фудбал

Митровиќ сериозно се повреди, виси неговиот настап на Европското првенство

Српскиот фудбалски репрезентативец Александар Митровиќ се повреди на последниот меч за Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Митровиќ постигна два гола пред да ја напушти играта поради повреда во победата од 4-3 на неговиот Ал Хилал против Ал Шабаб.

Првичните информации велат дека повредата е сериозна, па Митровиќ го чека подолга ауза од фудбалските терени. Деталните лекарски прегледи треба да дадат одговор дали тој ќе може да се опорави за настап во дресот на Србија во јуни на Европското првенство 2024 во Германија.


Дани Алвеш одново ќе биде изложен на судиски процес

Откако пред неколку дена излезе од затвор во Бразил, Дани Алвеш е во нови неволји. Имено, како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, против него е покрената нова кривична постапка.

Сега тој е обвинет за кражба на музика од двајца бразилски композитори, Џулијано Матеус и Тиаго Матеус, за песна објавена во 2020 година како дел од проект за Обединетите нации.

Алвеш ги отфрли обвинувањата, а неговите адвокати објаснуваат дека двајцата ја искористиле популарноста на играчот за незаконски да се збогатат на негова сметка.


Барса ќе испрати нова понуда за Алекс Гарсија од Џирона

Фудбалерот од средниот ред на Џирона, Алекс Гарсија, веројатно ќе добие понуда да се пресели во екипата на Барселона во текот на летото, наведуваат дел од медиумите во Шпанија.

26-годишниот фудбалер има играно за Виљареал, Манчестер Сити, Мускрон, Динамо Букурешт и Еибар пред да се врати во Жирона во 2021 година.

Каталонците сакаа да го земат Гарсија во јануари но, не испратија добра понуда. Џирона за неговиот потпис бара од 30 до 40 милиони евра.


Киеза прв пик за новиот Ливерпул

Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул имаат желба да го ангажираат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, како евентуална замена за Мохамед Салах кој со едната нога е надвор од „Енфилд“.  

26-годишниот играч кој се соочи со серија на повреди, не влегува во плановите на тренерот, Алегри и лесно може да си замине од Торино.

Трансферната сума би била околу 40 милиони евра. Киеза има 119 натпревари, 29 голови и 22 асистенции за „старата дама“ .


Тотенхем сака да го откупи Тимо Вернер

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, кој игра како позајмен од Лајпциг, може да остане во лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите од – „колевката на фудбалот“.

Според изворот, управата на „Спарси“ е задоволна од настапот на 28-годишниот Германец и планира да му понуди перманентен договор.

Вернер кој одигра 23 натпревари за англискиот тим  со ефект од 4 голови и 3 асистенции, има пазарна вредност од околу 17 милиони евра.


Милитао започна со тренинзи, Анчелоти доби засилување во одбраната

Милитао доживеа тешка повреда и подолго време беше надвор од стројот, но сега конечно се враќа во тренажен процес и наскоро се очекува неговиот „кам-бек“ на терените.

„Милитао конечно се врати и тренира со тимот. Ќе биде во составот за следниот натпревар, но не знам дали ќе добие минутажа. Првичните тренинзи поминаа одлично и наскоро го очекуваме повторно со неговите вообичаени настапи“, рече Анчелоти.

Неодамна Милитао доби и нов договор од „кралевите“, што само ја потврдува довербата од управата на најтрофејниот европски клуб.


Зидан одбил да седне на клупата на Баерн

Зинедин Зидан нема да го води Баерн на крајот од актуелната сезона, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенберг, раководството на тимот од Минхен не е заинтересирано за потпис со францускиот фудбалски стручњак.

Под водство на 51-годишниот Зидан, Реал три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а два пати стана шампион на Шпанија. Баерн претходно објави дека главниот тренер Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.

По 26 кола во германското првенство, тимот од Минхен е на второто место со 60 бодови. Заостатокот од водечкиот Баер Леверкузен е 10 бода.


Меси и натаму е поврeден, нема да игра ни на првите априлски мечеви за Интер Мајами

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси нема да игра против Њујорк Сити во натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата.

36-годишниот Аргентинец веќе ги пропушти натпреварите против ДЦ Јунајтед (3-1) и Њујорк Ред Бул (0-4).

„Лео работи со физиотерапевти. Тој е надвор од групата за викенд мечот. Тој нема да биде достапен бидејќи се обидуваме да направиме се што е можно за да може да игра на домашен терен следната среда против Монтереј“, изјави членот на стручниот штаб на Интер Мајами, Хавиер Моралес.

Оваа сезона Меси одигра 5 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше уште 2 асистенции.


Ајнтрахт го враќа Ван де Бек на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги оправда очекувањата.

Ван Де Бек не докажа дека е достоен за дресот на гигантот од „Олд Трафорд“ освен што не се вклопи, туку имаше и проблеми со повредите, а во меѓувреме пристигнаа и други играчи, па за него немаше место.

Јунајтед го испрати на позајмица во Ајнтрахт, каде исто така не се снајде, стартуваше само 4 натпревари во вториот дел од сезоната и германскиот клуб нема намера да го откупи неговиот договор, па така тој ќе се врати во Јунајтед со кој има договор до јуни 2025 година.

Клубот сака да се ослободи од неговата плата и најавите се дека ќе сео биде да го продаде за десет милиони евра, па и помалку. Ајакс од каде што пристигна во Јунајтед, наводно веќе ги направил првите контакти.


Уште еден Французин на пат за Милано

Преснал Кимпембе побарал од раководството да му биде дозволен трансфер, бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.

26-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но сега сака нов предизвик во кариерата.

Најсилен интерес за него покажува Милан, кој сака да ја засили дефанзивната линија во летниот преоден рок.

Раководството нема да му стои на патот и му порачало дека може да си бара нов клуб, а Милан веќе работи на трасферот. Кимпембе е во одлични односи со голманот Мењан, кој го убедува да се пресели на Сан Сиро.