина денеска соработката со
тренерот Мислав Карлоган, а според написите во хрватскиот печат
пред заминување од сплитскиот клуб е и македонскиот фудбалски
репрезентативец Александар Трајковски (31).
Разрешувањето на Карлоган доаѓа по елиминацијата на Хајдук во
полуфиналето на хрватскиот Куп, како и серијата од три порази во
првенството кои драстично ги намалија шансите на клубот од Сплит
за освојување на шампионската титула.
На девет кола до крајот на хрватското првенство, Хајдук е
третопласиран на табелата со 55 бодови, десет помалку од лидерот
Риека.
Дел од хрватските медиуми објавија дека на Хајдук му претстои и
целосна реконструкција на играчкиот кадар, а според истите извори,
сплитскиот клуб на крајот од сезоната ќе ја раскине соработката со
македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.
Македонецот одигра само 10 натпревари и постигна еден гол откако
му се приклучи на Хајдук во септември лани, кога потпиша договор
до лето 2025 година.


Артета преговара за нов договор со Артета

Раководството на Арсенал е задоволно од работата на главниот тренер
Микел Артета.
Според новинарот Фабрицио Романо, клубот има намера на
шпанскиот стручњак да му понуди нов долгорочен договор. И Артета
сака да остане во тимот и е подготвен даја продолжи соработката.
Под водство на Артета, Арсенал е водечки во табелата во Премиер
лигата. Во Лигата на шампионите, тимот во четвртфиналето ќе игра
со Баерн Минхен.
Артета е на чело на Арсенал од декември 2019 година. Сегашниот
договор му е со важност до јуни 2025 година.


Заниоло бира меѓу Јуве и Наполи

Астон Вила нема намера да го откупи Николо Заниоло и тој на крајот од сезоната ќе се врати во Галатасарај.

Италијанецот не сака да остане во Турција и сака да се врати во Серија А, а два гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Наполи и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата и сакаат на лето да го доведат во своите редови.

Цената на Заниоло во моментов изнесува 20 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат.


Филипе Андерсон бесплатно се сели од Лацио во Јуве

Јувентус постигнал договор со ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, договорот на Филипе Андресон со Лацио истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување. Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе во Торино без обештетување, па веќе постигнал договор со неговиот агент.

Алегри многу ги цени квалитетите на Бразилецот и сака да го има во својот тим, па Филипе Андерсон ќе биде првото засилување за следната сезона.


Сити го договори трансферот на Пакета од Вест Хем

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе минатото лето, но Сити не беше спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Вест Хем. „Граѓаните“ не се откажуваат и повторно ќе се обидат да го донесат Пакета во летниот преоден рок, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити веќе ги договорил личните услови со Бразилецот, кој инсистира да се пресели на „Етихад“,бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.


Салах сруши уште еден рекорд, го надмина Алан Ширер

Мохамед Салах е денешниот херој за Ливерпул. Тој постигна гол од
пенал и му донесе бод на својот тим против Манчестер Јунајтед во
ремито 2-2 на „Олд Трафорд“. Сепак, голот на Салах му донесе и
нови рекорди.
Египќанецот е играчот со најмногу голови против „црвените ѓаволи“
во историјата на Премиер лигата. Салах има 11 гола и со тоа го
престигна Алан Ширер кој има 10.
Тоа беше шести гол за Салах на „Олд Трафорд“, исто така рекорд.