фудбал

Хари Кејн е иден сон на Баерн

Генералниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, во интервју за германскиот Билд, изјви дека напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн е иден сон на баварскиот клуб.

Шампионот на Германија го продаде својот најдобар стрелец Роберт левандовски во Барселона, а Кан верува дека англискиот репрезентативец Хари Кејн во иднина би можел да биде негова идеална замена.

„Кејн има договор со Тотенхем. Апсолутно е точно дека се работи за топ класа, но тој е сон за иднината. Во моментот мораме да го дефинираме тимот за актуелната сезона“, истакнува Кан.

Договорот на Хари Кејн со Тотенхем истекува летото 2024 година.


Баси од Ренџерс е замената за Лисандро Мартинез во Ајакс

Ајакс е блиску до потпис со дефанзивецот на шкотски Ренџерс, Калвин Баси.

22-годишниот нигериски интернационалец ќе се пресели во тимот од Амстердам за 22 милиони евра, а планирани се уште 5 во вид на бонуси за учинокот.

Ренџерс, исто така, ќе добие 10 отсто од следната продажба на играчот, кој беше привлечен пред две години од Лестер за скромни 230.000 фунти.

Тоа ќе биде рекорден трансфер во историјата на Ренџерс.


Роналдо: Лага е дека се враќам во Спортинг

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо ја демантираше веста дека се враќа да игра за Спортинг од Лисабон, клубот каде ја започна својата кариера.

Телевизијата Спорт од Португалија објави вест дека голгетерот преговара со управата на Спортинг за негово враќање во Лисабон. 

Информациите беа базирани на фактот што автомобилот на Роналдо бил виден во близина на стадионот на Спортинг, меѓутоа оваа вест набргу ја демантира и самиот Роналдо кој со коментар на  Инстаграм пост напиша дека веста е лажна.


Ибрахимовиќ останува уште една година во Милан

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се согласи да го продолжи договорот со Милан до јуни наредната година.

Италијанските медиуми тврдат дека навивачите на Милан се воодушевени со овај потез на Златан, бидејќи сметаат дека тоа е доказ колку фудбалерот ги почитува росонерите.

Според договорот, Ибрахимовиќ ќе заработува околу 1,5 милиони евра, но ќе има бонуси за одиграни натпревари и постигнати голови.

Шведскиот фудбалер во октомври ќе наполни 41.година, а во моментот се опоравува од операцијата на коленото поради која нема да игра до крајот на годината.


Кунде од Севиља следен на листата на желби на Чави во Барса

Барселона е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и денес го договори трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Каталонците претходно ги донесоа Франк Кеси, Кристенсен и Рафиња, но не мислат да застанат и следен на списокот е Жил Кунде. Тренерот Чави сака да ја засили одбраната со врвен дефанзивец кој ќе биде долгорочен наследник на Жерар Пике, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Поради тиа главните финансиски средства во летниот преоден рок Барселона може да ги насочи толку кон Жил Кунде.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила понуда од 58 милиони евра плус бонуси, што е приближно на сумата која ја бара Севиља.


Лингард се сели во клуб од Саудиска Арабија

Медиумите на Островот тврдат дека 29-годишниот Англичанец Џеси Лингард ќе донесе одлука за својата иднина најдоцна до 22 јули.

Лингард е спремен да одбие понуди од клубови од Премиер лигата и американската МЛС и да се пресели во неименуван клуб во Саудиска Арабија, кој е подготвен да му плаќа 10 милиони фунти годишно.

Лингард стана слободен играч на почетокот на месецот, откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Минатата сезона сезона тој настапи ан 21 меч на кои постигна 2 гола и запиша една асистенција. Лингард има понуди од неколку клубови од Премиер лигата, па доколку се пресели во Саудиска Арабија ќе биде шокантна одлука.


Салихамиџиќ негига дека Баерн ќе го доведе Роналдо

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, ги негира сите шпекулации дека може да го ангжира Кристијано Роналдо.

Германскиот фудбалски шампион од вчера остана без Роберт Левандовски кој се пресели во редовите на Барселона а медиумите веднаш излегоа со најава дека неговото место на „Алијанц“ може да го пополни Португалецот кој е дел од Манчестер Јунајтед.

„Потврдувам дека Баерн Минхен не планира да го донесе Роналдо. Нема причина да разговараме на таа тема“, вели Салихамиџиќ.


Бремер од Торино ќе биде замената за Скриниар во Интер

Интер е во напредни преговори со Торино за трансфер на дефанзивецот Бремер, пренесуваат италијанските медиуми.

Бразилецот е трансфер цел број еден на „нероаѕурите“ за засилување на дефанзивата, бидејќи е означен како идеална замена за Скриниар.

Иако трансферот на Скриниар во ПСЖ се уште не е комплетиран, сепак Интер реши да ги забрза преговорите со Торино, бидејќи интерес за Бремер покажува и Јувентус. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале начелен договор и Интер за Бремер ќе плати 30 милиони евра плус младиот играч Чезаре Казадеј.

25-годишниот Бремер беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А минатата сезона и ќе биде адекватна замена за Скриниар.


Манчестер Јунајтед за 55 милиони евра го доведе Лисандро Мартинез

Од Манчестер Јунајтед го потврдија трансферот на 24-годишниот Лисандро Мартинез од Ајакс. Аргентинскиот дефанзивец ќе потпише петгодишен договор а неделно ќе заработува 120 илјади фунти.

Англискиот тим како обештетување на Ајакс ќе му исплати 55 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Мартинез во Јунајтед стигнува после големото инсистирање од новиот тренер на екипата Ерик тен Таг, кој соработуваше со играчот во Ајакс.


Прилепска Победа го претстави првото засилување

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Победа го претстави Методија Делов како прво засилување за тимот предводен од новиот тренер Бобан Бабунски.

Искусниот 29 годишен дефанзивец се очекува да биде клучен дел од одбраната на Победа во сезоната што следува. 

Делов во Победа пристигна од Тиквеш. Во кариерата има настапувано и за екипите на Кожуф и Вардар Неготино, а има и меѓународно искуство со настапи во Грција.