Мареска сака две засилувања од Дортмунд за својот Челзи
Челзи оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиската Премиер лига, каде што пред нив е само Ливерпул.
„Сините“ играат извонредно и потсетуваат на стариот Челси кој освојуваше титули во Лигата на шампиони, Премиер лигата и многу други.
„Скај Спорт“ објави дека лондонскиот клуб сака да се засили на позицијата голман токму од Борусија Дортмунд.
Станува збор за швајцарскиот голман Грегор Кобел. Тоа што го одликува Кобел е одличната игра со нозете, што точно е основа на филозофијата и тактиката на тренерот на Челси, Енцо Мареска.
Швајцарецот е вистинскиот профил на голман кој го бара Челси да го замени Роберто Санчез меѓу стативите.
Покрај Кобел, се споменува и доаѓањето на талентираниот Карим Адејеми.
Сити се интересира да потпише со Погба
Се појави информација дека Пеп Гвардиола го контактирал Пол Погба со намера да го доведе во Манчестер Сити, пренесува британски „Индепендент“.
Светскиот шампион со француската репрезентација од Мундијалот во Русија пред шест години ќе се врати на терените на почетокот на јануари по 18-месечна забрана, а оваа околност би можел да ја искористи Сити на кој му е многу потребен играч од средниот ред по повредата на Родри.
Погба е слободен играч од овој месец и има апсолутно одврзани раце во преговорите со кој било клуб, па затоа би бил идеална опција за Сити бидејќи би пристигнал бесплатно на Етихад.
Истиот извор додава дека главна пречка за реализација на оваа работа би била неподготвеноста на Погба, бидејќи долги години настапуваше во Манчестер Јунајтед, во чиј дрес ги запиша првите минути во професионалниот фудбал.
Ливерпул едвај до реми со Фулам, Евертон го сопре Арсенал
Кикс на фаворитите во 15.коло во Премиер лигата. Ливерпул и Арсенал одиграа нерешено со Фулам, односно Евертон. Ипсвич во последните секунди победи во Вулверхемптон, а Њукасл го декласира Лестер.
Ливерпул, втора пат по ред не успеа да победи во Премиер лигата. откако во минатото коло одигра 3-3 во Њукасл, вечерва одигра 2-2 со Фулам на домашен терен. Ливерпул од 17. минута играше со фудбалер помалку. Робертсон доби црвен картон во моменти кога Фулам веќе имаше предност со голот на Андреас Переира.
Ливерпул изедначи во 47. минута со голот на Гакпо. Холанѓанецот во полувремето го замени Луис Дијаз. Ливерпул притискаше константно во вториот дел, а Фулам се закануваше од контранапади. Еден теков вроди со плод во 76.минута, кога Муниз го совлада Алисон.
Пораз на лидерот спречи повратникот во тимот Диого Жота во 86. минута.
Ливерпул на врвот има 36 поени, но утре доколку го победи Брентфорд Челси може да се доближи на минус од само два бода.
Киксираше и Арсенал на домашен терен против Евертон. Микел Артета мораше да му честита на Шон Дајч за начинот на кој неговиот тим се бранеше и успеа да се одбрани на стадионт од кој Евертон освои бод по пауза од четири години. Натпреварто заврши без голови 0:0.
Њукасл убедливо го порази Лестер со 4-0. Головите „страчките“ ги постигнаа во периодот од 30. до 60.минута. Серијата ја отвори Марфи, потоа погодија Бруно Гимараеш и Исак, а Марфи потоа стави точка на натпреварот.
Во пресметката на екипите кои се борат за опстанок, Ипсвич забележа голема победа во Вулверхемптон.Доерти со постигна авто гол во 15.минута, Матеус Куња изедначи во 72, а буквално во последните секунди Тејлор погоди за голема победа на Ипсвич.
Прв пораз на Компани во Бундеслигата, Баерн падна во Мајнц
Фудбалерите на Баерн Минхен во 14.коло го доживеаја првиот пораз во Бундес лигата оваа сезона. Лидерот на табелата падна во Мајнц, му пресудиа Кореецот, Ли Јае-сунг (2-1). Киксот на Баерн го искористи актуелниот шампион Баер Леверкузен и со триумфот во Аугсбург ја намали предноста на Баерн на четири бода.
Мајнц кој минатата сезона во финишот на сезоната избори опстанок, оваа игра одлично. Против Баерн ја забележа шестата победа и скокна на шестото место на табелата.
Два пати Сунг ги шокира Баварците, во 41. и 60.минута. Поразот на баерн само го ублажи Сане во 87.минута.
Актуелниот шампион Баер Леверкузен, во Агсбург, за едно полувреме ја обезбеди победата. Првиот гол го постигна Терие во 14., а вториот Вирц во 40.минута.
Борусија Менхенгладбах убедливо го победи Кил со 4-1, а натпреварот Унион Берлин-Бохум е прекинат во 80.минута при резултат 1-1, кога голманот на гостите Партик Друс беше погоден во глава со предмет фрлен од трибините.
Наполи се разбуди по поразите од Лацио и освои три бода во Удине
Фудбалерите на Наполи го совладаа Удинезе со 1-3 на гостувањето на „Фриули“ во натпреварот од 16. коло на италијанската Серија А.
„Наполитанците“ освоија важни бодови на тешкото гостување, останаа на второто место на табелата, со два бода помалку од лидерот Аталанта. Наполи победи во Удине со пресврт во второто полувреме.
Првиот дел не беше добра за Наполи, Удонезе стекна предност, откако во 22.минута Алекс Мерет го одбрани пеналот на Флоријан Това, но топката се врати кај францускиот играч кој погоди од вториот обид.
Вториот дел донесе поинаков пристап кај фудбалерите на Наполи, изедначија во 50.минута со голот на Ромелу Лукаку, а целосно отпорот на Удинесе ко скршија во последните 15 минути.
Соло акцијата на Давид Нерес во 76.минута заврши со авто гол на Лаутаро Џанети, а во 81.минута точка на натпеварот стави Самбо Ангинса.
Тухел ја најави првата промена, Вајт се враќа во англиската репрезентација
Новиот селектор на Англија, Томас Тухел проговори за можното враќање на Бен Вајт во репрезентацијата на Англија.
Дефанзивецот на Арсенал претходно го одби повикот во репрезентацијата под водство на Герет Саутгејт. Фудбалерот нема играно за националниот тим од март 2022 година.
„Ќе разговарам со него. Да почнеме одново“, изјави селекторот на Англија, Томас Тухел.
Оваа сезона Бен Вајт одигра 9 натпревари во Премиер лигата и направи една асистенција.
Челниците ја Јуве ја сакаат ѕвездата на Феенорд
Директорот на Јувентус, Џунтоли и тренерот Тиаго Мота се согласиле околу обидoт за ангажирање на Давид Ханко од редовите на Феенорд.
Словачкиот репрезентативец игра квалитетно во составот од Ротердам и го привлекол вниманието на Јувентус, а Џунтоли поради него го следел и дуелот на Сити и Феенорд. Од друга страна, медиумот од Торино пренесува дека и агентот на Ханко бил на трибините на „Алијанц“ на неодамнешното соочување меѓу Јувентус и Сити во Лигата на шампионите.
Цената на Ханко е најмалку 35 милиони евра, па „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат првично на заем, за инвестицијата да ја комплетираат во летниот преоден рок.
26-годишниот фудбалер може да игра како стопер и лев бек и тоа оди во прилог на актуелните потреби, а веќе има искуство во Италија откако кратко беше член на Фиорентина.
Бараха пред смена, Димитриевски ќе добие нов тренер
Резултатите на Валенсија не може да бидат полоши, тимот од Местаља по вчерашниот пораз од Ваљадолид падна на последното место на табелата.
Шпанските медиуми најавуваат дека тренерот Рубен Бараха наскоро ќе добие отказ, раководството на Валенсија веќе е во потрага по негов наследник.
Вчера Димитриевски го имаше своето деби во Ла Лига за Валенсија која загуби со 1-0 од Ваљадолид.
По овој пораз тие паднаа на последното место на табелата што е огромно разочарување за навивачите на овој легендарен клуб.
Можеби ќе ве интересира
Шкупи го претстави новиот спортски директор
Шкупи денес информираше дека Ајкут Туран е назначен за нов генерален, односно извршен директор на фудбалскиот клуб од Чаир.
Како што вели клубот, Туран е десната рака на новиот претседател на Шкупи, Јасин Коњали, тој доби целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната.
Ндерим Неџипи останува на функцијата спортски директор на Шкупи и тој ќе биде во тесна соработка со Туран.
Ајкут Туран кој по потекло е од Косово, Шкупи ќе биде неговиот прв клуб во кој ќе работи надвор од Турција, претходно има работено во клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор каде што работеше со млади категории.
Тој има дипломирано на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“ на Факултетот за физичка култура, гранка спортски менаџмент.
Пинтер од Шкупи е првото засилување за новиот Вардар
Вардар го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Нов играч на црвено-црните е Михал Пинтер.
30-годишниот Словак е централен дефанзивец, во Вардар дојде од Шкупи. За тимот на Шкупи има одиграно 42 натпревари во Првата македонска фудбалска лига.
Пинтер во кариерата бил играч на Татран Прешов и Злате Моравце.
Вардар во вториот дел од сезоната го очекува грчевита борба за опстанок во лигата. есенскиот дел од шампионатот црвено-црните го заврши на претпоследното место со 13 бодови.