фудбал

Мората и Саул се вратија во Атлетико по позајмиците во Јуве и Челзи

Атлетико Мадрид ги започна претсезонските тренинзи за новата сезона. Фудбалерите се собраа во Мадрид, но утре заминуваат во Сеговија на двонеделен камп.

Првата контрола на екипата ќе биде на 27 јули против Нумансија. Три дена подоцна избраниците на Диего Симеоне во Осло ќе ги одмерат силите со Манчестер Јунајтед, а на 4 август ќе играат со Кадиз.

На почетокот на подготовките се собраа 29 играчи, меѓу нив и Алваро Мората и Саул Нигез кои се вратија од позајмица. Се појавија и новите засилувања Аксел Витсел и Самуел Лино. Во оваа фаза нема поголеми промени во составот, единствена посериозна е заминувањето на Луис Суарез кому му истече договорот.


Френки де Јонг одлучи да остане во Барселона

Шпанскиот весник Спорт пренесува дека холандскиот репрезентативец Френки де Јонг одбил да ја продолжи својата кариера во Манчестер Јунајтед.

Новиот тренер на Јунајтед Ерик тен Хаг инсистираше на ангажман на Де Јонг, но шпанските медиуми наведуваат дека холандскиот фудбалер од лични и спортски причини одлучил да остане во Барселона.

Според информациите челниците на Манчестер Јунајтед сега ќе пробаат да го ангажираат дефанзивецот на Ајакс Лисандро Мартинез, играчот на ПСЖ Леандро Паредес и фудбалерот на Волвс Рубен Невес.


Ричардс од Баерн потпиша за Нотингем Форест

Досегашниот фудбалер на Баерн од Минхен Омар Ричардс потпиша четиригодишен договор со новиот премиерлигаш Нотингем Форест.

Ричардс минатата сезона воглавно ја мина на клупата на Баерн каде пристигна во 2021 година од англискиот Ридинг. Тој одигра 12 натпревари во шампионската сезона на тимот од Минхен, но само на еден натпревар ги одигра сите 90 минути.

Нотингем Форест мора да ја засили екипата бидејќи оваа сезона повторно ќе игра во Премиер лигата, прв пат после 1999 година.


Хандановиќ го продолжи договорот со Интер

Капитенот на Интер, голманот Самир Хандановиќ го продолжи договорот со клубот до летото 2023 година. 

Искусниот Словенец изјави дека е среќен што ќе остане со нероазурите уште една година.

„Пристигнав во врвен клуб пред десет години, и сеуште сум во врвен клуб. Многу сум среќен и горд што сум капитен на овај тим и привилегија е да продолжам да играм за Интер“, изјави Хандановиќ.

Словенецот својата кариера ја започна во Домжале, а во 2004 година прејде во Удинезе од каде подоцна стигна во Интер.

За репрезентацијата на Словенија одигра вкупно 81 натпревар.


Селта се распрашува за Столе Димитриевски

Според последните информации од Шпанија, Селта е новиот тим кој покажал интерес за македонскиот голман Столе Димитриевски.

Селта е во потрага по голман, а наводно еден од оние кои се на нивниот „радар“ е и Македонецот. За Димитриевски во изминатиот период имаше интерес и од клубови од други земји, меѓутоа негова желба е да остане во Шпанија.

Рајо неодамна го промовираше Диего Лопез за нов голман, па затоа и не е исклучена можноста Димитриевски да биде продаден ова лето.


Валверде и сопругата ограбени на Ибица

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, бил ограбен во шпанското одморалиште Ибица, каде бил на одмор со својата девојка Мина Бонино, објавија шпанските медиуми.

Кон крајот на јуни на истото место беше ограбен и фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, кој беше на одмор со сопругата Џесика Еди. Криминалците тогаш му одзеле на Италијанецот накит, пари и други работи вредни околу три милиони евра.

Валверде поминал подобро бидејќи сумата што исчезнала е многу помала, а неговата поубава половина смета дека во се е вмешан готвачот кој ги пречекал.

„Кога стигнавме до куќата, готвачот веќе беше таму, ни рече дека во моментот има само еден клуч од куќата и дека ќе го задржи за да влезе во куќата наутро и да ни подготви појадок. без да нè вознемирува. Следното утро не можев да станам од креветот, ми се вртеше, повраќав“, рекла Бонино, пренесуваат шпанските медиуми.


Ленгле: Сакам да освојувам трофеи со Тотенхем

Новото засилување на Тотенхем, Клемент Ленгле го даде своето прво интервју како играч на клубот. Во него тој ја изрази својата возбуда за неговиот трансфер и откри кои се неговите цели во следната сезона, која ќе ја помине со Спарс на позајмица од Барселона.

„Многу сум среќен што сум овде во овој град и во овој клуб. Зборував со семејството и пријателите за да ја донесам мојата одлука и сите зборови беа многу, многу добри за клубот. Прилично сум возбуден што ќе ја започнам сезоната со моите нови соиграчи, стадионот и градот. Сето ова ми е ново, но гладен сум. Сакам да играм и да бидам најдобар фудбалер за да му помогнам на тимот да освојува трофеи и да се бори во сите натпреварувања.Пред се, сакам да бидам добар соиграч и дефанзивец кој е силен, агресивен и му помага на тимот да ја освои топката. Многу е важно, пред се, да се биде добар дефанзивец, а потоа да се биде добар играч и да се помогне на тимот“, истакна тој.

Антонио Конте, продолжи тој, е тренер кој има освоено многу трофеи и има големо искуство.


Габриел Жесус: Не сакам да бидам суперѕвезда во Арсенал

Новото засилување на Арсенал, Габриел Жесус изјави дека не пристигнал во клубот за да биде ѕвезда на тимот. Бразилецот имаше одлично деби за лондончани откако постигна два гола во првиот натпревар од победата на „топџиите“ од 5-3 против Нирнберг.

„Не сакам да бидам суперѕвезда. Сакам само да играм фудбал, да излезам на теренот и да им помагам на соиграчите. Мораме да ги правиме работите заедно. Сè – надвор од теренот и на теренот. Не сум тука за да бидам ѕвезда. Тука сум да помогнам, да учам заедно со овие момци и да победуваме заедно“, изјави Жесус по првиот меч со тимот на Арсенал.

Менаџерот на „топџиите“ Микел Артета објави дека изборот во клубот не е завршен. Арсенал летово ги ангажираше Жесус, играчот од средниот ред Фабио Виера, младиот напаѓач Маркињос и голманот Мет Тарнер.

„Има повеќе работи што би сакале да ги направиме доколку можеме. Пазарот ќе утврди дали тоа е можно. Засега сме задоволни со она што го имаме. Можеме уште повеќе да го подобриме тимот и ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Артета.


Превсрт во Каталонија: Дембеле останува во Барса

Сагата околу иднината на Усман Дембеле е при крај. Францускиот интернационалец се очекува да потпише нов договор со Барселона, тврди каталонски „Спорт“.

Во последниве месеци имаше голем број шпекулации околу крилниот напаѓач, за кого интерес има од ПСЖ и клубови од Премиер лигата.

Сепак, Дембеле постигнал договор со Барселона и ќе продолжи да игра за Каталонците и во иднина. Францускиот репрезентативец ќе потпише договор на две години, откако се согласил на намалување на платата за 40%. 


Челзи е на чекор до промоција на Аке од Манчестер Сити

Челзи е блиску до договор со Рахим Стерлинг, но изгледа дека нема да биде единствен кој ова лето ќе се пресели од Сити во таборот на „сините“.

Друштво на Стерлинг би можел да му прави Нејтан Аке. Фабрицио Романо објави дека додека дефанзивецот на Сити ги финализирал своите лични услови, Тухел го уверил во неговиот проект и се очекува да чини помеѓу 40-45 милиони фунти.

Сити пред две сезони го донесе од Бурнмаут за сума од 40 милиони фунти и со таа сума ќе ги вратат вложените пари. Иако од Аке имаше големи очекувања тој не успеа да се избори да стане стандарден првотимец.