фудбал

Астон Вила нема да го откупи Заниоло, напаѓачот се враќа во Италија

Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло после одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, во летниот преоден рок се пресели во Премиер лигата. Астон Вила плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица со право  на откуп на крајот на сезоната.

Иако Италијанецот пружи солидни партии во Премиер лигата, сепак Астон Вила донела одлука да НЕ го откуп неговиот договор на крајот на сезоната.

Ситуацијата будно ја следат клубовите од Серија А, пред се Милан, Јувентус и Наполи, кои сакаат на лето да го доведат во своите редови.

Самиот Заниоло сака да се врати во Италија, па само прашање е кој дрес ќе го облече.


Саудијците го сакаат и Бруно Фернандеш

Ал Хилал тргнува во акција за купување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, пренесува британски „Дејли Стар“.

29-годишниот португалски репрезентативец, кој од јануари 2020 година го носи дресот на „црвените ѓаволи“, наводно веќе одбил една понуда од првиот човек на Ал Хилал, но раководството на клубот од Ријад не сака така лесно да се откаже од негов ангажман.

„Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус, е сериозно заинтересиран за Фернандеш, со кого веќе со кого веќе соработуваше во Спортинг во сезоната 2017/2018. Па нема да се откажат од обидот за ангажман, веќе на крајот од актуелната сезона“ – пишува „Дејли стар“.


Aлфонсо Дејвис се повреди пред дербито во Леверкузен

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се повреди во 85. минута при победата од 3-1 над Борусија Менхенгладбах. Баварците потврдија дека дефанзивецот има повреда на страничните лигаменти на левото колено.

Клубот не откри колку долго ќе паузира канадскиот интернационалец, но според печатот во Германија, Алфонсо Дејвис речиси сигурно нема да му биде на располагање на Томас Тухел за битката против лидерот Баер Леверкузен во следното коло.

23-годишниот бек оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Притоа постигна еден гол и четири асистенции.


Фелаини стави крај на богатата кариера

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини дефинитивно ја завршува својата богата играчка кариера.

Славниот Белгиец реши да ги „обеси копачките на клин“ по осумнаесет години активен фудбал, а последните четири години ги мина како играч на кинескиот Шандонг Тајшан.

„Со овој пост би сакал да се заблагодарам на сите и да објавам дека ја завршувам мојата успешна 18-годишна фудбалска кариера. Патувањето беше навистина неверојатно“, напиша поранешниот белгиски репрезентативец на својот Инстаграм профил.


Реал ќе го врати Кепа во Челзи на крајот на сезоната

Реал Мадрид нема да го задржи Кепа Аризабалага и голманот ќе се врати во Челзи од каде што пристигна на позајмица во август оваа година.

Шпанскиот голман беше ангажиран како замена за Тибо Куртоа кој се повреди за време на подготовките и ќе ја пропушти комплетната сезона. Аризабалага доби прилика да застане на голот, но со своите настапи не успеа да ги убеди луѓето во Реал Мадрид да го откупат неговиот договор.

Во овој момент Анчелоти му дава поголема доверба на Андреј Лунин кој на последните натпревари беше прв избор. Одлуката дека клубот нема да смета на него веќе му била соопштена и на Кепа и неговата менаџерска агенција.

Од друга страна договорот на Кепа со Челзи е со важност до 30-ти јуни 2025 година, а бидејќи и во англискиот клуб не сметаат на него најверојатно ќе биде продаден во летото кое следи.


Интер Мајами втор МЛС-клуб со вредност преку милијарда долари

Интер Мајами стана втората највредна франшиза во МЛС лигата, објави Форбс. Според изданието, вредноста на клубот е зголемена за 72% во однос на минатата година и сега изнесува 1,03 милијарди долари.

Се потенцира дека главната причина за овој раст е потпишувањето на договор со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси од страна на Интер Мајами во летото 2023 година.

Интер Мајами, наводно, стана вториот клуб во историјата на лигата кој е проценет на 1 милијарда долари, според Форбс. Претходно, ФК Лос Анџелес ја постигна таа пресвртница во 2023 година и останува највредниот тим на МЛС лигата со приходи од над 1 милијарда долари, односно 1,2 милијарди долари.

36-годишниот аргентински напаѓач Лионел Меси се пресели во Интер Мајами во јули 2023 година како слободен играч. На 14 натпревари за својот нов клуб, Меси постигна 11 гола и даде пет асистенции.


Ројс летово ја напушта Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс е блиску до заминување од тимот на крајот на сезоната, пренесува „Билд“.

Договорот на 34-годишниот Германец истекува ова лето и според таблоидот, најверојатно клубот нема да му понуди нов договор.

Одговорните во клубот сметаат дека ветеранот веќе го дал својот максимум и помладите играчи треба да бидат лансирани како негови наследници.

Марко Ројс пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ во 2012 година. Ројс одигра 24 настапи за тимот во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи шест гола и давајќи три асистенции.


Пекерман мора да биде обештетен од Венецуелската фудбалска федерација

ФИФА и наложи на Венецуела да му плати речиси три милиони долари на својот поранешен селектор Хозе Пекерман како компензација за отказот во март 2023 година.

Фудбалскиот сојуз на Венецуела ќе му плати на Пекерман 1.71 милион долари како оштета, плус 5% годишна камата од 23. Август 2023 година до подмирувањето на долгот и 1.14 милиони долари казна, стои во соопштението на ФИФА.

Како што пишува венецуелскиот печат, Хозе Пекерман добил отказ откако при ревизијата биле откриени неправилности поврзани со Паскал Лескан, „десната рака“ на тренерот.

Доаѓањето на поранешниот селектор на Колумбија и Аргентина ги зголеми очекувањата во Венецуела, единствената земја на КОНМЕБОЛ која никогаш не се пласирала на Светското првенство.


Две големи засилувања од Премиер лигата за Галатасарај

Галатасарај се засили со напаѓачот на Фулам, Карлос Винисиус и десниот бек на Нотингем Форест, Серж Ауриер.

31-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Серж Орие, ќе го замени Саша Боје, кој беше продаден на Баерн Минхен.

Карлос Винисиус пак пристигнува на позајмица од Фулам за 600.000 евра до крајот на сезоната со право на откуп.

Бразилскиот фудбалер одигра вкупно 48 натпревари за Фулам, постигна осум гола и имаше три асистенции.


Баерн не се откажува од потписот на Араухо

Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра од Баерн Минхен за Араухо.

Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му го претстави проектот на Баерн со него во центарот на одбраната, но Уругваецот остана во Барселона.

Сепак, Баварците не се откажуваат од Уругваецот и во летниот преоден рок ќе направат уште еден обид да го доведат во Минхен.

На лето Баерн е спремен да го продаде Де Лихт и да испрати понуда од 100 милиони евра за Араухо, сума која Барса нема да може да ја одбие.

Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра од Баерн Минхен за Араухо. Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му го претстави проектот на Баерн со него во центарот на одбраната, но Уругваецот остана во Барселона. Сепак, Баварците не се откажуваат од Уругваецот и во летниот преоден рок ќе направат уште еден обид да го доведат во Минхен. На лето Баерн е спремен да го продаде Де Лихт и да испрати понуда од 100 милиони евра за Араухо, сума која Барса нема да може да ја одбие.