фудбал

Димитриевски добива нов договор во Рајо Ваљекано

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред потпишување на нов договор со Рајо Валјекано.

Актуелниот договор на чуварот на мрежата истекува на крајот на оваа сезона, а Столе Димитриевски секако напомена дека прво ќе разговара со сегашниот клуб за продолжување на соработката.

„Ел Чирингито“ тврди дека Столе Димитриевски многу брзо ќе стави потпис на нов договор, а ќе добие зголемување на годишната плата.


Осимен најави трансфер во Англија ова лето

Виктор Осимен готово сигурно налето ќе се пресели во Премиер лигата.

Осимен неодамна стави потпис на нов договор со Наполи, но во него има откупна клаузула.

После лошата сезона на Наполи, Осимен јавно потврди дека е спремен да следен чекор во кариерата и дека има донесено одлука.

„Веќе ја донесов мојата одлука за следниот чекор што треба да го направам на крајот од сезоната. Веќе имам се јасно во мојот ум, веќе го имам мојот план. Знам што сакам да правам, следниот избор што сакам да го направам е веќе донесен. Премиер лигата е една од најголемите лиги во светот. Сакам да ја завршам сезоната со Наполи најдобро што можам и тогаш ќе дојде конечниот избор“, изјави Осимен.


Милан спремен да го откупи договорот на Лука Јовиќ

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот на сезоната.

Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.

Милан има опција во договорот да го задржи на крајот на сезоната без обештетување, бидејќи Јовиќ во Фиорентина пристигна како отстапен од Реал Мадрид.

Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот и е спремно да му понуди 3-годишен договор, па двете страни се блиску до договор.

Милан на лето сака да доведе врвен голгетер, а Јовиќ ќе остане како втора опција во нападот.


Жоелингтон успешно опериран, се враќа на терените по четири месеци

Њукасл објави дека фудбалерот,  Жоелинтон, имал операција  на препоните. Бразилецот се повреди на натпреварот од ФА Купот против Сандерленд одигран на 6 јануари.

Хируршката интервенција беше успешна и фудбалерот ќе започне со процесот на опоравување. Се очекува тој да биде подготвен за настап во почетокот на мај. Одличниот играч за врска пристигна во Њукасл во 2019 година.

Тој има 23 настапи со 3 гола и исто толку асистенции. Договорот на Бразилецот со клубот од „Сент Џејмс Парк“ е до 2025 година.


Видал се врати дома, потпиша за Коло Коло

Артуро Видал пронајде нов клуб и тоа во неговата татковина Чиле.

36-годишниот Чилеанец кој во Европа беше дел од гиганти како: Јувентус, Баерн, Барселоан и Интер минатата сезона го носеше дресот на Атлетико Параненсе во Бразил.

Видал сега се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Коло-Коло каде што ќе настапува со бројот 23 на грбот. Во својата кариера Видал успеа да освои и две титули на Копа Америка со Чиле.


Барса одлучи да го откупи договорот на Жоао Кансело

Барселона донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажа. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.

Барселона донела конечна одлука и е спремна да плати 25 милиони евра за откуп на договорот.


Барса одлучи да го откупи договорот на Кансело

Барселона донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажа. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.

Кансело ги оправда очекувањата на Чави и игра одлично на „Камп Ноу“, па приоритет ќе биде негово останувањ во тимот.

Барселона донела конечна одлука и е спремна да плати 25 милиони евра за откуп на договорот.


Бензема спремен да се врати и да ја заврши кариерата во Лион

Карим Бензема по само неколку месеци поминати во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европа.

Ал Итихад поради недисициплина го исфрли за продолжение од првенството, а фудбалерот не крие дека сака да ја промени средината.

Последните информации се дека Бензема може да се пресели во Лион, клуб каде ја започна фудбалската кариера.

Лион се надева дека ќе може да ги убеди Саудицјите да се согласат на договор поради добриот однос на „Игл“, кој е сопственик на францускиот клуб, со саудиските власти.


Баерн реши да ги продаде Канаѓанецот Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го напушти Баерн Минхен.

Дејвис сака да ја зголеми платата на 14 милиони евра годишно, но Баерн не е подготвен за такво нешто, па преговорите се во застој. По последните преговори, Баерн е подготвен да го продаде Дејвис на лето со цел да не си замине бесплатно во јуни 2025 година.

Клубот не е задоволен од неговото однесување, а и постојаните шпекулации за трансфер во Реал Мадрид влијаат на него.

Реал е во контакт со неговиот агент и наводно имаат начелен договор, а Баерн е разочаран од ситуацијата и спремен да го продаде на лето


Халанд се врати на тренинзите по седум недели пауза

Ерлинг Халанд се опорави од повредата и се врати на тренинг. Напаѓачот на Манчестер Сити почна да тренира со своите соиграчи и се очекува Норвежанецот да се врати на терените до крајот на месецот.

Халанд нема играно натпревар од 6 декември поради повреда на стапалото.

Оваа сезона во 15 натпревари во Премиер лигата Халанд беше стрелец на 14 гола, а имаше и 4 асистенции.