фудбал

Хендерсон заминува од Ајакс на крајот на сезоната

Иднината на некогашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон
во дресот на Ајакс е неизвесна. Како што пишуваат англиските
медиуми, Хендерсон и уште една од скапите инвестиции на Ајакс,
како Стивен Бергвајн се пред заминување од Амстердам поради
очајната финансиска ситуација во клубот.
Ајакс ќе мора да направи бројни финансиски отстапки ако сака со
нормално салдо да ја почне новата сезона. Тоа значи дека Хендерсон
ќе мора да си побара нов клуб, иако дојде во Амстердам во јануари и
потпиша договор до јуни 2026 година.
33-годишниот англиски репрезентативец засега нема назнаки каде би можел да ја продолжи кариерата.


ПСВ Ајндховен нема да го откупи договорот на Сержињо Дест

Сержињо Дест оваа оваа сезона играше како позајмен во ПСВ Ајндховен со кој ја освои холандската шампионска титула.

Изгледаше дека 23-годишниот американски репрезентативец ќе ја напушти Барселона пред следната сезона и дека шпанскиот клуб со задоволство ќе го продаде во Холандија, но трансферот пропадна поради повреда.

Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, ПСВ нема да ја активира откупната клаузула во договорот на Дест иако е задоволен од неговите настапи. Причината е неговата повреда на лигаментите на коленото од која се уште се опоравува.

Дест во јуни ќе се врати во Барселона, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата.

Во редовите на Барселона, тој дојде во 2020 година, но не играше за А тимот до 2022 година. Вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.

Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ. Се очекува да се врати на терените на почетокот на 2025 година


Жоао Феликс не го сакаат ни во Барса, ни во Атлетико

Крилниот напаѓач на Барселона, Жоао Феликс кој е позајмен од Атлетико Мадрид, ќе се врати во тимот од Мадрид на крајот од оваа сезона.

Португалскиот фудбалер не е вклучен во плановите на главниот тренер на мадридскиот клуб Диего Симеоне. Во овој поглед, Феликс може повторно да го напушти Атлетико и да замине на друга позајмица.

Да потсетиме, оваа сезона Феликс учествуваше на 41 натпревар на сите турнири, на кои постигна десет гола и шест асистенции. Актуелниот договор на играчот со мадридскиот клуб е до летото 2029 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.


Кварацкелија најблиску до дресот на ПСЖ

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацкелија, може да замине во ПСЖ откако неговите агенти имале успешни преговори со претставниците на францускиот состав, велат дел од медиумите во Италија.

Тој во сезонава има одиграно  42 меча во сите конкуренции со ефект од 10 голови и девет асистенции.

Неговиот договор е активен со 2027 година а трансферната сума му е околу 80 милиони евра.


Миовски кандидат за фудбалер на годината во Шкотска

Македонскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Абердин, Бојан Миовски, е именуван во потесниот круг на четворица кандидати за наградата „најдобар фудбалер на годината“ која ја доделува Шкотската асоцијација на фудбалски новинари

24-годишниот голгетер е во игра за престижната награда откако постигна 25 гола во сите натпреварувања оваа сезона.  Покрај Миовски на листата кандидати се и Џек Батланд (Ренџерс), Мет О’Рајли (Селтик) и Лоренс Шенкланд (Хартс).

Победникот ќе биде објавен пред годишната вечер на доделување на наградите во недела, 19 мај.


Мурињо најави дека уште долго ќе биде фудбалски тренер

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо најави денеска дека
планира уште долго да биде тренер. Португалецот е без ангажман од
оваа година кога ја напушти Рома.
„Ќе ја завршам кариерата помеѓу 2035 и 2040 година. Дотогаш ќе
продолжам да победувам. Мојата историја е веќе напишана, така што
никој не може да ја избрише“, изјави Мурињо за португалскиот
весник „А Бола“.
Тренерската кариера на Португалецот почна во 2000 година, кога ја
презеде Бенфика.
Мурињо беше на чело и на Униао Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал
Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.


Чаби Алонсо го сака Роналдо во Баер Леверкузен

Саудискиот новинар Алхаза Мутаб наведува дека Баер Леверкузен,
клуб кој е апсолутна сензација во оваа фудбалска сезона, сака да го
доведе Роналдо.
Тоа би бил шокантен трансфер, апсолутно неочекуван со оглед на
сите околности околу Роналдо, но и фактот дека Леверкузен
претпочита поевтини и многу помлади играчи.
Претходно истиот новинар напиша дека Роналдо би можел да се врати во Португалија, неговата татковина, каде што ја започна својата
голема кариера како фудбалер на Спортинг Лисабон.
Сепак, тоа нема да се случи, пишува Мутаб дека Роналдо бил заинтересиран за враќање, но Спортинг имал други планови.


Жоао Невеш од Бенфика е замената за Касемиро во Манчестер Јунајтед

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на
многу европски гиганти.
Најголем интерес за Невеш покажува Манчестер Јунајтед кој сака да
го ангажира играчот за врска на крајот од сезоната.

„Црвените ѓаволи“ сметаат дека фудбалерот на Бенфика е идеална
замена за Касемиро, кој на лето би требало да го напушти „Олд
Трафорд“.
Португалските медиуми пренесуваат дека клубот од Лисабон е
подготвен да го продаде младиот фудбалер во случај на добра понуда.
Невеш има 19 години и важи за еден од најголемите таленти во
Европа, но Бенфика за неговата слобода бара 100 милиони евра.


Половина Премиер лигата го сака Нико Вилијамс од Атлетик Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за
бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.
Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе стандарден шпански репрезентативец.
Тој е дете на Атлетик Билбао и неодамна го продолжи договорот со
2027 година, па на англиските клубови нема да им биде лесно да го
доведат.
Билбао за неговата слобода ќе бара 80 милиони евра, па останува да
видиме кој клуб е спремен да ја плати оваа сума.


Фаџоли се исповеда за својот порок

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, повторно се
извини за зависноста од спортско обложување откако во октомври
беше суспендиран на седум месеци од фудбалот.
„Жал ми е за тоа што го направив. Сите ме поддржаа: клубот,
тренерот и моите соиграчи. Клубот знае дека ги увидов моите грешки.
Заработувам добри пари и многу се коцкам“, додаде играчот од
средниот ред на настанот на кој беше и д-р Лусијана Монте која се
грижи за рехабилитација на Фаџоли.