фудбал

Лос Анџелес го потврди трансферот на Жиру

Американскиот фудбалски клуб Лос Анџелес денеска го потврди доаѓањето на францускиот играч Оливие Жиру, по истекот на неговиот договор со Милан. Жиру се обврза на верност со американскиот клуб до 2025 година, со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Французинот вчера најави заминување од Милан на крајот на сезоната и изјави дека кариерата ќе ја продолжи во американското првенство, но не прецизираше во кој тим ќе се приклучи.

Генералниот директор на Лос Анџелес, Џон Торингтон, изјави дека доаѓањето на Жиру е голема работа за клубот.

„Понекогаш се шегувам дека има играчи со кои би потпишал дури и ако никогаш не играле поради тоа што го носат во соблекувалната, примерот што го дале, професионалноста, желбата за победа, дури и ако веќе имаат освоено многу трофеи“. Рече Торингтон


Атлетико го сака Дибала во своите редови

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, во текот на летниот преоден рок може да стане играч на еден од најдобрите клубови во шпанското првенство, Атлетико Мадрид, пренесува денеска Тодофихајес.

Според истиот извор, Атлетико Мадрид е заинтересиран за потписот на 30-годишниот Аргентинец и е подготвен да плати 12 милиони евра, посочени како обесштетување во договорот за фудбалерот.

Дибала го носи дресот на Рома од летото 2022 година. Вкупно одигра 75 натпревари за римскиот клуб во сите конкуренции, постигнувајќи 34 голови.

Неговиот договор е до крајот на сезоната 2024/25.


Луис Енрике не жали премногу по заминувањето на Мбапе

Килијан Мбапе веќе објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ. Иако фантастичниот напаѓач не потврди дека ќе потпише за Реал, сите добро информирани светски медиуми пишуваат дека мадридскиот клуб во јуни ќе го претстави како свој играч.

За иднината на Мбапе беше прашан и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, на што шпанскиот стратег даде бизарен одговор.

„Денес врне дожд, но во исто време е многу убав ден бидејќи во воздухот има поинаков мирис. Сакам дождливи денови, ме потсетуваат на мојот Хихон. Мислам дека совршено одговорив на вашето прашање”, изјави Енрике на прес-конференцијата во пресрет на гостувањето на ПСЖ кај Ница во 32. коло од Лига 1.

За потсетување, парижаните веќе ја обезбедија титулата шампион на Франција.


Италијанските гиганти го сакаат Гудмунсон од Џенова

Јувентус, Интер и Наполи покажаа голем интерес за исландскиот
напаѓач Алберт Гудмудсон кој од јануари 2022 година игра за Џенова.
Гудмудсон од доаѓањето во Серија на 84 натпревари постигна 31 гол,
а во актуелната сезона постигна 14 погодоци и додаде три асистенции
со што го привлече интересот на себе. „Скај Спорт“ како што тврди
битката за неговиот потис ќе биде жестока.
Во овој момент се истакнале Интер, Јувентус и Наполи. Но,
Гудмудсон се поврзува и со премиерлигашите Тотенхем и Вест Хем.
Исланѓанецот во Серија А е од 2022 година кога за сума од 1.5
милион евра пристигна од АЗ Алкмар. Играше уште за ПСВ и Јонг
ПСВ. За исландската репрезентација запиша 37 настапи и постигна 10
голови.


Фиорентина нема да го откупи договорот на Артур Мело

Иако во понеделникот вечерта постигна гол за победа над Монца,
Бразилецот Артур Мело нема да остане во Фиорентина по
завршувањето на сезоната.
Оваа информација ја објави познатиот италијански новинар
Фабрицио Романо, новинар специјализиран за трансфери, кој
наведува дека Фиорентина одлучила да не ја исплати сумата од 20
милиони евра колку што е договорена неговата откупна клазула.
Најголем проблем за Мело е што не го сака ниту Јуве, па неговиот
трансфер од Барселона, кој беше платен 82 милиони евра во кој беше
вклучен и Миралем Пјаниќ сега се гледа како големо промашување.
Мело играше и за Ливерпул, имаше и многу проблеми со повреди,
додека неговата моментална цена според Трансфермаркт е 15
милиони евра.

Тој одигра вкупно 42 натпревари за Јуве, 45 за Фиорентина во сите
натпреварувања и постигна еден гол – со четири асистенции. Кога е
во прашање репрезентацијата на Бразил, тој забележа 22 настапи.


Виртц ќе биде замената за Де Брујне во Сити?

Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат
англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е
еден од најбараните германски фудбалери.
Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и
најверојатно ќе чини цело богатство, но Манчестер Сити нема да
жали пари за да му ја исполни желбата на Гвардиола.
„Граѓаните“ ова лето најверојатно ќе се разделат со Кевин де Брујне, а
Гвардиола смета дека токму Виртц е идеалниот наследник на
Белгиецот.
Сити е спремен да понуди 150 милиони евра и така да ја победи
големата конкуренција на Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид.


Винициус добива нов договор и подобри услови во Реал

Винициус Јуниор и оваа сезона игра во фантастична форма во дресот
на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади
фудбалери во светот.
Тој има договор со Реал до јуни 2027 година, но клубот сака да го
награди за добрите партии и да му понуди подобар договор. Иако
Бразилецот неодамна го продолжи договорот со „кралевите“, сепак со
доаѓањето на Мбапе може да се доздаде незадоволство бидејќи
Французинот ќе добива далеку повисока плата.
Поради тоа Реал наскоро ќе започне преговори за продолжување на
договорот до 2029 година со значително повисока плата.
Притоа, во договорот ќе има богат бонус доколку Винициус ја добие
„Златната топка“ оваа година.


Даглас Луиз на радарот а два премиерлигашки гиганти

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон
Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.
Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна
го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината. Тој
игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите
играчи за врска во Премиер лигата.
Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но главната битка за
неговиот потпис ќе ја водат Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Астон Вила прави се за да го задржи, па нема да прифаќа понуди
пониски од 80 милиони евра.


Капело: Де Зерби не е тренер за Милан

Фабио Капело се осврна на информацијата дека Роберто Де Зерби може да го преземе кормилото на Милан.

„За него многу се зборува како еден од најдобрите тренери бидејќи Гвардиола го поддржува. Што освои во кариерата? Досега никој не му испрати понуда а во неговиот договор со Брајтон има клаузула од 15 милиони. Тоа премногу е да се плати“, вели Капело.


Ширер: Ова е најлошиот Јунајтед кој некогаш сум го видел

Легендарниот напаѓач, Алан Ширер, упати критики за „црвените ѓаволи“ кои имаат разочарувачка сезона.

„Мислам дека ова е најлошиот тим на Манчестер Јунајтед што сум го видел во мојот живот. Ќе им треба долго време да се приближат до врвот. Дури и да се опорават сите играчи, ќе им треба многу време да го достигнат нивото на Сити, Ливерпул и Арсенал“, нагласи Ширер.