фудбал

Иван Хашек нов селектор на чешката репрезентација

Чешката фудбалска федерација официјално го назначи селекторот кој
ќе ја води репрезентацијата на Европското првенство кое летово ќе се
одржи во Германија.
Се работи за искусниот Иван Хашек, кој доби договор до 2025 година,
со можност за продолжување на соработката доколку Чешка избори
учество на Светското првенство во 2026 година.
Хашек изјави дека е почестен што ја добил довербата од
федерацијата, а ова за него претставува враќање во репрезентацијата,
откако претходно кратко беше селектор во периодот меѓу 2009 и 2010
година.


Спинацола нема да го продолжи договорот со Рома

Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола, нема да го продолжи
договорот и би можел да го напушти клубот во јануарскиот преоден
рок, најави денеска неговиот менаџер Давиде Липи.
Менаџерот на Спинацола категорично рече дека „нема шанси“
италијанскиот лев бек да го продолжи договорот, кој истекува во јуни.

„Ќе видиме како ќе се одвива јануарскиот преоден рок. Во спротивно,
ќе замине по истек на договорот“, изјави Липи за Спортиталија.
Спинацола, кој беше дел од италијанската репрезентација која ја
освои титулата на Европското првенство, оваа сезона го загуби
првотимскиот статус кај тренерот Жозе Мурињо и се шпекулира дека
до крајот на јануари би можел да се пресели во редовите на турски
Галатасарај.


Артета го сака Влаховиќ во нападот на Арсенал

Англискиот медиум „Скај Спорт“ пренесе дека премиерлигашот ќе се
обиде да го донесе српскиот фудбалер во овој преоден рок, затоа што
во него се гледа идеално решение да се прекине кризата во која
западна тимот на Микел Артета.
Последната сума за Влаховиќ која се споменуваше е 60.000.000 евра,
но таа сега е помала.
Српскиот центарфор во Јувентус пристигна од редовите на
Фиорентина за сума од 70.000.000 евра.


Јуве бесплатно го носи Филипе Андерсон

Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, договорот на Филипе Андресон со Лацио истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.

Алегри многу ги цени квалитетите на Бразилецот и сака да го има во својот тим, па Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.

„Бјанконерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент и двете страни се блиску до договор.

„Калчомеркато“ пренесува дека Филипе Андерсон ќе биде првото засилување за Јувентус за следната сезона.


ПСЖ нуди преку сто милиони е за Бруно Гимараеш

ПСЖ сериозно се приклучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.

25-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него. Бразилецот неодамна стави потпис на нов договор, но е спремен да ја промени средината, особено ако Њукасл не избори пласман во Лигата на шампиони.

ПСЖ го одредил Гимараеш како приоротет за летниот преоден рок и нема да жали пари за да го доведе во Париз.

Од друга страна Њукасл е финансиски моќен и нема да разгледува понуди помали од 100 милиони евра.


Борусија Дортмунд ќе издвои 29 милиони евра за враќање на Санчо

Борусија Дортмунд ќе има право да го откупи напаѓачот Џејдон Санчо за 29 милиони евра на крајот на сезоната. Англичанецот треба да им се приклучи на „милионерите“ на позајмица до крајот на сезоната 2023/2024.

Дортмунд ќе исплати помалку од половина од платата на Џејдон во втората половина од актуелната сезона.


Мбапе не сака да размислува за тоа каде ќе настапува следната сезона

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашање за неговата
иднина во клубот.
„Сè уште немам донесено никаква одлука за мојата иднина. Јас не
направив избор. Никој не зборува за мојата ситуација во клубот. Јас не ја донесов мојата одлука, но имаме договор со претседателот Ал-
Хелаифи, така што тоа значи дека сите страни се заштитени.
Фокусирајте се на тимот, а не на мојата ситуација“, му изјави Мбапе
на новинарот Фабрицио Романо.
Претходно беше објавено дека Мбапе би можел да ја продолжи
кариерата во Реал Мадрид. Интерес за играчот покажа и Ливерпул.
Мбапе игра за ПСЖ од 2018 година. Договорот на напаѓачот со
клубот е до летото 2024 година.


Турскиот Болуспорт нов клуб на Даниел Аврамовски

Даниел Аврамовски денеска и официјално е претставен како ново засилување за турскиот второлигаш Болуспор.

Нашиот интернационалец по заминувањето од екипата на Сараево се реши да се врати во Турција, каде претходно настапуваше за екипата на Кајзериспор.

Аврамовски потпиша договор на 1,5 година со Болуспор.


Велковски пронајде нов клуб, ќе игра за Динамо Букурешт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски кариерата ја продолжува во Романија. Нов клуб на нашиот интернационалец ќе биде Динамо Букурешт.

Новиот стопер на Динамо Букурешт доаѓа во Романија како слободен играч, откако претходно ја раскина соработката со саудискиот клуб Ал Етифак. Дарко има 48 настапи и 3 гола за националниот тим на Македонија.

28-годишниот стопер ќе биде големо засилување за одбраната на Динамо, кој е претпоследен на табелата во првиот дел од сезоната и грчевито ќе се бори за опстанок.


ПСЖ не е заинтересиран за купување на „Стад де Франс“

Францускиот гигант Пари Сен Жермен, кој наиде на неодобрување на градоначалничката на Париз, Ен Идалго да му го продаде „Паркот на принцовите“, повеќе не е кандидат за купување на „Стад де Франс“. Ова беше соопштено од извор од клубот.

Катарскиот спортски инвестициски фонд, кој е сопственик на ПСЖ, пред неколку месеци посочи дека сериозно размислува за купување или закуп на националниот стадион, но не поднесе документи за да го стори тоа до рокот кој истече синоќа.

Од самиот почеток, овој интерес беше сфатен од многу набљудувачи како начин да се изврши притисок врз градоначалничката на главниот град, Ен Идалго, да се препушти на клубот „Паркот на принцовите“, стадион кој во моментов е дом на ПСЖ.