фудбал

Де Кетелер и официјално во Милан

Досегашниот фудбалер на Клуб Бриж, Шарл Де Кетелер е нов играч на Милан. Тој со клубот потпиша договор на пет години.

Преговорите помеѓу белгискиот и италијанскиот тим се водеа со недели и во еден момент се чинеше дека истите ќе пропаднат, меѓутоа на крај е постигнат договор според кој Де Кетелер за 32 милиони евра стана играч на Милан.

Според информациите на италијанските медиуми, белгискиот фудбалер во дресот на росонерите ќе заработува 2,2 милиони евра по сезона, а во тимот ќе го носи дресот со број 90.

Де Кетелер е најскапиот трансфер во Милан откако на директорските места се Паоло Малдини и Фредерик Масара.


Алексис Санчез раскина со Интер и потпиша со Олимпик Марсеј

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез наводно го раскинал договорот со Интер и би можел да се пресели во Олимпик од Марсеј, објавија италијанските медиуми.

Санчез имаше договор со Интер до јуни 2023 година, но не е во плановите на тренерот Симоне Инзаги, па не може да остане најплатен играч во тимот на Милан.

Санчез заработуваше околу седум милиони евра по сезона, откако во септември 2020 година се пресели од Манчестер Јунајтед во Интер, за кој претходно настапуваше како позајмен, во сезоната 2019/2020.

Се шпекулираше дека неговиот агент одбил понуда од четири милиони евра за предвремен раскин на договорот, а весникот Л’Екип објави дека станува збор за цифра од 4,5 милиони.


Барса пронајде начин како да ги регистрира новајлиите

Барселона го претстави Кунде, а на оваа презентација првиот човек на Каталонците соопшти одлични вести.

Имено, Барселона продала 25% од Барса Студиос за 100 милиони евра и со тие пари ќе можат да се регистрираат новите соиграчи. Барселона доведе неколку фудбалери во овој преоден рок, но постоеше знак прашалник дали ќе пронајдат начин да ги регистрираат.

Лапорта потврди дека се е решено.

„Си ја завршивме домашната задача, повеќе немаме проблеми да ги регистрираме новите засилувања“, кратко порача Лапорта..


Реал го продаде Борха Мајорал

Реал Мадрид и официјално го продаде Борха Мајорал.

25-годишниот напаѓач кој потекнува од академијата на „кралевите“ никогаш не успеа да стане напаѓач каков што очекуваа во Мадрид. Новата дестинација на Мајорал не е изненадување затоа што продолжува во тимот на Гетаге каде што играше како позајмен фудбалер.

Не е објавено колкава оштета за него платил Гетафе, но се шпекулира дека станува збор за сума од 10 милиони евра.


Ал Ахли го позајми Алиоски во Фенербахче

Езџан Алиоски е нов фудбалер на Фенербахче. Турскиот фудбалски гигант ја потврди информацијата, по успешно завршените преговори со нашиот репрезентативец.

Алиоски кој минатата сезона ја помина во С. Арабија во дресот на Ал Ахли, долго време беше во преговори со Трабзонспор, па и со Бешикташ и Галатасарај, за сепак во наредниот период ќе го носи дресот на Фенербахче.

Договорот ќе биде во вид на позајмица од Ал Ахли.


Симеоне од Верона ќе биде замената за Але во Борусија Дортмунд?

VERONA, ITALY – OCTOBER 30: Giovanni Simeone of Hellas Verona FC celebrates after scoring his team’s second goal during the Serie A match between Hellas Verona and Juventus at Stadio Marcantonio Bentegodi on October 30, 2021 in Verona, Italy. (Photo by Emmanuele Ciancaglini/CPS Images/Getty Images)

Сериозните здравствени проблеми на Себастиен Але ги принудија челниците на Борусија Дортмунд да бараат нов голгетер.

Фудбалерот кој беше купен од Ајакс за 31 милион евра има тумор на тестисите и ќе мора да оди на хемотерапија. Прашање е дали воопшто и ќе се врати на фудбалските терени.

Затоа „милионерите“ планираат да испратат понуда до Џовани Симеоне. 27-годишниот играч на Верона во изминатата сезона имаше 17 голови и пет асистенции во Серија А.


За Роналдо има само два кандидати за првак на Италија

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Роналдо во интервју за „Газета дело Спортз“ зборуваше за новата сезона во италијанската Серија А.

За Роналдо екипата на Милан сезонава не е помеѓу главните кандидати за Скудетото, тој очекува со Лукаку Интер повторно да биде главниот фаворит. Покрај „нероаѕурите“ очекува во врвот да биде и Јувентус.

„Според мене Интер и Јувентус ќе водат жестока битка за титулата. Милан не го гледам како фаворит за Скудетото, иако секако никако не може да го отпишете актуелниот шампион.

За Интер добра вест е враќањето на Лукаку, веќе видовме дека може да направи голема разлика во Серија А. Знаеме каков тандем можат да бидат со Лаутаро. Од друга страна Јувентус не смее да си дозволи уште една лоша сезона“, изјави Лукаку.


Њукасл се вклучи во трката за Вернер

Њукасл Јунајтед влезе во прелиминарни преговори за позајмица на напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер со опција за откуп на крајот на сезоната, пишува Мирор.

Претходно беше објавено дека напаѓачот е подготвен да се врати во РБ Лајпциг, каде на последните 45 натпревари одиграни на теренот постигна 34 гола. Сепак, ниту Њукасл ниту РБ Лајпциг не се подготвени да го задоволат барањето на германскиот напаѓач и да му плаќаат 270.000 фунти неделно. Потоа се покажа дека Вернер сè уште е подготвен да се согласи за намалување на платата за да се пресели во германското првенство.

Во 37 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона Тимо Вернер постигна 11 гола и даде шест асистенции. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува во 2025 година. Пазарната вредност на напаѓачот се проценува на 35 милиони евра.


Ибрахимовиќ: Ќе умре фудбалот ако се откажам

Златан Ибрахимовиќ моментално е на одмор на Сардинија, но тоа не го спречи уште еднаш да ја покаже својата самодоверба.

На прашањето на еден фан на социјалните мрежи кога планира да ја заврши кариерата, шведскиот напаѓач напиша: „Никогаш! Ако се откажам, фудбалот ќе умре“.

Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов договор со Милан до летото 2023 година, иако претрпе тешка операција на коленото и се уште не е јасно кога може да се врати на терените.


Челзи му го „краде“ Де Јонг на Манчестер Јунајтед?

Шпанскиот весник Спорт пренесува дека фудбалерот на Барселона Френки де Јонг би можел својата кариера да ја продолжи во Челзи.

„Спорт“пренесува дека Челзи пронајде начин како да го доведе Де Јонг во Барса, откако еден од сопствениците на клубот од Лондон Тод Боели и претседателот на Барселона Жоан Лапорта наводно се договориле Де јонг да се пресели во Челзи во замена за пари плус фудбалерите Маркос Алонсо и Цезар Азпиликуета.

Да се потсетиме дека Барселона претходно се договори со Јунајтед во врска со трансфер на Де Јонг, меѓутоа холандскиот фудбалер одби да прејде во екипата од Олд Трафорд.