фудбал

Тен Хаг: Сакам англиски фудбалери но тие се прескапи

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг истакнува дека би сакал да доведе повеќе англиски играчи во клубот, меѓутоа најголем проблем за тоа претставува нивната висока цена.

Тимот воден од Тен Хаг досега како засилувања ги донесе Лисандро Мартинез, Кристијан Ериксен и Маласиа.

„Би сакал да доведам англиски играчи, постои само еден критериум за тоа, квалитетот во комбинација со цената. Меѓутоа се чини дека англиските играчи се прескапи. Тоа е факт кој не може да се порекне“, изјавува Тен Хаг.


Дибала и официјално во Рома

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала е нов играч на Рома, соопштуваат од римскиот клуб.

Дибала доаѓа во Рома како слободен играч, откако во јуни му истече договорот со Јувентус, каде настапуваше седум години и одигра 293 натпревари.

Аргентинецот со тимот предводен од Жозе Мурињо потпиша договор на три години, за годишна плата од 4,5 милиони евра, и можни дополнителни бонуси од 1,5 милиони евра по сезона.

Рома во договорот стави многу ниска откупна клаузула од само 20 милиони евра, и прашање е дали Дибала ќе остане во вечниот град до 2025 година.


Артета спреми 50 милиони за Пакета од Лион

Арсенал во летниот преоден рок ќе биде квалитетно засилување во средниот ред.

Најголема желба на „топџиите“ е бразилскиот репрезентативец и член на Лион, Лукас Пакета, за кого силен интерес покажува и Њукасл. 24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и е стандарден бразилски репрезентативец, па сака да направи чекор напред во кариерата.

Артета верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, но ќе треба да ја победат конкуренцијата, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.


Мане: Сакам да ги освојам сите трофеи со Баерн

Фудбалерот, Садио Мане, кој беше претставен како големо летно засилување за Баерн Минхен, вели дека има големи очекувања од новата сезона.

„Сакам да ги освојам сите можни трофеи. Имам чувство дека го познавам градот. Навистина е прекрасно“, рече Сенегалецот.

Баварците го купија брзоногиот фудбалер од англискиот Ливерпул за 32 милиони евра. Мане ќе дебитира на 30 јули во пресметката со Лајпциг во  Суперкупот на Германија.


Мурињо не запира, по Дибала го сака и Белоти

Вчера Рома го комплетираше трансферот на Пауло Дибала, но Мурињо нема да запре тука со засилувањата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ започнала преговори со друг италијански напаѓач, Андреа Белоти. Белоти е слободен агент откако му заврши договорот со Торино, моментално е без клуб и сака да остане во Серија А.

Мурињо верува дека Белоти ќе биде идеална алтернатива за Абрахам и сака да го донесе на „Олимпико“.


ПСЖ го понудил Нејмар на Сити, но Гвардиола не се согласил

Шампионот на Франција, Париз Сен Жермен го понудил напаѓачот Нејмар на Манчестер Сити, меѓутоа тренерот Гвардиола го одбил потенцијалниот трансфер.

Од ПСЖ како дел од договорот сакале да го вклучат и ангажманот на Бернардо Силва кој би пристигнал во Париз, меѓутоа Гвардиола не сакал ниту да чуе за тоа.

Шпанскиот стручњак наводно смета дека доаѓањето на Нејмар би ја нарушила атмосферата и хармонијата во екипата.

Нападот на Сити ова лето беше засилен со доведувањето на Халанд и Алварез.


Де Лихт е нов играч на Баерн од Минхен

Фудбалскиот шампион на Германија Баерн од Минхен го потврди пристигнувањето во своите редови на дефанзивецот од Холандија Матијс де Лихт.

Де Лихт пристигна од Јувентус, и за него Баварците за обештетување платија 70 милиони евра плус 10 милиони низ разни бонуси.

Холанѓанецот при првото обраќање во новиот клуб изјави дека му е мило што ќе биде дел од овај историски клуб, и очекува освојување на голем број трофеи.

Де Лихт својата кариера ја започна во Ајакс, а во 2019 година замина во Јувентус. За репрезентацијата на Холандија има одиграно 38 натпревари и постигна два гола.


Јувентус го доби потписот на Бразилецот Бремер

Италијанските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер Глејсон Бремер ќе биде нов фудбалер на Јувентус.

Голем интерес за Бремер покажуваше и Интер, меѓутоа фудбалерот се одлучи да заигра за бјанконерите.

Понудата на Јувентус изнесува 40 милиони евра фиксно, и седум милиони низ бонуси, што се испостави дека е доволна да го обезбеди новото засилување за одбраната на тимот.


Челзи блиску до договор за Кунде

Фудбалскиот клуб Челзи го договорил трансферот на Жил Кунде кој се очекува да се пресели во клубот од Лондон за 55 милиони евра.

Челзи одамна има интерес за купување на францускиот фудбалер и малку недостасуваше тој ангажман да се оствари во последниот ден од минатогодишниот летен трансфер период.

Актуелниот клуб на Кунде, Севиља, сега ја очекува и официјалната понуда од Челзи која треба да биде нешто повисока од онаа од минатата година која изнесуваше 50 милиони евра.

За потписот на Кунде интерес покажуваат уште Барселона и ПСЖ. 


Шахтојор ја тужи ФИФА, бара 50 милиони евра

Шахтјор од Доњецк го тужеше Судот за спортска арбитража на ФИФА во Лозана и бара отштета од 50 милиони евра.

Шахтјор протестираше против одлуката донесена на 21 јуни, во која се вели дека тренерите и играчите имаат право да ги суспендираат договорите со украинските клубови до 30 јуни 2023 година, освен ако не се постигне договор меѓу играчите, тренерите и нивните сегашни клубови (крајниот рок за договорот беше на 30 јуни).

Украинскиот клуб преговараше со многу луѓе околу продажбата на странски фудбалери, но се пропадна по одлуката на ФИФА.

Шахтјор на тој начин влезе во тешка позиција и мораше да ги продаде сите играчи за девет дена.