фудбал

Црвена Звезда договори продажба на Осман Букари

Црвена Звезда во последно време се покажува како пример како треба да се работи на овие простори кога во прашање е продажбата на фудбалери.

Црвено-белите со продажбите на Недељковиќ и Мијатовиќ во Астон Вила, односно Њујорк Сити инкасираа вкупно 20 милиони евра, а сега би можеле да продадат и трет фудбалер по цена од десет милиони евра.

Според последните информации во српските медиуми тимот на Чикаго Фајр исто така од МЛС лигата испратил понуда вредна десет милиони евра за Осман Букари. Во Звезда засега не донеле конечна одлука за продажбата на репрезентативецот на Гана. Но, преодниот рок во МЛС лигата е отворен дури до 23-ти април, па ситуацијата може да се промени.

Доколку се случи продажба и на трет играч за 10 милиони евра, тогаш јасно е дека Звезда ќе формира солиден буџет за овие простори.


Деко: Чави немаше притисок дека мора да освои трофеи за да остане

Чави Хернандез веќе потврди дека ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната.

Таа одлука беше изненадување за многумина, па и за спортскиот директор на клубот, Португалецот Деко. Во кариерата Деко играше заедно со шпанскиот репрезентативец и секогаш имаа одлична соработка.

Сега Деко истакна дека клубот не барал Чави да замине и тие секогаш го поддржувале, одлуката за заминување ја донел самиот Чави.

„Секогаш беше во плановите за нашата иднина. Имавме визија за следната сезона, но потоа не изненади кога ни соопшти дека сака да замине. Ни кажа дека ќе замине ако ја освои титулата во Ла Лига. Никој не побара такво нешто бидејќи знаевме дека сме во тешко ситуација. Сакавме само да сме конкурентни“, изјави Деко.

Според најавите во медиумите главен фаворит за наследник на Чави во овој момент е Германецот, Ханси Флик.


Милан спремен да го откупи договорот на Лука Јовиќ

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот на сезоната.

Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.

Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот и е спремно да му понуди тригодишен договор, па двете страни се блиску до договор.


Ветеранот Ворнок е нов тренер на Миовски во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски доби нов тренер во Абердин. Се работи за легендарно фудбалско име на Островот, Нил Ворнок.

Тој има 75 години, неговата менаџерска кариера трае речиси 45 години, а ги има предводено и Лидс, Кристал Палас, Шефилд јунајтед и Мидлсборо.

Нил Ворнок доаѓа на местото на Бери Робсон, кој замина од клупата на Абердин минатата седмица, по ремито со Данди на домашен терен во Премиер – лигата.


Икарди се враќа во Серија А, Рома и Наполи фаворити за неговиот потпис

Мауро Икарди ја оживеа кариерата во Галатасарај и на лето сака да се врати во Серија А.

Аргентинецот е врвен напаѓач со искуство во големи клубови, па иако сите го отпишаа додека беше во ПСЖ сепак тој покажа дека уште игра на врвно ниво. Икарди оваа сезона има постигато 18 гола, а силен интерес за него покажуваат Рома и Наполи.

Икарди сака да се врати во Италија и веќе стапил во контакт со овие два клуба.


Тен Хаг може да здивне, повредата на Мартинез не е сериозна

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, нема да оди на операција но, ќе биде надвор од терените околу шест до осум недели, објавија медиумите во неговата татковина – Аргентина.

Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ заработи потешка повреда на последниот меч со Вест Хем а олеснителна околност е што нема потреба да оди во болница.

Доколку тоа се потврди и со дополнителните лекарски прегледи, тоа значи дека бекот ќе може да се врати на стадионите кон крајот на месец март.


Дембеле ја залечи повредата, се враќа и Нуно Мендеш

Фудбалерот, Осман Дембеле, ја санираше повредата и се врати во тренинг процес во составот на ПСЖ, велат последните информации од Франција.

Крилниот напаѓач мораше да го „скокне“ мечот со Стразбур одигран во петокот поради мала повреда на бутот на ногата но, денеска тренираше во клупската база. Се претпоставува дека Дембеле ќе може да игра на мечот со Брест закажан за в среда во рамките на Купот на Франција.

Тренерот, Луси Енрике, веројатно за тој меч ќе може да го користи и португалскиот бек, Нуно Мендеш.


Сака се повреди во победата на Арсенал против Ливерпул

Лондонски Арсенал го победи Ливерпул вчера во мечот од 23. коло на Премиерлигата со 3-1, а крилото на „топчиите“, Букајо Сака кој го постигна првиот гол, на крајот на мечот пријавил повреда. Во 77. минута од натпреварот, 22-годишниот Англичанец со рака му посочи на стручниот штаб дека му е потребна лекарска помош, покажувајќи на пределот на глуждот.

Засега нема информација за сериозноста на повредата и дали тој ќе биде во тимот за следниот меч на Арсенал. Артета по мечот само напомена дека се надева дека Сака ќе биде добро.

Следниот натпревар тимот на Артета е на 11 февруари против Вест Хем Јунајтед.


Луис Енрике: Целиме на сите титули оваа сезона

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по синоќешната победа над Стразбур (1-2) во натпреварот од 20. коло од францускиот фудбалски шампионат, зборуваше за амбициите задачите на Парижаните оваа сезона.

„Дали најдов начин како тимот да напредува? Полошо ќе биде во март, подобро во април, не толку добро во мај, најдобро во јуни. Целта е да се освојат сите трофеи до 1 јуни. Ете колку сме храбри“, изјави Енрике за „L’Equipe“.

Пари Сен Жермен е прв на табелата во Лига 1 со освоени 47 бода на 20 натпревари.

Следни предизвици за тимот на Енрике се средбите со Брест во Купот на Франција на 7 февруари, а на 14 февруари е првиот дуел со Реал Сосиедад во плејофот на Лигата на шампионите.

ПСЖ е актуелен шампион на Франција.


Два премиерлигаши го сакаат Кварацкелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата и ПСЖ.

Кварацхелија оваа сезона не игра на нивото на минатата сезона, едноставно се вклопи во сивилото на Наполи, но европските гиганти продолжуваат да покажуваат сериозен интерес.

Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Арсенал внимателно го следат Кварацхелија и се спремни да испратат богата понуда за него на крајот на сезоната.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но Челзи и Ливерпул се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.