фудбал

Трансферот на Кукуреља во Сити пред пропаѓање

Првите луѓе на фудбалскиот состав Брајтон одлучија да ги прекинат преговорите со Манчестер Сити за фудбалерот Марк Кукуреја додека не ги добијат бараните 50-те милиони фунти.

Бидејќи „Граѓаните“ остануваат на понудените 30-ет, веројатно трансферот нема да се реализира, објавија денеска медиумите во Англија.  

Кукуреја кој потекнува од школата на Барселона, пред да дојде на Островот за 15 милиони евра играше во екипата на Гетафе.


Артета најави уште засилувања за новиот Арсенал

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, посакува уште две засилувања за да може да направи баланс на теренот.

„Топчиите“ во текот на летово ги купија Жезус и Зиченко од Манчстер Сити, потоа Фабио Виеира, голманот Тарнер и Маркоњос за околу 140 милини евра.

„Сакам совршен баланс на екипата. Ќе видиме што ќе понуди трансфер-пазарот до крајот на летото“, рече Артета.


Кевин Трап прва желба за голманското место во Наполи

Наполи доколку не успее да го ангажира Кепа Аризабалага од Челзи, ќе се насочи кон голманот на Ајнтрахт, Кевин Трап.

32-годишниот  фудбалер во претходната сезона 2021/22, прими 61 гол на 45 натпревари во сите конкуренции.

Германецот, кој е поранешен член на Пари Сен Жермен, се проценува на 7 милиони евра.


Фирмино останува во Ливерпул и покрај понудата на Јуве

Роберто Фирмино одговори на шпекулациите дека би можел да го напушти Ливерпул. Интерес за него има од Јувентус, а Бразилецот има договор со „црвените“ на уште една година.

Јирген Клоп нема желба да се раздели со него, но според англиските медиуми тој ќе биде пуштен ако сака да си замине.

Фирмино вчера стартуваше на мечот за „Комјунити шилд“ кој Ливерпул го доби со 3-1 против Манчестер Сити. По натпреварот тој беше прашан од бразилски новинар за неговата иднина.

„Го сакам овој клуб, градот и навивачите. Сакам да останам, секако“, одговори Фирмино.


Голманот Лено го напушта Арсенал

Новинарот Фабрицио Романо јавува дека голманот Бернд Лено дефинитивно го напушта Арсенал и ќе потпише за Фулам.

Иако од Арсенал за услугите на Лено бараа 13 милиони евра, сепак решија да ја намалат цената после преговорите и да го продадат во Фулам за 9,5 милиони евра.

Бернд Лено во Арсенал пристигна од Леверкузен во 2018 година за 25 милиони евра. Првите три сезони беше прв голман во тимот, но потоа го загуби местото од неговиот колега Рамсдејл.


Барди пред потпис со Олимпијакос

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е на чекор до трансфер во атински Олимпијакос, пренесуваат грчките медиуми повикувајќи се на информации од Шпанија.   

Според медиумите, Олимпијакос за трансферот на Барди од Леванте е подготвен да плати три милиони евра плус дополнителни 1.5 милиони евра во бонуси. 

Леванте изминатата сезона го загуби прволигашкиот статус, а Барди го врзува договорот со клубот од Валенсија до јуни 2024 година. Олимпијакос изминатата сезона ја освои шампионската титула во Грција, но претрпе елиминација во Лигата на шампиони од израелски Макаби Хаифа и во продолжението ќе се обиде да обезбеди утешно место во групната фаза во Лига Европа.


Бени Мекарти се врати на „Олд Трафорд“ и влезе во стручниот штаб на Тен Хаг

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг назначи нов член на својот технички штаб, а тоа е поранешниот напаѓач Бени Мекарти, соопштија од англискиот клуб. Тој ќе се занимава конкретно со напаѓачката игра на Јунајтед, како и со позиционирањето на тимот.

Јужноафриканецот е поранешен играч на Ајакс, Селта, Порто, Блекбурн и Вест Хем.

„Ми се допаѓа Манчестер Јунајтед и отсекогаш сум сакал да играм овде. Ми се допаѓаат фудбалери како Марк Хјуз, Енди Кол и Рајан Гигс“, рече Мекарти во својот вовед.

Во март оваа година тој го напушти јужноафриканскиот тим АмаЗулу, кој заврши на второто место во поредокот, а Мекарти беше прогласен за најдобар тренер за сезоната 2020-21.


Фабрегас пристигна во Комо и ќе игра во Серија Б

Шпанскиот ветеран Сеск Фабрегас пристигна во италијанскиот Комо каде се очекува да стави потпис за клубот кој настапува во Серија Б.

На 35 годишниот Фабрегас на 1.јули му истече договорот со Монако, и се одлучи за сензационален трансфер во Комо со кој ќе потпише договор на две години.

Претседател на Комо е некогашниот играч на Челзи Денис Вајс кој има големи амбиции со клубот и се подготвува за трка за пласман во Серија А следната сезона.


Гвардиола: Халанд брзо ќе влезе во ритам во нашиот систем на игра

Ерлинг Халанд вчера дебитираше во дресот на Манчестер Сити. Норвежанецот кој беше дел од екипата која загуби во Комјунити Шилд од Ливерпул со 3-1, имаше две-три големи промашувања.

Тоа воопшто не влијае кај тренерот на „граѓаните. Се бореше, добро се движеше, беше на позиции. Добро е за него да ја види реалноста во нова земја и во ново првенство“, потенцираше шпанскиот тренер.


Промоција на Кунде во Барселона

Францускиот репрезентативец Жил Кунде потпиша петгодишен договор со Барселона и стана петтото официјално засилување за тимот од Камп Ноу после доаѓањето на Кеси, Кристенсен, Рафиња и Левандовски.

Барселона и претседателот на клубот Жоан Лапорта имаат одличен преоден рок во кој досега за засилувања се потрошени преку 150 милиони евра, и се чини дека е создаден тим кој може да атакува на Лигата на шампиони.

Каталонците успеаја да го „украдат“ дефанзивецот Жил Кунде од Челзи кој исто така беше во преговори со сега веќе поранешниот играч на Севиља.

„Му благодариме на Жил што покажа чврст став да дојде во Барса. Многу сме среќни поради тоа и со него тимот е навистина конкурентен“, ијзави Лапорта на промоцијата на Кунде.

“Горд сум и среќен што сум во Барселона. Добив одлично добредојде од сите во клубот и навивачите. Разговарав и со тренерот Чави кој навистина сака да ме види во тимот. Ќе го дадам својот максимум играјќи за Барса“, истакна Кунде.