фудбал

Премиерлигашки фудбалер уапсен заради силување

Познат фудбалер од Премиер лигата денес бил уапсен и за него полицијата покренала истрага, пренесува „Телеграф“.

Весникот го откри идентитетот на фудбалерот, но откри дека е интернационалец, има приближно 30 години и се очекува да игра за својата земја на претстојното Светско првенство во Катар.

Апсењето се случило во лондонската населба Барнет.

За него има обвинение од 20-годишна жена дека тој во јуни сексуално ја злоупотребил. Од полицијата потврдија дека во мометов фудбалерот е во полициска станица и се вршат испитувања за случајот.


Ричарлисон го пропушта почетокот на новата сезона поради казна за чадна бомба

Новиот фудбалер на Тотенхем, Ричарлисон, е суспендиран на еден натпревар поради тоа што минатата сезона додека играше за Евертон, при прослава на даден гол тој зеде чадна бомба од теренот и ја фрли кон трибината.

Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Ричарлисон ја прифатил казната за недолично однесување, доби суспензија на еден натпревар и парична казна од 25 илјади фунти.

Бразилецот поради казната ќе го пропушти дуелот во Лондон против екипата на Саутемптон кој се игра на 6.август.


Кристоф Галтие е нов тренер на Париз Сен Жермен

Францускиот тренер Кристоф Галтие и официјално е назначен за нов тренер на Париз Сен Жермен.

55-годишниот Галтие со шампионот на Франција потпиша договор до јуни 2024 година, меѓутоа финансиските детали не се соопштуваат. Тој на клупата на ПСЖ ќе со наследи Маурицио Почетино кој доби отказ од клубот после само 18 месеци.

Галтие минатата сезона ја водеше екипата на Ница, а претходно беше тренер на Лил и Сент Етјен. Со тимот на Лил беше шампион на Лига 1 во сезоната 2022/2021.


Халанд во 2024 година се сели во Реал?

Шпанските медиуми пренесуваат дека челниците на Реал Мадрид планираат во 2024 година да го ангажираат фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд.

Халанд неодамна направи трансфер од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити за 60 милиони евра, и потпиша договор до јуни 2027 година.

Според информациите, Халанд во договорот со Сити има клаузула според која тој може да ја напушти екипата од Манчестер во 2024. година со обештетување од 150 милиони евра.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Реал Мадрид ќе проба да го доведе норвешкиот фудбалер со активирање на клаузулата во договорот.


Стерлинг на чекор до трансфер во Челзи

Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативец на Англија, Рахим Стерлинг, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Челзи.

Ивори блиски до Скај Спорт наведуваат дека двата клуба се блиску до договор, и наводно е договорена висината на обештетувањето. Сега останува само Челзи да ги договори личните услови со Стерлинг пред реализација на трансферот кој би чинел 50 милиони фунти.

27-годишниот Стерлинг има договор со Манчестер Сити до јуни наредната година. Тој во Сити пристигна од Ливерпул во 2015 година.


Марковски доби ново засилување, Иванов потпиша за Работнички

Прволигашот Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.

Бојан Иванов е играч од средниот ред кој располага со одлична фудбалска техника и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски.


Лунин ги одби сите понуди, сака да остане во Мадрид

Андриј Лунин кој му е резерва на голманот, Тибо Куртоа во Реал Мадрид, нема намера да го напушти клубот иако неговиот татко го советува да го направи спротивното.

Украинецот иако ја грее клупата, одлучи да продолжи да го носи дресот на „кралевите“ со надеж дека еден ден ќе биде прв голман на Бернабе.

23-годишниот чувар на мрежата беше купен во 2018 година од Зорја Луганск за 8,5 милиони евра.


Тен Хаг лично ќе го убедува Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака лично да разговара за иднината со напаѓачот Кристијано Роналдо, пишува Дејли Меил.

Според изворот, разговорот меѓу страните е закажан во моментот на враќање на Роналдо во клубот за да започне со претсезонските тренинзи.

Претходно беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на „црвените ѓаволи“ да го продадат доколку дојде добра понуда. Поточно, португалскиот напаѓач е незадоволен од активноста на клубот на трансфер пазарот, во споредба со конкурентите во Премиер лигата.

Исто така, беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да ангажира 6-7 нови имиња во летниот преоден рок.


Маласија доаѓа на потпис во Манчестер Јунајтед

Тајрел Маласија денес треба да пристигне на Островот за да ги реализира задолжителните медицинските прегледи пред да потпише за Манчестер Јунајтед.

„Црвените Ѓаволи“ и Феенорд претходно ги договорија сите детали околу трансферот. Фудбалерот ќе остане на стадионот – „Олд Трафорд“ до 2026 година а има и опција и за дополнителни 12 месеци.

Дваесеткратниот шампион на Англија за левиот бек ќе плати 15 милиони евра, плус два како бонуси.


Чави „пречкрта“ шест играчи на Барселона

Тренерот на Барселона Чави Ернандез во наредната сезона нема да смета на шест фудбалери, а то се Рики Пуиг, Оскар Мингуез, Клеман Ленгле, Самуел Умтити и Муса Вагуе.

Барселона ги започна подготовките за новата сезона, а тренерот Чави им соопшти на челниците на клубот дека повеќе нема да рачуна на услугите на споменатите играчи, и дека им порача да си побараат нови клубови.

Чави очекува дека во следниот период Барса ќе ја засилат пет нови фудбалери.

Екипата од Камп Ноу минатата сезона остана без освоен трофеј, а во Ла Лига заврши како второпласирана со 13 бода помалку од шампионот Реал Мадрид.