фудбал

Пеп: Игравме многу добро, горд сум на тимот и покрај поразот

Манчестер сити е во криза, која се продлабочи во Торино. Освојувачот на Лигата на шампионите од пред две години беше поразен по седми пат во последните 10 натпревари.

Јувентус победи со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Вестон Мекени, а избраниците на Пеп Гвардиола имаат само осум бода по шестиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.

Актуелните шампиони во Премиер лигата се на 22. место на табелата, до крајот на првата фаза, во јануари ќе гостуваат кај ПСЖ и ќе го пречекаат Клуб Бриж.

По уште еден лош резултат Гвардиола ја коментираше играта.

„Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи. Тие го дадоа својот максимум, се обидовме да победиме. Тешко е во Европа. Игравме навистина добро. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат во спротивното“, изјави тренерот на Сити и додаде: „Целта е пласман во втората фаза. Потребни ни се три бода. Пред нас се уште два натпревари. Нема да го заборавиме овој период кога ќе го оставиме зад нас“.


„Болница“ во Мадрид: Само седуммина не се повредиле есенва

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е уште еден играч во тимот кој се повреди оваа сезона. Французинот беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме на дуелот против Аталанта во Лигата на шампионите.

Тој во текот на денешниот ден ќе биде подложен на медицински тестови за да се утврди сериозноста на неговата повреда.

Само седум играчи во тимот на Карло Анчелоти се без повреди досега оваа сезона. Станува збор за Федерико Валверде, Лука Модриќ, Фран Гарсија, Антонио Рудигер, Арда Ѓулер, Ендрик и Андриј Лунин.

Уште една од ѕвездите на „кралевите“, Винисиус Жуниор се врати по повредата на мечот со Аталанта.

Сепак, надвор од плановите на тренерот Карло Анчелоти остануваат Давид Алаба, Едуардо Камавинга, Даниел Карвахал, Едер Милитао и Ферланд Менди.


Милојевиќ: Украдени сме, не ја сакаат Црвена Звезда во ЛШ

Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ не го криеше незадоволството по неуспехот и поразот од Милан (2-1) во натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите.

Црвена звезда го надигра Милан во второто полувреме, успеа да изедначи, а во 87.минута Ејбрајхам го постигна голот за победа на Милан.

Пред голот имаше две спорни ситуации, најпрвин судијата Хесус Хил манзано не досуди фаул врз Џига од Ејбрахам, по што Милан доби корнер, а од тој корнер се изроди шансата за гол. Во таа ситуација Габија го фрли Спајиќ на тревата, а Англичанецот некако ја смести топката во голот.

ВАР ја проверуваше таа ситуација, но за судиите во ВАР собата се беше чисто. Тренерот на Црвена звезда бурно реагираше, поради што доби жолт картон.

„Мојата прва мисла е дека немам и не знам што да кажам. До сега не зборував, спортист сум, многу пати го докажав тоа… Од друга рака, молчев, страдав… Ова е скандал, срамота за ЛШ. Од почетокот на Лигата на шампионите, како да имаат некаков проблем со нас. Ова денес не би го коментирал ова. Истиот судија, ќе речам дека не е случајно. Големо изненадување направивме против Штутгарт. Ќе ви кажам сега. Класичен пенал не ни судеа против Монако. Нас не не сакаат овде, но ние сме тука. Ние сме камен во чевелот. Ова денес е скандалозно. Ако на ваков начин треба да победи клуб каков што е Милан, тоа е многу грдо. Нашите навивачи не можат да дојдат. Каков начин е ова“, рече Милојевиќ.

Црвена звезда има лошо искуство со судијата Манзано, кој на „Сан Сиро“ пред четири години го судеше натпреварот меѓу овие два тима во Лига Европа.


Валверде го надмудри Мурињо, Атлетик Билбао слави во Истанбул

Фудбалерите на Атлетик Билбао го победија Фенербахче со 0-2 вечерва во Истанбул во првиот натпревар од 6.коло во Лига Европа.

Победата на гостите им ја донесе Ињаки Вилијамс со головите во 5. и 45. минута.

Фенербахче го заврши натпреварот со десет играчи, бидејќи Мерт Мулдур во 69. минута мораше да биде исклучен поради втор жолт картон.

Атлетик моментално е прв на табелата во Лига Европа со 16 бодови, додека Фенербахче е на 15. позиција со осум. Екипата од Билбао сериозно атакува на титулата во Лига Европа, бидејќи финалето оваа година се игра на нивниот стадион „Сан мамс“.

Во следното коло од ЛЕ, Атлетик му гостува на Бешикташ, додека Фенербахче ќе го пречека Олимпик од Лион.


Витални победи на Лил и Атлетико пред своите гледачи

Атлетико Мадрид и Лил според прогнозите забележаа победи во првите натпреври од вечерашната програма во Лигата на шампионите. Атлетико, рутински го победи Слован од Братислава со 3-1, а Лил потешко од прогнозите славеше со 3-2 во дуелот со Штурм.

На „Метрополитано“ во Мадрид, Атлетико доминираше 70 минути кога реши да го спушти ритамот. Хулијан Алварез постигна убав гол во 16.минута, до крајот на полувремето, апзолутната доминација на теренот во 42.минута со втори гол ја круниса Гризман.

Слован во првиот дел имаше само еден обид, кога поранешниот играч на Вардар, барсегјан ја погоди гредата.

Во второто полувреме, сомнителен пенал добија играчите на Слован во 51.минута. Прецизен од белата точка беше Стрелец. Само шест минути подцна Гризман со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Во Лил се одеше според планот на „догите“ до последните секунди од првиот дел. Имаа домашните предност од 2:0 со головите на Шарауи во 37. и Бакер во втората минута од судискоот надополнување. Сепак веќе во следниот напад Штурм се врати во мечот со голот на Китишвили.

По две минути игра во вториот дел целосен шок за Лил, на 2.2 изедначи Бирет. Сепак австрискиот првак не издраж, во 81.минута Харалдсон го постави конечниот резултат.


Јуве ја продолжи агонијата на Сити, Барса го освои Дортмунд

Фудбалрите на Јувентус го победија Манчестер сити со 2-0, а Барселона славеше во Дортмунд so 2-3 во најпривлечните вечерашни натпревари во Лигата на шампионите.

Резултати:

Атлетико – Слован 3-1 (2-0)
/Алварез 16, Гризман 42, 57 – Стрелец 51/

Лил – Штурм 3-2 (2-1)
/Сахаруи 37, Бекер 45+2, Харалдсон 81 – Китешвили 45+4, Бирт 47/

Милан – Црвена Звезда 2-1 (1-0)
/Леао 43, Ејбрахам – Радоњиќ 67/

Арсенал – Монако 3-0 (1-0)
/Сака 34, 78, Хаверц 88/

Бенфика – Болоња 0-0 (0-0)

Борусија Д. – Барселона 2-3 (0-0)
/Гираси 60, 78 – Рафиња 53, Торес 75, 85/

Феенорд – Спарта 4-2 (3-1)
/Тронер 8, Паишао 10, Муса 30, Хименез 63 – Рахмани 42, Белен 79г/

Јувентус – Манчестер Сити 2-0 (0-0)
/Влаховиќ 53, Мекени 75/

Штутгарт – Јанг Бојс 5-1 (1-1)
/Стилер 25, Мијо 53, Фурих 61, Фагноман 66, Кајтел 76 – Лакоми 6/


ОФИЦИЈАЛНО: Саудиска Арабија домаќин на Мундијалот 2034 година

ФИФА ги потврди земјите домаќини на фудбалските Mундијали во 2030-та и 2034-та година. Во 2030-та ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко а бидејќи тогаш ќе биде стогодишнина од приот светски шампионат што се одржа во Уругвај, ФИФА го прифати планот првите три натпревари да се играат на јужноамериканскиот континент и тоа во Уругвај, Аргентина и Парагвај на 8 и 9 јуни.

Светското првенство во 2034 година ќе се организира во Саудиска Арабија која беше и единствениот кандидат за домаќин.

Ќе потсетиме дека Мундијалот во 2026 ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.


Флик казнет со два натпревари по исклучувањето во Севиља

Ла Лига ја одби жалбата на Барселона и ја потврди одлуката на Дисциплинската комисија за суспензијата на тренерот Ханси Флик.

Германскиот тренер заработи црвен картон при ремито на Барселона на гостувањето кај Бетис, по што доби суспензија од два натпревари.

Барселона поднесе жалба, но доби негативен одговор, па Барселона во следните два натпревари ќе биде без тренерот на клупата.

Тоа значи дека Германецот повеќе нема да седи на клупата во 2024 година за преостанатите два првенствени натпревари со Леганес и дербито со Атлетико Мадрид.

Флик вечерва ќе го предводи својот тим во дербито со Борусија Дортмунд во шестото коло од Лигата на шампионите.

Потоа на клупата ќе се најде на почетокот на јануари во Купот на кралот, кога Барселона гостува кај четвртолигашот Барбастра.


Македонија доби уште две ФИФА-судијки

Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија.

Две наши судијки официјално го добија знакот на ФИФА со кој им е овозможено да делат правда на меѓународни натпревари.

Тамара Цветановиќ официјално стана ФИФА помошен судија, а Моника Даштевска стана футсал судија.


Симоне Инзаги: Мојот Интер не беше доволно добар во Леверкузен

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за поразот на тимот во натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите со Баер (0-1).

„Не бевме доволно добри во нападот. Не одигравме доволно добро за да победиме противник од ова ниво. Но, нашата цел останува иста – директно да влеземе во плејофот, односно да завршиме во топ 8. И сè уште е целосно изводливо. Баер денес одигра одлично. Очигледно, во меч со таков противник е невозможно да се избегнат опасните моменти крај вашиот гол. Но, секако, штета што сепак го примивме гол на самиот крај“, изјави Инзаги.

Интер со 13 бода и се наоѓа на 4. место во поредокот. Баер е втор со ист број бодови.