фудбал

Маркињос е најтрофејниот: 31 трофеј во ерата во ПСЖ

Со освоената титула во францускиот Суперкуп вчера, капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос стана рекордер на клубот по освоени трофеи. Уште повеќе, Бразилецот веќе е играчот со најмногу одличја во историјата на францускиот фудбал.

Маркињос има импресивен 31 трофеј зад своето име – девет титули во Лига 1, седум Купови на Франција, шест Лига купови и девет домашни Суперкупа. Со трофејот освоен вчера против Монако (1:0), централниот дефанзивец го престигна својот до неодамна соиграч, Марко Верати кој има 30 трофеи.

Маркињос (30) ги има сите шанси да го зголеми бројот на трофеи во својата витрина, бидејќи ПСЖ води на табелата и е во конкуренција за Купот на Франција.

По Бразилецот и Верати, Тиаго Силва и Преснел Кимпембе со по 23 трофеи, како и Единсон Кавани, кој има 21, се меѓу првите топ 5 освојувачи на почести во дресот на „принцовите“


Милан направи епски пресврт и го освои Суперкупот на Италија

Фудбалерите на Милан со спектакуларен пресврт го освоија Суперкупот на Италија. Во „Дерби дела Мадонина“ во Ријад, Милан од 0-2 против интер дојде до 3-2. Милан го освои првиот Суперкуп по 2011 година и воедно ја прекина доминацијата на Интер, кој во последните три сезони го освојуваше трофејот.

Сержо Консеисао не можеше да посака подобро деби на клупата на Милан. Тимот на Милан во само седум дена под водство на Португалецот доживеа невидена трансформација.

Во полуфиналето, со пресврт славеа над Јувентус (2:1), а во финалето, предводени од Рафа Леао на теренот, го победија градскиот ривал со 3-2.

Интер водеше со 2-0 со головите на Лаутаро Мартинез во 45. и Мехди Тареми во 47.минута. Пресвртот го најави Тео Хернандез од слободен удар во 52.минута, изедначи Кристијан Пулишиќ во 80., а победата ја обезбеди Тами Ејбрахам во 93.минута.


Богата награда за секоја мундијалска победа од федерацијата и владата

Македонската ракометна репрезентација ги брои деновите до стартот на Светското ракометно првенство. Ние го отвораме Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, а во групата уште ќе се соочиме и со Холандија и Гвинеја.

Нашите ракометари на чело со селекторот Кирил Лазаров се во полн ек на подготовките, а од друга страна раководството на РФМ прави се за да создаде што е можно подобри услови за наш екстра настап на овој турнир.

Па така, Ракометната федерација на Македонија донесе одлука, секоја победа на овој турнир да биде вреднувана, односно наградена со еден милион денари, но тоа нема да биде се.

Владата на Република Македонија се приклучува на ова, и додава свој милион денари за секоја победа на нашите ракометари. Ова значи дека трудот на селекторот Лазаров и на неговите избраници кој што е вложен периодов и тоа како ќе биде вреднуван и награден.


ПСЖ го купи Коло Муани за 95 милиони, а го продава за само четири!

Рандал Коло Муани е подготвен да го напушти ПСЖ. Во летниот преоден рок во 2023 година, за напаѓачот ПСЖ издвои 95 милиони евра. Очигледно е дека тој не ги задоволи критериумите на тренерот Луис Енрике. Одигра 54 натпревар постигна 11 голови и забележа седум асистенции.

Рандал Коло Муани до крајот на сезоната ќе замина на позајмица, а потоа неговиот дговоро ќе може да биде откупен за симболична сума.

ПСЖ го соопшти условите за позајмицата. Новиот клуб ќе треба да плати четири милиони евра до крајот на сеозната и да ја преземе платаа на фудбалерот која изнесува пет милиони евра.

По завршувањето на сезоната неговиот договор ќе може да биде откупен за 20 милиони евра.

наводно засега интерес за Коло Муани покажале Тотенхем, Монако, Јувентус и Милан.


Дарвин Нуњез на трансфер листа, Ливерпул го продава Уругваецот

Ливерпул е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија во понеделникот британските медиуми.

Иако ги чинеше 100 милиони евра (со бонуси) кога пристигна од Бенфика во 2022 година, управата на „црвените“ би била среќна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските дневни весници.

Уругвајскиот интернационалец не се вклопи во плановите на тренерот Слот, чиј супермодерен фудбал го воодушеви светот.

Во оваа напредна фудбалска шема, напаѓачката тројка, која ги „малтретира“ противниците, ја сочинуваат Коди Гакпо, Мохамед Салах и Луис Дијаз, додека Нуњез во игра најмногу влегува од клупата за резерви.

Меѓу оние кои би можеле да бидат заинтересирани за Нуњез, според британските медиуми, е и Њукасл.


Четири од четири: Раниери има максимален скор во римското дерби

Клаудио Раниери стана првиот тренер во историјата кој ги победил сите четири римски дербија против Лацио како тренер на Рома, пренесува „Опта Спортс“.

Раниери претходно ги предводеше Римјаните во ноември 2024 година. Претходно, специјалистот веќе беше главен тренер на Рома од 2009 до 2011 година и од март до јуни 2019 година. Последното место на работа на италијанскиот специјалист беше Каљари.

Синоќа се одигра натпреварот од 19. коло во италијанската Серија А во кој се сретнаа Рома и Лацио. Натпреварот се одигра на стадионот Олимпико во Рим, а Рома славеше со резултат 2:0.


Бајден ќе ја одликува аргентинската легенда Меси

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси ќе го добие Медалот на слободата, доделен од претседателот на САД, пренесува „ABC News“.

Шефот на САД, Џо Бајден ќе одржи церемонија на доделување на група лауреати во Белата куќа. Медалот на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, кое им се доделува на поединци кои дале „извонреден придонес за просперитетот на САД, светскиот мир или други значајни јавни, јавни или приватни потфати“.

Меси игра во американската МЛС-лига за Интер Мајами од 2023 година. Оваа сезона 37-годишниот Аргентинец има 22 натпревари на сите турнири, на кои постигна 21 гол и 18 асистенции.

Неодамна се дозна дека Меси би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер сити. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола сака да го види Аргентинецот во својот тим. Сити би можел да го ангажира напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната.


Луис Енрике: Прекрасно е да се почне годината со трофеј

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше за победата на парискиот клуб над Монако со резултат 1-0 во натпреварот од Суперкупот на Франција.

„Тоа е многу, многу позитивно чувство. Освојувањето трофеј е секогаш извор на радост. Да ја започнеме 2025 година вака, со речиси полн стадион, со многу луѓе кои ги поддржуваат играчите на ПСЖ, ни дава сила и самодоверба да ја започнеме годината, затоа мора да го искористиме ова и да размислуваме за иднината. Денеска беше многу тежок натпревар со противник со многу квалитетни играчи, со многу напаѓачки играчи. Имавме многу добри моменти на натпреварот, моменти на доминација и моменти на страдање во одбраната, но мислам дека на крајот голот му ја додели победата на тимот кој никогаш не престанува да се бори, кој никогаш не престанува да напаѓа, кој никогаш не престана да трча. Мислам дека ова е многу позитивен момент и треба да продолжиме да го развиваме“, изјави Енрике за прес-службата на клубот.

Победничкиот гол на ПСЖ беше постигнат во 90+2. минута од напаѓачот Осман Дембеле, на асистенција од Фабијан Руиз.


Тринаесет победи по ред – Атлетико го собори деценискиот клупски рекорд

Атлетико го доби својот 13. натпревар по ред, повторувајќи го клупскиот рекорд од пред 13 години.

Разликата во постигнати и примени голови за тимот предводен од Диего Симеоне во овој период е 34-8.

Претходно, од август до октомври 2012 година, Атлетико освои 13 победи во низа со вкупен резултат 34:10, рекорд поставен исто така под водство на тренерот Симеоне, кој ги води „душекџиите“ од 2011 година.

Вчеравечер Атлетико ја победи Марбеља (1:0) во 1/16-финалето на Копа дел Реј.


Пиоли: Најдобрите саудиски екипи би се бореле за врвот во Серија А

Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли го истакна високото ниво на квалитет на првенството во Саудиска Арабија.

„Квалитетот е подобар отколку што мислев. Шест или седум екипи би можеле да бидат конкурентни во Серија А, три или четири би можеле да конкурираат за места во Лигата на шампионите.
На почетокот во Ал-Наср не вршев голем притисок, потоа малку по малку почнавме да ги привлекуваме играчите кои ги сакавме“,, изјави главниот тренер на Ал-Наср.

Во првенството на Саудиска Арабија последните неколку години трансфери направија десетици фудбалски ѕвезди од целиот свет.