фудбал

Три кандидати за наследник на Клоп на клупата на Ливерпул

Ливерпул направи список со кандидати за менаџерската функција во
нивниот клуб, пренесува „Дејли Мејл“. Според изворот, клубот од
„Енфилд“ бара млад стручњак кој меѓу другото ќе се развива во
клубот.
Кандидати меѓу тренерите се Чаби Алонсо (Баер Леверкузен),
Роберто де Зерби (Брајтон) и Рубен Аморим (Спортинг Лисабон).
Актуелниот менаџер Јирген Клоп веќе најави дека без разлика на
исходот од сезоната , тој на крајот на сезоната ќе го напушти
„Енфилд“.
Во текот на наредните месеци раководството на Ливерпул ќе мора да
одлучи кој ќе биде наследник на Клоп на клупата на Ливерпул по
неговото заминување.


Бенто од Атлетико Параненсе ќе биде наследникот на Зомер во Интер

Екипата на Интер која е на чекор до освојувањето на титулата во
Серија А е се поблиску до потпишување на договор со бразилскиот
репрезентативец Бенто, но допрва треба да постигне конечен договор
со неговиот клуб Атлетико Параненсе. „Нероаѕурите“ го следат 24-
годишниот голман од летото 2023 година, кога договорот не се
оствари и Интер се засили со Јан Зомер.
Договорот на Бенто со Атлетико Параненсе е до декември 2026
година, но тој е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата
и да ја напушти татковината за да се пресели во Европа.
Бенто веќе некое време е на радарот на Интер, преставници на Интер
лично го посетиле Бразил, а голманот е подготвен да го направи
следниот чекор во кариерата во Италија. “Тутоспорт“ истакнува дека
проблемот е што Атлетико Паранаенсе има ослободителна клаузулаод 60 милиони евра и сака најмалку 15 милиони евра за да го продаде ова лето.
Интер, од своја страна, нема намера да потроши 15 милиони евра за
нов голман, па двете страни преговараат за зделка од околу 8 милиони евра, на која ќе се додаде процент од следната продажба на Бенто.


Арсенал ќе испрати понуда за Жоао Кансело

Арсенал е заинтересиран да го ангажира 29-годишниот десен бек на
Манчестер Сити, Жоао Кансело, кој оваа сезона игра како позајмен во
Барселона. Ова го објави „Спорт.ес“ повикувајќи се на информацијата
објавена од англискиот „Сан“.
Според изворот, „топчиите“ имаат намера да направат обиди да го
ангажираат португалскиот фудбалер претстојното лето.
Претходно во медиумите се појави информација дека самиот Кансело
сака да ја продолжи кариерата во Барселона, но постои можност
Барселона да не успее да да се договори за потписот на дефанзивецот
со Манчестер Сити.
Оваа сезона Кансело учествуваше на 32 натпревари во сите
натпреварувања, на кои постигна четири гола и четири асистенции.
Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2024 година.
Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт,
пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.


Талентот Мастантуоно на „радарот“ на Реал Мадрид

Реал Мадрид по успешните трансфери на Винисиус, Родриго и скоро комплетираниот трансфер на Ендри се сврте кон Аргентина каде што најде нов „бисер“.

„Марка“ пишува дека нова мета на „кралскиот клуб“ е 16-годишниот ас на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.

Во последниве недели, луѓе од Реал Мадри го посетиле Буенос Аирес со цел на дело да ги видат квалитетите на 16-годишникот.


САД ја одбрани титулата од Лигата на нации во КОНКАКАФ

Фудбалската селекција на САД триумфира во Лигата на нации (ЛН) на КОНКАКАФ зоната, трет пат по ред, на исто толку одржани турнири. Во финалето во Тексас, Американците го победија Мексико со 2-0, со головите на Тејлор Адамс и на Џовани Реина.

Неколку минути пред крајот на натпреварот, главниот судија Дру Фишер го прекина натпреварот откако од трибините каде што беа навивачите на Мексико честопати се слушаа дискриминаторски, хомофобични скандирања упатени кон голманот на САД, Мет Тарнер.


Коке потпиша нов договор со Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид обезбеди уште еден важен потпис откако денеска соработката ја продолжи капитенот Коке.

Фудбалерот за врска имаше договор до крајот на сезоната, меѓутоа двете страни се договорија да ја продолжат соработката на уште една година со клазула за автоматско продолжување до 2026 година, ако Коке одигра одреден број натпревари. Атлетико потписот на Коке го потврди со видео во кое порача. „Историјата продолжува“.

„Ако сакав можев да заминам многу пати. Имав понуди, но мојата желба секогаш била да бидам дел од Атлетико“, изјави Коке.

Во редовите на Атлетико Коке пристигна во 2009 година и од тогаш собра 626 натпревари и постигна 47 гола.


Осимен најблиску до трансфер во Челзи

Нигерискиот напаѓач од екипата на Наполи, Виктор Осимен се
поверојатно ќе го напушти италијанскиот клуб во летниот преоден
рок и ќе се пресели на Островот.
Според новинарот Руди Галети, напаѓачот на италијанскиот тим во
моментов е во најдобри релации со преговарачите од екипата на Челзи. Наводно двете страни си дале збор за соработката која треба да
биде потврдена во последните месеци од оваа сезона.
Осимен долго време се шпекулира дека ќе си оди од Наполи, за кого
настапува од 2020 година. Сезонава нигерискиот репрезентативец
учествуваше на 24 натпревари на сите турнири, на кои постигна 13
гола и реализираше четири асистенции. Актуелниот договор на
играчот со клубот е со важност до 2026 година. Наполи за него ќе
бара над 100 милиони евра.


Мурињо: Можам да тренирам секаде и немам никакви проблеми

Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без ангажман и тоа откако ја
заврши епизодата во италијанскиот прволигаш Рома.
Португалецот заработи отказ од „волчицата“, но тоа не е проблем за
него и е подготвен за работа, нов предизвик во кариерата. Неговото
име беше и е поврзувано со неколку клубови, а тој не ја исклучува
можност и да се врати во својата татковина и таму да преземе некој
клуб.
„Нула вести. Немам клуб, слободен сум. Ама јас сакам да работам,
налето сакам да работам. Никогаш не вели никогаш, особено во
фудбалот. Мојот живот е фудбалот. Можам да тренирам секаде и
немам никакви проблеми“,порача Жозе кој беше присутен на Мото
ГП трката во Португалија.


Милан Мандариќ инвестира во српска Војводина

Некогашниот сопственик на словенечка Олимпија Љубљана, Милан
Мандариќ, влегува во српскиот прволигаш Војводина. Како што
објавија медиумите, американскиот бизнисмен со српско потекло, ќе
стане потпретседател на фудбалскиот клуб Војводина.
Во вторник ќе се одржи клупско собрание на кое како потпретседател
ќе го придружува Мирослав Тањга, поранешен фудбалер на
Војводина. Доаѓањето на Милан Мандариќ во Војводина беше
најавувано неколку пати претходно.


Крос: Реал има одличен тим и без Килијан Мбапе

Килијан Мбапе одби да говори за својата иднина и посочи дека ќе го
открие својот следен чекор пред почетокот на Европското првенство,
но цела спортска јавност веќе на големо говори за неговиот трансфер
во Реал Мадрид.


Дел од ѕвездите на првиот тим веќе мораа отворено да говорат за потенцијалното пристигнување на Французинот, а последен на
листата е и Тони Крос кој дал одговор во свој стил во интервју за
шпанската национална телевизија.


„Мбапе? Ако тој не знае што ќе прави со својата иднина, како јас да
знам? Реал Мадрид секогаш ги сака најдобрите играчи во светот и тој
без никаков сомнеж е еден од нив. Сепак, ниту еден индивидуалец не
е поважен од Реал, најважно е да се победува. Ќе биде убаво за Реал
тој да пристигне во Мадрид, но сметам дека имаме многу добар тим и без Мбапе.


Мојата иднина? Ќе мора да донесам конечна одлука во наредниот
месец или два, а потоа ќе говориме за чекорот кој сум го избрал, –
изјавил Крос.