Два европски гиганти го сакаат Марио Хермосо од Атлетико
Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваат италијанските медиуми.
Марио Хермосо има договор со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната и го информирал раководството на „јоргаџиите“ дека нема да стави потпис на нов договор.
Дефанзивецот е слободен да преговара со други клубови, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Челзи и Јувентус.
Де Роси ќе добие перманентен договор во Рома
Даниеле де Роси кој го наследи Жозе Мурињо на клупата на фудбалскиот состав Рома, нема намера да си замине од Рим.
Неговиот договор е до крајот на сезоната а првите луѓе на тимот сакаат да му го продолжат. Италијанецот седна на кормилото на „римската волчица“ во јануари и досега направи ефект од девет победи, две нерешени и два пораза.
Според објавеното од „Кориере дело спорт“ луѓето од Фиорентина сакаат да го ангажираат 40-годишниот стратег.
Ливерпул го гледа Родриго како замена за Салах
Ливерпул покажува активен интерес за 23-годишниот крилен напаѓач на Реал Мадрид, Родриго , во кој раководството на „црвените“ гледаат долгорочна замена за 31-годишниот крилен напаѓач Мохамед Салах. Ова го објави „Мундо Депортиво“.
Според изворот, Реал Мадрид бараат за бразилскиот фудбалер сума која се движи од 100 до 120 милиони евра. За возврат Ливерпул е подготвен да понуди 80 милиони евра, што не му одговара на мадридскиот клуб.
Се нагласува дека постои можност Салах претстојното лето да се пресели во клуб од Саудиска Арабија. Во исто време, позицијата на Родриго во Реал Мадрид може значително да ослаби откако Килијан Мбапе ќе се приклучи на Реал Мадрид, што исто така е многу веројатно да се случи во летото 2024 година.
Да потсетиме, оваа сезона Родриго учествуваше на 41 натпревар на сите турнири, на кои постигна 13 гола и осум асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2028 година, а пазарната вредност на фудбалерот е 100 милиони евра.
Нејмар летово се враќа во Барселона?
Медиумите од Шпанија пишуваат за враќање на Нејмар во Барселона, напаѓачот е во постојан контакт со претседателот Жоан Лапорта и зделката може да се реализира летото во 2025 година.
Нејмар би можел повторно да го облече дресот на Барселона, тој е во постојан контакт со Жоан Лапорта и изразил желба да се врати на Камп Ноу.
Еден ваков трансфер би требало да се случи летото во 2025 година, кога ќе заврши соработката на Бразилецот со Ал Хилал.
Неколку работи се во полза на една ваква зделка, неговиот син Дави Лука и понатаму живее во Барселона со својата мајка, парите нема да бидат проблем откако Нејмар ќе заработи богатство во Саудиска Арабија, а во Барса, напаѓачот ќе ги има сите услови за да влезе во топ форма пред мундијалот во САД во 2026 година.
Но прашање е дали Нејмар со 33 години и склонос на повреди ќе биде правиот избор за проектот на „каталонците“.
Бразилецот во моментов се опоравува од тешка повреда на коленото, поради која сезоната предвреме му заврши уште во октомври месец.
Терзиќ ќе остане на клупата на Борусија Дортмунд?
Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, може да ја задржи функцијата на крајот од сезоната, пренесува „Билд“.
Според овој извор, доколку германскиот тим не се пласира меѓу најдобрите четири во првенството, тогаш раководството ќе ја разгледа опцијата за отказ на Терзиќ. Иднината на Терзиќ е под влијание на резултатот од двомечот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Претходно беше објавено дека раководството на Борусија Дортмунд е незадоволно од резултатите на тимот во тековната сезона во Бундеслигата.
Да потсетиме, Борусија Дортмунд по 26 кола во германското фудбалско првенство е на четвртото место со 50 бодови.
Помош од психолог ми ја спаси кариерата
Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент сакал да стави крај на кариерата. Ричарлисон како скапо засилување пристигна во Тотенхем, но беше мета на многу критики поради слабите партии, па му била потребна психолошка помош откако беше снимен како плаче на клупата за резерви на натпреварот на Бразил против Боливија. „Само што играв на Светското првенство, можеби го достигнав врвот. Не знам, нема да зборувам за самоубиство, но таму бев депресивен и сакав да се откажам. Дури и јас, кој изгледав ментално силен. По Светското првенство се чинеше дека сѐ ми се распадна. После тоа, кога се вратив во клубот, пред да дојдам на тренинг, веќе сакав да си одам дома. Само сакав да се вратам во мојата соба бидејќи не знам што ми се вртеше низ главата“. „Мислам дека терапевтот, сакал некому да му признам или не, ме спаси. Ми го спаси животот. Пред да помислам дека тоа е глупост… По ова искуство, советувам секој што чувствува нека му треба психолог, нека го побара затоа што е убаво да се отвориш и да разговараш со таа личност“, откри Ричарлисон.
Жоржињо преговара за нов договор со Арсенал
Агентот на играчот од средниот ред на Арсенал и Италија, Жоржињо,
Жоао Сантош изјави дека се водат разговори со англискиот клуб
околу договорот на играчот од средниот ред роден во Бразил.
„Ќе разговараме со Арсенал за прашањето за договорот на мојот
клиент кој истекува во јуни. Ова е наш приоритет“, изјави Сантош за
Радио Спортива. „Арсенал има фантастичен состав и ќе видиме дали
ќе му треба Жоржињо следната сезона“.
Запрашан дали е можно враќање на фудбалерот во Италија, Жоао
Сантош рече: „Зошто да не? Можеби еден ден тоа ќе се случи“.
Жоржињо кој има 32 години минатата сезона го замени Челзи со
Арсенал.
Ливерпул ќе понуди 120 милиони за Флоријан Виртц
Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема
желба на Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е
еден од најбараните германски фудбалери. Младиот плејмејкер има
долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело
богатство, но Ливерпул нема да жали пари за да му ја исполни
желбата на Чаби Алонсо.
Имено, „црвените“ преговараат со Алонсо кого го сакаат за нов
тренер, а Шпанецот како услов поставил да му биде доведен Виртц.
Ливерпул е спремен да понуди 120 милиони евра за младиот
Германец, кој пак е спремен да го следи тренерот на „Енфилд“.
Каземиро заминува од Манчестер ова лето
Бразилскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Каземиро налето
би можел да биде прекомандуван во клуб од Саудиска Арабија, од
каде што покажуваат сериозен интерес за него. Ова го објави
новинарот Екрем Конур на својот профил на една од социјалните
мрежи.
Тој не прецизираше за кој клуб станува збор. Каземиро, кој потекнува
од школата на бразилскиот Сао Паоло, се пресели во Реал Мадрид во
2013 година, а девет години подоцна беше префрлен во Манчестер
Јунајтед.
Во тековната сезона, 32-годишниот играч има 21 настап во сите
натпреварувања за Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 5 гола и 2
асистенции. Договорот на Каземиро со Манчестер Јунајтед е до
крајот на јуни 2026 година.
Маркињос започна со тренинзи по тешката повреда во февруари
Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, продолжи со
вообичаените тренинзи. Тој заедно со соиграчите учествуваше на
тренингот на парижаните во текот на вчерашниот ден, информираше
„Л’Екип“.
Репрезентативецот на Бразил е надвор од терените од 17 февруари
кога заработи повреда на Ахиловата тетива во победата од 2-0 над
Нант.
Ова е одлична вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој ќе може да
смета на искусниот централен бек за претстојниот четвртфинален
дуел од Лигата на шампионите против Барселона во април.
Шпанскиот тренер на ПСЖ реши да им даде два дена одмор на сите
интернационалци од тимот кои играа за своите решрезентации во
текот на неделата. Така ПСЖ првиот тренинг со полн состав ќе го има
дури во петок попладне. Францускиот шампион во недела гостува кај
Олимпик Марсеј во дербито на француската Лига 1.