фудбал

Лапорта: Следната недела следи промоција на Кеси и Кристенсен

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта потврди дека клубот ги заврши трансферите на Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

Промоцијата на двајцата нови фудбалери се очекува да се случи следната недела.

Лапорта за медиумите потврди дека играчите ги завршиле медицинските тестови и дека ги потпишаа договорите со клубот. 

Кеси во Барса пристигна како слободен играч од Милан, додека Кристенсен дојде од Челзи.


Икарди пред потпис со новиот прволигаш Монца

Мауро Икарди е пред враќање во Серија А после неуспешната епизода во ПСЖ каде што не доби преголема минутажа. Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди би можел да биде ново засилување за новиот калчолигаш Монца.

„Спорт Медијасет“, медиум кој е во сопственост на Берлускони како и Монца објави дека Икарди има прималива понуда. Сопртугата на Икарди, Ванда Нара наводно инсистира на враќање во Италија.

Освен тоа и ПСЖ сака да се ослободи од Икарди кој е „вишок“. Клубот од Париз би можел да го пушти Икарди со опција за позајмица со откуп по завршувањето на сезоната.

Икарди во Серија А покрај Интер го носеше и дресот на Сампдорија каде што играше одличен фудбал.


Евертон ја засили одбраната со Тарковски од Барнли

Англискиот премиерлигаш Евертон соопшти дека потпиша договор со искусниот дефанзивец од екипата на Барнли, Џејмс Тарковски.

Тарковски во Евертон доаѓа како слободен играч без обештетување бидејќи не 30.јуни истече неговиот договор со Барнли.

Повремениот англиски репрезентативец со Евертон потпиша договор на четири години.


Мухамед Туркмен е нов претседател за развој во ФК Вардар

Вардар објави дека Мухамед Туркмен е избран за нов претседател за фудбалски развој во ФК Вардар на кој што му се доверуваат идните стратегиски планови додека останатата структура во клубот останува непроменета.

Мухамед Туркмен е роден во 1986 година во Орду и студиите ги завршува на Факултетот за спортски науки на Универзитетот Мармара со значителен успех. Во својата кариера има настапувано за Фенербахче и Анкарачугу и уште неколку тимови во Турција како и за сите младински категории на Турција. По завршувањето на активната кариера започнува како помошник тренер на Јилмаз Вурал, а подоцна како аналитичар и скаут со УЕФА А лиценца со која што се стекнува со големо искуство во развојот на фудбалот.

Како што најавивме клубот има план да ги оствари зацртаните идни цели за кои што мора да има финансиски стабилна конструкција и стратегија за одржлив развој на нашиот клуб. Поради оваа причина, новиот претседател најавува дека сите финансиски планови и зацртани цели за стабилност на клубот кои се подготвени и предвидени ќе стапат на сила со новиот стил на управување на клубот кој што го најавивме во изминатиот период.

Плановите за наредната сезона се враќање во првата лига и борба за трофејот во Купот на Македонија додека на среден рок плановите се освојување на титулата и излез на европската сцена.


Роналдо побара од Манчестер Јунајтед да си замине од клубот доколку пристигне поволна понуда

Според објавите во англиските медиуми, Кристијано Роналдо побарал од челниците на Манчестер Јунајтед да го напушти клубот доколку пристигне добра понуда. Информациите велат дека за Роналдо постои интерес од неколку екипи, а 37-годишниот Португалец верува дека може да одигра уште три или четири сезони на највисоко ниво.

Како екипи кои се споменуваат дека ќе испратат понуда за негов ангажман се Челзи од каде веќе имале средба со менаџерот на Роналдо, и калчолигашот Рома каде тренер е Жозе Мурињо.


Јован Манев од Брегалница се сели во Аданаспор

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Јован Манев, прави голем чекор во својата кариера бидејќи го очекува трансфер во турскиот клуб Аданаспор.

21-годишниот дефанзивец со одличните игри кои ги прикажа настапувајќи за фудбалскиот клуб Брегалница, го привлече вниманието од повеќе европски екипи а најконкретни за негов ангажман беа од турскиот прволигаш Адана.

Главен тренер во новиот клуб на Манев е легендарниот Винченцо Монтела, а негов нов соиграч ќе биде популарниот Марио Балотели.


Берлускони ги посакува Икарди и Дибала во Монца

Фудбалскиот клуб Монца се пласира во Серија А, а нејзинот сопственик Силвио Берлускони има високи амбиции за наредните години.

Според објавите на познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио, Берлускони и неговиот долгогодишен соработник, Галијани, сакаат во своите редови да ги доведат двата аргентински фудбалери, Мауро Икарди и Пауло Дибала.

Иако оваа трансфер операција на прв поглед изгледа невозможна, кога се во прашање Берлускони и Галијани секогаш постои шанса за изненадувања.

Мауро Икарди од поодамна не е во планот на Париз Сен Жермен, но има висока плата од 10 милиони евра, па доколку би пристигнал во Монца ќе треба да се постигне некаков договор за поделба на платата. Дибала е слободен играч ова лето, и тој во моментот води преговори со Милан и Интер, меѓутоа доколку играчот не постигне договор со овие гиганти, тогаш Берлускони ја гледа својата шанса да го ангажира Дибала во Монца.


Рома потпиша со Миле Свилар од Бенфика

Рома синоќа и официјално потврди дека потпиша договор со голманот на екипата на Бенфика, Миле Свилар.

22-годишниот Свилар дојде во Рим како слободен фудбалер и потпиша договор со „волчицата“ до 30 јуни 2027 година и го одбра дресот со бројот 99.

Десниот бек Алесандро Флоренци ја напушти Рома, откако Милан го купи по истекот на закупот. „Росонерите“ потпишаа договор со него до летото 2025 година.


Михтарјан пристигна во Интер

Ерменскиот фудбалер Хенрик Михтарјан и официјално е нов играч на Интер. Тој со клубот потпиша двегодишен договор.

33-годишниот фудбалер стана играч на Интер веднаш откако му истече договорот со неговиот досегашен клуб Рома.

Михтарјан кој е некогашен играч на Манчестер Јунајтед и Арсенал, претодните три сезони ги помина во Рома за која одигра 117 натпревари и постигна 29 голови и 28 асистенции.


Шкендија го промовира Јан Вондра

Фудбалскиот клуб Шкендија и официјално го потврди доаѓањето на чешкиот интернационалец Јан Вондра. Тој настапува на позицијата лев бек и се очекува да биде солидно појачување за тој дел од екипата.

„Среќен сум што пристигнав во Тетово и што ќе играм за Шкендија. Се надевам дека ќе прикажам добри игри на почетокот на Конференциската лига и пред стартот на новата сезона во македонската фудбалска лига“, изјави Вондра по потписот на договорот со Шкендија.