фудбал

Лукаку и официјално на позајмица во Интер

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку следната сезона ќе настапува за милански Интер како позајмен играч на Челзи.

Напаѓачот Лукаку минатото лето пристигна од Интер во Челзи за 115 милиони евра.

Веста за враќањето на Лукаку во Интер ја објави претседателот на нероазурите во видео порака на Твитер во која се вели „Големиот шеф се врати“.

Англиските и италијанските медиуми пренесуваат дека Лукаку се согласил nа значително намалување на платата како би заиграл за Интер, каде претходно помина две сезони и постигна 64 гола на 95 натпревари.


Гнабри од Баерн е најнова трансфер желба на „кралевите“

Реал Мадрид е силно заинтересиран за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец Серж Гнабри.

Гнабри има договор со Баерн до 2023 година, но засега не е сигурен дека сака да стави потпис на нова соработка со шампионот на Германија. Поради тоа доколку не го продолжи договорот, Баерн ќе мора да го продаде ова лето за да не им се повтори случајот Алаба.

Реал бара замена за Асенсио кој е на излезна врата, а Гнабри е прва желба за крилната позиција.


Сериа А воведува плеј-оф за Скудетото

Италијанскиот фудбалски сојуз ги одобри измените во форматот на натпреварување во Серија А. Со новата одлука која е прифатена,од сезоната 2022/23 ќе се игра плеј-оф натпревар за освојување на Скудетото.

Ова значи дека доколку во шампионатот на Италија, две екипи на крајот имаат ист број на бодови, тогаш титулата ќе се решава преку одигрување на плеј-оф средба. Предвидено е доколку во 90 минути нема победник тогаш ќе се премине на директно изведување пенали.

Досега при одредување на шампионот се гледаше подобриот меѓусебен дуел на екипите. Кога станува збор за останатите позиции, борбата за Европа и испаѓањето од лигата, останува предноста на екипата која има подобар меѓусебен скор.


Трабзонспор го убеди Алиоски, македонскиот репрезентативец се сели во Турција

Турските медиуми денес објавија дека нашиот фудбалски интернационалец, Езџан Алиоски, ќе потпише за екипата на Трабзон.

Тој по испаѓањето на Ал-Ахли од елитната лига на С. Арабија, одлучи да ја прекине соработката и да реализира трансфер во најдобриот тим во Турција.

Левиот бек во нашата селекција неодамна беше во Истанбул да ги договори сите детали.


Баерн го прогласи Милен за фудбалер на сезоната

Според резултатите од гласањето на навивачите Томас Милер имал најмногу гласови и сто тоа ја доби наградата за најдобар играч во оваа екипа, додека второто место во рангирањето на најдобрите играчи на Баерн минатата сезона го зазеде играчот за врска Џамал Мусиала, а водечката тројка ја затвори напаѓачот Роберт Левандовски.

За одбележување е тоа што токму Полјакот беше прогласен за најдобар играч на Баерн во последните две години.

Во сезоната 2021/2022, Томас Милер одигра 45 настапи за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 25 асистенции.

Да потсетиме дека во мај 2022 година, Баерн најави продолжување на соработката со Томас Милер. Новиот договор со 32-годишниот фудбалер е до 2024 година. Милер е потекнува од школата на Баерн Минхен, а неговата пазарната вредност во моментов е 25 милиони евра.


Тиаго Силва го кани Нејмар во Челзи

Бразилецот, Силва, го советува неговиот сонародник од ПСЖ, Нејмар, да прифати понуда и да си замине од францускиот фудбалски состав.

„Нејмар мора да оди во Челзи. Ако навистина се случи тоа што се пишува, за него ќе биде најдобро да дојде во Челзи“ – изјавил искусниот стопер .

Неговата реакција доаѓа откако медиумите објавија дека ПСЖ сака да го продаде Нејмар иако пред само една година го продолжи договорот.


Челзи во преговори со Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Според најновите информации српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да стане нов играч на Челзи.

Клубот од Лондон веќе започнал преговори со Лацио околу реализацијата на овој трансфер, а првата понуда за фудбалерот изнесува 80 милиони евра.

Најдобриот играч на Лацио е подготвен да заигра во Премиер лигата и клубот за кој во минатото настапуваше неговиот менаџер, Матеја Кежман.


Миовски пристигна во тимот на Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски и официјално е нов играч на Абердин. Тој му се приклучи на тимот кој е на подготовки во Шпанија и веќе се запозна со своите нови соиграчи.

Сега останува само да се обезбеди работна дозвола со која Миовски ќе има право на настап во шкотското првенство. 

Македонскиот интернационалец во Абердин пристигна после престојот во МТК од Унгарија, и потпиша четиригодишен договор.


Манчестер Јунајтед му „краде“ договорен трансфер на Лион

Манчестер Јунајтед постигна договор со раководството на Фејенорд за трансфер на фудбалерот Тирел Маласија.

Понудата на Јунајтед за 22 годишниот дефанзивец изнесува 15 милиони евра плус 2 милиони во потенцијални бонуси.

Клубот од Олд Трафорд во последен момент понуди подобри финансиски услови од Лион кој веќе имал постигнат усмен договор со Фејенорд.

Французите за холандскиот дефанзивец понудиле 12 милиони евра и дополнителни 3 милиони евра низ бонуси.

Маласија минатата сезона во првенството на Холандија постигна еден гол и четири асистенции на 32 натпревари.


Челзи испрати понуда за Рафиња од Лидс

Челзи подготвува неколку трансфер изненадувања во овај преоден рок. Голем број англиски медиуми објавуваат дека клубот од Стенфорд Бриџ доставил понуда до Лидс за бразилското крило Рафиња.

Челниците на двата клуба начелно се договориле околу висината на обештетувањето. Челзи понудил 55 милиони фунти, сума која е прифатлива за Лидс Јунајтед.

Бразилецот Рафиња се споменуваше во бројни трансфер комбинации ова лето, а како најсериозни кандидати за негов ангажман беа Арсенал и Барселона. Меѓутоа изгледа дека на крајот најконкретен е Челзи кој се чини дека ќе ја добие битката за потпис со фудбалерот.