фудбал

Марко Асенсио е трансфер мета на Њукасл

Њукасл не запира со ангажирање нови играчи за новата сезона. На мета на клубот од Премиер лигата се најде и Марко Асенсио.

Шпанскиот фудбалер е незадоволен од минутажата во Реал Мадрид и сака да го напушти клубот. Како најзаинтересирана страна околу негов ангажман се споменува тимот на Њукасл.

Договорот на Асенсио со кралскиот клуб истекува во јуни наредната година, и наводно Реал за негова продажба ќе бара околу 25 и 30 милиони евра.

Оваа сума не е проблем за богатите сопственици на Њукасл кои не штедат пари за нови засилувања на тимот. 


Диоп од Монако се сели во Марсеј

Олимпик Марсеј е заинтересиран за напаѓачот на Монако, Софијан Диоп (22), иако потенцијално непремостливите разлики меѓу клубовите го прават овој договор неизводлив.

Диоп одигра одлична сезона под водство на Нико Ковач, но по доаѓањето на Филип Клемент во јануари, тој го загуби првотимскиот статус. Борусија Дортмунд, Ница и Лестер исто така се поврзуваат со трансфер на Диоп, а Марсеј е последниот тим што влегува во низата заинтересирани клубови.


Јунајтед без Роналдо замина на претсезонска турнеја

Манчестер Јунајтед официјално го објави составот кој ќе патува во Тајланд и Австралија на претсезонската турнеја. Во составот има 31 играч, но во него го нема Кристијано Роналдо.

Португалската ѕвезда во понеделникот требаше да се врати на тренинзите заедно со останатите соиграчи кои беа посветени на националните тимови, но поради семејни причини тој досега не се приклучи на тимот. Медиумите продолжуваат да шпекулираат дека Роналдо сака да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се пресели во тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите.

Меѓу најавените 31 играч, има само едно ново засилување во Тајрел Маласија, кој беше потпишан за 15 милиони од Феенорд. Покрај тоа, има 13 јуниори од академијата на тимот кои ќе добијат шанса да го импресионираат новиот тренер на тимот Ерик тен Хаг.

Меѓу нив се големите надежи на 20-кратните шампиони Зидан Икбал, Ханибал Межбри и Алехандро Гарначо, но забележливо е отсуството на Фил Џонс. Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул во вторник на 12 јули во нивниот прв натпревар.


Македонката Нацева од Саса се сели во Борусија Дортмунд

Репрезентативката на Македонија, Марјана Нацева го комплетираше трансферот во Борусија Дортмунд.

Во изминатата сезона Нацева беше дел од тимот на Саса со кој стигна до титулата во македоското првенство, што за нејзе беше седми ваков трофеј. До тие седум трофеи Нацева стигна со три различни клубови.

По трансферот во германскиот гигант секко не го криеше задоволството.

„После успешниот пробен период нашата веќе бивша фудбалерка, потпиша договор со германскиот гигант Борусија од Дортмунд. Огромна благодарност за се што направи за нашиот клуб, ти посакуваме само успеси во иднина“, гласеше пораката со која Каменица Саса и посака среќа на Нацева.


Атлетико го купи Бразилецот Лино од Жил Висенте

Атлетико Мадрид го потврди трансферот на бразилското крило Самуел Лино од Жил Висенте. Атлетико Мадрид за играчот ќе плати 6,5 милиони евра. 22-годишниот офанзивен играч минатата година забележа 13 гола и 5 асистенции на 37 натпревари.

Се уште не е јасно дали 22-годишниот ќе патува со тимот на Диего Симеоне на предсезонски тренинзи во САД или ќе биде позајмен.

Лино игра на позицијата лево крило, а со „јорганџиите“ потпиша договор до 2027 година.


Наполи го „краде“ Филип Костиќ

Спред пошувањата на италијанските медиуми, српскиот репрезентативец Филип Костиќ наредната сезона ќе игра во Серија А, меѓутоа тоа нема да биде ниту во Јувентус или Интер кои важеа за фаворити околу неговиот потпис.

Најголем интерес за Костиќ во моментот покажува екипата на Наполи. Од таму се подготвени за играчот на Ајнтрахт да платат 20 милиони евра.

Тренерот на Наполи очигледно е голем фан на Србинот за кого изјавува дека е играч каков му треба на Наполи и би било одлично доколку клубот успее да го ангажира.


Куман: Не се продаваат Депај и Де Јонг ако сакаме подобра Барса

Роналд Куман ја коментираше ситуацијата околу неговите сонародници Френки де Јонг и Мемфис Депај.

Двајцата холандски фудбалери беа привлечени на „Камп Ноу“ во негово време, но сега од различни причини силно се поврзуваат со заминување од Каталонците.

„Одржувам постојан контакт со Френки и Мемфис. Знам во каква ситуација се наоѓа Френки, но пред некој ден кажа и дека сака да остане. Неговата намера е да продолжи во Барселона и ништо друго. Тоа е единственото што го знам. Челси? Од моја гледна точка, ова би било многу тешко да се направи. Ова се гласини, не знам колку вистина има во нив. Барселона традиционално успева да ги задржи своите најдобри играчи. Ако сакате да се подобрите, не продавате играчи како Френки де Јонг. Мемфис минатата година дојде без пари од Лион и се покажа како одличен играч. Мислам дека тој е играч на ниво на Барселона и затоа потпишавме со него. Сега ситуацијата зависи од тоа дали Чави го сака или не, но за мене нема сомнеж дека е на нивото на Барса“, изјави Куман.


Фулам се засили со Германецот Бернд Лено

Германскиот голман од екипата на Арсенал, Бернд Лено се договорил со Фулам.

Според информацијата, голманот и повратникот во Премиерлигата веќе се договориле за се. Висината на трансферот се уште е предмет на договор меѓу двата клуба.

Арсенал бара околу 12 милиони евра за трансферот, но Фулам не сака да даде повеќе од 10 милиони. Претходно беше објавено дека германскиот репрезентативец се надева дека ќе добие поголема минутажа за да се избори за место во тимот на Германија кој ќе игра на Светското првенство во Катар во 2022 година.


Реина по седумнаесет години се врати во Виљареал

Пепе Реина го напушти италијански Лацио и во новата сезона ќе има нов клуб.

Реина се врати во тимот на Виљареал и потпиша едногодишен договор. Во шпанскиот тим Реина ќе ја има улогата на резервен чувар на мрежата.

За Реина ова е враќање во Виљареал после 17 години кога направи трансфер во Ливерпул. Голот на Лацио Реина го чувареш од 2020 година, а покрај Ливерпул и Виљареал настапуваше уште за Астон Вила, Милан, Наполи, Баерн Минхен и Барселона.


Вилшир ја заврши играчката кариера

Бившиот фудбалер на Арсенал и некогашен англиски репрезентативец Џек Вилшир соопшти дека става крај на својата играчка кариера.

30-годишниот Вилшир изникна во фудбалската академија на Арсенал, а негов последен клуб во кариерата беше данскиот Архус.

Англискиот фудбалер ги помина сите репрезентативни селекции на Англија, а за А селекцијата одигра 34 натпревари и постигна два гола.