фудбал

Трета генерација Малдини заигра за италијанската репрезентација

Вчера беше отворена нова страница во историјата на италијанската фудбалска репрезентација, откако трета генерација од едно семејство играше за националниот тим.

23-годишниот Даниел Малдини, син на Паоло и внук на легендарниот и починат Чезаре, дебитираше за тимот во синоќешната победа од 4:1 над Израел во Лигата на нации. Напаѓачот на Монца се појави на теренот на стадионот Фриули во Удине во 73. минута.

Неговиот татко Паоло, кој има 126 натпревари за Италија и ја носеше капитенската лента, и неговата мајка Адријана беа на трибините за да го поддржат. Неговиот дедо Чезаре, во славната кариера вклучува 14 настапи за Италија како фудбалер и 2 години како селектор, почина пред 8 години кога Даниел веќе блескаше во школата на Милан.

„Ова деби го посветувам на моето семејство, пријателите и сите кои ме сакаат. Се надевам дека ќе донесам поголем квалитет во тимот, иако има многу работа пред мене. Сакам да помогнам колку што можам“, изјави по натпреварот Даниел Малдини.

Всушност, од познатото семејство, неговиот татко дебитирал за Италија како најмлад – само 19 години во 1988 година. Неговиот дедо имал 28 години кога го облекол дресот на репрезентацијата во 60-тите години од минатиот век.


Алаба размислува за крај на кариерата?

Австрискиот фудбачер Давид Алаба има тешка повреда на предните вкрстени лигаменти, повреда која би можела и предвреме да му ја заврши неговата богата карирата, открива шпанскиот медиум „Онда Серо“.

Алаба се очекуваше да се врати на терените овој месец, но рехабилитацијата не се одвива во најдобар можен ред.

„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленот о и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, објави овој медиум.


Џенова го сака Балотели, Италијанецот пред кам-бек во Серија А

Напаѓачот, Марио Балотели, може да се пресели во екипата на Џенова, најавуваат денес дел од медиумите на „Чизмата“.

34-годишниот фудбалер кој во текот на летото ја напушти турската Адана уште е во потрага по нов клуб.

Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер на времето играше во Серија „А“ во екипите на Интер и Милан или градските ривали. Балотели на трансфер-пазарот вреди околу 600.000 евра.


Јуве го враќа Ругани по повредата на Бремер

Фудбалерот на Ајакс, Даниеле Ругани, кој игра како позајмен од Јувентус, може да се врати кај „старата дама“ во текот на зимскиот период.

Тимот од Италија остана без повредениот Бремер, по што челниците размислуваат да го вратат 30 годишниот играч кој е моментално на позајмица во холандскиот гигант.

Во истовреме, агентот задолжен за трансфери на Ругани, изјави дека неговиот клиент најверојатно нема да прифати да се врати во Серија А.


Мартинели, Одегард, Саха – големи проблеми со повредите за Арсенал

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, доби лоши вести додека траат активностите на репрезентациите.

Откако стана јасно дека напаѓачот, Букајо Сака, се повреди на мечот меѓу Англија и Грција, денеска пристигна веста дека и Габриел Мартинели, се соочува со болки во десната потколеница.

Играчот на „топчиите“ кој деновиве ги поминува со репрезентацијата на Бразил, веројатно ќе мора да паузира извесен период. Познато е дека и капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, уште во септември заработи повреда додека беше дел од селекцијата на Норвешка и дека ќе мора да паузира до крајот на ноември или почетокот на декември.


Јуве го враќа Ругани по повредата на Бремер

Фудбалерот на Ајакс, Даниеле Ругани, кој игра како позајмен од Јувентус, може да се врати кај „старата дама“ во текот на зимскиот период.

Тимот од Италија остана без повредениот Бремер, по што челниците размислуваат да го вратат 30 годишниот играч кој е моментално на позајмица во холандскиот гигант.

Во истовреме, агентот задолжен за трансфери на Ругани, изјави дека неговиот клиент најверојатно нема да прифати да се врати во Серија А


Лерој Сане летото 2020 година премина од Манчестер Сити во Баерн за оштета од 60 милиони евра.

Меѓутоа, Сане никогаш во целост не ги оправда очекувањата на „Алијанц Арена“ и размислува да ја промени средината.

Германецот има договор со 2025 година и влезе во последната година од договорот, па на лето може да замине како слободен агент.

Ситуацијата будно ја следат неколку европски гиганти, а најсилен интерес покажуваат Барселона и Арсенал кои веќе стапиле во контакт со агентот на Германецот.


Неизвесна иднината на Влаховиќ во Јуве?

Душан Влаховиќ е честа тема на италијанските медиуми кои пренесуваат дека неговата иднина во Јувентус е неизвесна.

Договорот на 24-годишниот фудбалер со „бјанконерите“ истекува во 2026 година и преговорите за продолжување се уште не се започнати.

Следното лето може да биде клучно за Влаховиќ бидејќи би влегол во последната година од договорот, па поради тоа Јувентус е спремен да го продаде. Јувентус мора да го намали трошоците и ќе му понуди подолг договор, но со помала плата, а тоа не му се допаѓа на Влаховиќ кој одбива „компромис“.

Интерес за него покажуваат неколку европски гиганти, пред се Арсенал и Манчестер Јунајтед.


Меино останува на „Олд Трафорд“, добива нов побогат договор

Младата надеж на Манчестер Јунајтед, Коби Мeино е блиску до нов договор, објави Фабрицио Романо. „Црвените ѓаволи“ преговараат со претставниците на играчот од средниот ред со месеци, а договорот е еден од приоритетите на клубот.

Сè уште нема официјален договор, бидејќи реба да се направат уште неколку чекори, но Манчестер Јунајтед е уверен дека процесот ќе биде финализиран наскоро. Меино е многу среќен во клубот и исто така сака да остане на „Олд Трафорд“.


Сити го пронајде новиот директор, Виана е замената за Бегиристајн

Maнчестер Сити ја потврди големата промена на директорската позиција.

Како што е потврдено на клупскиот сајт, Чики Бегиристајн по 12 години дефинитивно го напушти Сити, а на негово место пристигнува Хуго Виана.

Португалецот се докажа на местото спортски директор во Спортинг Лисабон, доволно е да се каже дека го „намириса“ Виктор Ѓеќереш и го донесе од Ковентри за 24 милиони евра.

Сити образложи дека Вијано во наредните месеци ќе биде во контакт со Бегирстајн кој ќе го запознае со работата која целосно ќе ја преземе од летото 2025 година.

Не треба да се заборави дека Чики Бегиристајн е еден од најважните луѓе што Пеп Гвардиола одлучи да дојде во Сити во 2016 година, бидејќи преговараше и со Манчестер Јунајтед. Исто така голем успех имаше во Барселона во периодот од 2003 до 2010 година.