фудбал

Левандовски: Подготвен сум да испишам историја во Барселона

Новиот фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски, изјавува дека е спремен да испише историја со неговиот нов клуб.

Левандовски пред неколку дена за 50 милиони евра премина од Баерн Минхен во Барселона.

„Подготвен сум да бидам дел од овај клуб со богата историја, и да освојам многу трофеи во иднина“, изјави Левандовски од Мајами каде заедно со Барселона се наоѓа на припреми пред новата сезона.

Полскиот напаѓач веќе започна со самостојни тренинзи откако им се приклучи на своите соиграчи во САД, и се очекува дека ќе биде на располагање на екипата за дуелот со Реал Мадрид.


Галтие: Играме во нов систем и мора да се навикнеме

ПСЖ вчера го победи Кавасаки Фронтале со 2-1 во пријателски меч а новиот тренер на Французите, Кристоф Галтие, објасни дека неговите фудбалери мора да се адаптираат на новата шема 3-4-1-2.

„Ми се допадна што нашиот тим притиска високо. Тоа ни дозволи да бидеме опасни и да создаваме многу шанси. Играме во нов систем – 3-4-1-2 и мора да се навикнеме. Сè уште не сме синхронизирани. Треба да внимаваме на противниците кога првават транзиција“, вели тренерот на ПСЖ.


Кан најави дека Баерн нема да продава дефанзивци по доведувањето на Де Лихт

Потписот на Матаис де Лихт нема да доведе до разделба со ниту еден од другите дефанзивци во Баерн, појасни извршниот директор Оливер Кан. Поради доаѓањето на Холанѓанецот, медиумите шпекулираа дека клубот ќе мора да продаде или барем да префрли еден од останатите, но очигледно нема план за такво нешто.

„Во моментов не размислуваме за разделба со никого“, изјави Кан за „Абендцајтунг“. – Нема ништо подобро од тоа да имате фудбалери кои можат да играат на различни позиции – Бенџамин Павард, Лукас Хернандез, Танги Нианзу…“.

Поранешниот голман привлекува внимание на фактот дека сите споменати тројца можат да делуваат не само како централни дефанзивци, каков што е Де Лихт.


Лингард има понуди од Вест Хем и Нотингем Форест

Како што пренесуваат англиските медиуми, од Нотингем Форест испратиле понуда за фудбалерот Џеси Лингард.

Иако се очекуваше дека за Лингард најголем интерес има од екипата на Вест Хем, сега во трката за негов ангажман се вклучи и новиот премиерлигаш Нотингем Форест.

Се очекува бившиот играч на Манчестер Јунајтед одлуката околу својот нов клуб да ја донесе во наредните денови.


Јан Облак останува во Атлетико Мадрид до 2025 година

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, ќе потпише нов тригодишен договор со шпанскиот клуб, пренесува Марка.

Како што се наведува во информациите, Словенецот со новиот договор ќе добие покачување на примањата, па наместо 10 милиони евра по сезона, тој ќе заработува 12 милиони евра.

Јан Облак својата кариера ја започна во Олимпија од Љубљана, од каде во 2010 година на своја 17.годишна возраст замина во Бенфика. Во 2014 година прејде во Атлетико Мадрид каде стана еден од најдобрите светски голмани.


Кавани се договорил со Виљареал

Според пишувањата во шпанските медиуми, искусниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани се договорил со управата на Виљареал за трансфер во клубот.

Тренерот на жолтата подморница, Унаи Емери минатата сезона имаше успешна сезона во Лигата на шампионите каде стигна до полуфиналето во кое беше поразен од Ливерпул. Но во домашното првенство екипата заврши на седмото место кое не беше задоволително за поголемиот дел од навивачите. 

Емери сезонава преку ангажирање на поискусни фудбалери сака да донесе стабилност во екипата и подобри настапи во Примера. За таа цел веќе е доведен голманот Пепе Реина од Лацио а според информациите и Едисон Кавани е пред ангажман во Виљареал. Тој веќе има претходна соработка со тренерот Емери во Париз Сен Жермен.


Анчелоти поведе 27 играчи на американската турнеја

Европскиот шампион Реал Мадрид замина на турнеја во САД. Aвионот на „белите“ полета во правец на Лос Анџелес каде треба да слета 12 часа подоцна. Карло Анчелоти со себе понесе група од 27 играчи, а таму ќе ги чека Карим Бензема кој доби подолг одмор и воопшто не се врати во Шпанија.

Борха Мајорал изненадувачки не беше вклучен во списокот на играчи, бидејќи се покажа дека неколку дена не му се доволни да ги исполни барањата на американските власти за комплетен циклус на вакцинација.

Младиот Бразилец Рение, кој во последните две сезони беше отстапен на Борусија, остана надвор од групата. Тој е во потрага по нов клуб. Во авионот е и претседателот Флорентино Перез.

Турнејата на Реал на американско тло ќе трае 12 дена, а закажани се натпреварите против Барселона (24 јули), Клуб Америка (27 јули) и Јувентус (31 јули).


Познат календарот за Првата лига, шампионот дебитира во Кавадарци

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сео одржа ждрепка за новата сезна во Првата македонска фудбалска лига.

Првенството ќе брои дванаесет екипи. Меѓу нив досега непознаница беше учеството на Ренова, за која и натаму не се знае дали ќе биде дел од претстојниот шампионат или не. Сепак, Ренова беше вклучена во ждрепката и според ова ќе имаат свое мество во распоредот.

Еве кој со кого ќе игра во првото првенствено коло:

Шкендија – Скопје

Силекс – Работнички

Академија Пандев – Брегалница

Струга Трим Љум – Победа

Тиквеш – Шкупи

Македонија Ѓорче Петров – Ренова


Рафиња самоуверен: Новата Барса е подобра од Реал

Новото засилување на Барселона Рафиња имаше брилијантно деби во дресот на својата нова екипа.

Бразилецот постигна гол и направи две асистенции во контролниот натпревар против Интер Мајами. Тој многу бргу ќе го почувствува моментот да игра на „Ел Класико“, бидејќи следниот тест на Каталонците е против Реал Мадрид во Лас Вегас.

„Секогаш се трудам да постигнам гол, но во дербито уште повеќе. Најважно е да победиме, но мислам дека сме подобри од Реал Мадрид. Многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол за Барселона. Се надевам дека ќе продолжам на овој начин“, изјави Рафиња по натпреварот.


Нагелсман: Барселона нема пари, а купува кого ќе посака

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман постави прашање од каде Барселона има толку пари за скапоцени засилувања, ако се знае дека каталонскиот клуб има огромни финансиски долгови поради кои често го прекршува финансискиот фер-плеј.

Барселона само за две фудбалски засилувања – Рафиња од Лидс, и Левандовски од Баерн официјално потроши 110 милиони евра.

Тренерот Нагелсман повеќе се осврна на трансферот на Левандовски, велејќи дека играчот од Полска беше мотивиран да заигра за Барса само поради повеќе пари.