фудбал

Артета ја состави трансфер листата во Арсенал

Арсенал и понатаму е еден од кандидатите за титула во Премиер лигата, меѓутоа последните два порази изгледа го натерале тренерот Микел Артета да размислува и за промени.

Во овој момент не е јасно дали Арсенал ќе ангажира ново име во своите редови, меѓутоа скоро сигурно е дека некои фудбалери ќе го напуштат првиот тим. Информациите на „Сан“ се дека на листата за заминување на Арсенал се осум фудбалери, а некои од нив може да си заминат уште во овој месец.

Голманот Арон Рамсдајл би можел да ја промени средината во потрага по голема минутажа, посебно пред Европското првенство, а Арсенал нема да прави проблем ако некој клуб плати 35 милиони евра (истата сума за која тие го доведоа).

На листата фудбалери кои можат да си заминат се уште Јакуб Кивор, Рис Нелсон, Еди Никетија, Емил Смит Роу, Томас Парти, Седрик Сораеш и Мохамед Елнени.


Мората призна дека бил на чекор до Интер

Алваро Мората често се поврзува со други клубови, но засега останува важен дел од тимот на Атлетико Мадрид.

Мората која има сопруга Италијанка призна дека во последното лето бил многу блиску до трансфер во Интер, но по разговор со Диего Симеоне одлучил да остане во Атлетико.

„Пред неколку години Марота ме доведе во Јувентус и оттогаш сум о одлични односи со него. Интер навистина беше блиску до мојот потпис, но на крајот разговарав со тренерот Симеоне и одлучив дека е најдобро да останам во Атлетико.

Имавме еден искрен разговор и си кажавме се што треба, споделивме мислење на разни теми и на крајот одлучивме да останам“, изјави Мората.

Нема дилеми дека со трансферот во Интер ќе ги разочараше навивачите на Јувентус каде што на двапати настапуваше. Сезонава Мората игра одлична сезона во која постигна 14 голови и подели три асистенции.


По доминацијата на Сон, Јужна Кореја избра друг најдобар фудбалер во земјата

По четири години доминација Сон Хеунг-Мин не е најдобар фудбалер на Јужна Кореја.

Според резултатите ова признание во 2023 година оди во рацете на дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин Џе.

Дефанзивецот зад себе има одлична сезона во Наполи со што си обезбеди трансфер во Баерн каде што продолжи со добрите настапи. За Наполи одигра 35 натпревари во Серија А, постигна два гола и подели две асистенции. За Баерн сезонава има 22 натпревари.

Сон вкупно во кариерата седум пати бил најдобар фудбалер во кариера и тоа во годините: 2013, 2014, 2017, 2019,2020,2021, 2022.


Анчелоти: Реал ќе биде мој последен клуб во кариерата

Карло Анчелоти потврди дека преговарал со репрезентацијата на
Бразил, но негов приритет секогаш бил останување во Реал Мадрид.
Искусниот Италијанец стави потпис на нов договор со „кралевите“ и
откри дека Реал ќе биде негов последен клуб во кариерата.
„Многу сум среќен за новиот договор, сега се е полесно. Клубот е
задоволен со мојата работа и не сакаше да чека до крајот на сезоната.
Јас сум горд на тоа. Ова ќе ми биде последен ангажман во кариерата.
Го сакам Мадрид и сакам да останам тука. Можеби и ќе живеам тука
кога ќе заминам во пензија“, изјави Анчелоти.
„Цел свет знае дека бев во контакт со поранешниот претседател на
сојузот во Бразил. Тоа ме прави горд, ама зделката беша на „стенд бај“
бидејќи јас го чекав Реал“, призна Италијанецот.


Гисласон бара ограничување на странците во Бундеслигата

Актуелниот селектор на ракометната репрезентација на Германија,
Алфред Гисласон даде свој предлог за развој на германскиот ракомет.
Тој истакнува дека е потребно да се ограничи присуството на
странски играчи во бундеслигашките клубови.
Искусниот стратег предлогот го поткрепи со податокот дека младите
ракометари, особено оние кои го освоија Светското младинско
првенство, не добиваат голема минутажа.
,,Би сакал да има џентлменски договор меѓу клубовите од Бундес
лигата и тие да користат само по еден странец на секоја позиција. Ова
се случи во Шпанија пред неколку години и функционираше многу
добро. Германските младинци речиси и да не добиваат минутажа во
своите клубови. Дури и оние ракометари кои го освоија Светското
младинско првенство во 2023 година немаат минутажа”, изјави
Гисласон.


Интер го носи Хуго Екитике во Милано

Интер во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот и е заинтересиран за младиот напаѓач на ПСЖ, Хуго Екитике. Алексис Санчез е на излезна врата, па Инзаги сака да го засили тимот со нов напаѓач.

Екитике пристигна во ПСЖ како голем талент, но оваа сезона воопшто не добива шанса кај Луис Енрике и клубот му ја отвори излезната врата.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по напаѓач, па веќе стапиле во контакт со агентот на Французинот.

„Нероаѕурите“ го сакаат напаѓачот на позајмица со право на откуп и треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за него интерес покажува и Вест Хем.


Галатасарај го враќа Зијеч во Челзи

Галатасарај сериозно ја разгледува опцијата да ја прекине соработката со крилниот напаѓач на Челзи, Хаким Зијеч, кој оваа сезона настапува за турскиот клуб на едногодишна позајмица. 

Според информациите кои ги објавија медиумите во Турција, Галатасарај е незадоволен од нивото на фудбал што го демонстрира 30-годишниот играч. Се нагласува дека Зијеч би можел да се врати во Челзи веќе овој јануари.

Да потсетиме, Зијеч сезонава како дел од турскиот клуб настапи на 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со Челзи трае до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 12 милиони евра.


Само пет натпревари во Англија сезонава завршиле без голови

Синоќа беше одигран натпреварот од 20. коло во англиската Премиер лига помеѓу Вест Хем и Брајтон, мечот заврши нерешено – 0-0. Оваа средба беше петта во целата сезона во Премиер лигата каде не беше постигнат ниту еден гол. Веќе се одиграни вкупно 198 натпревари.

Список на натпревари во англиската Премиер лига во сезоната 2023/2024 во кои не беа постигнати голови

Бурнмаут – Челзи (5. коло)

Кристал Палас – Фулам (6. коло)

Кристал Палас – Нотингем Форест (8. коло)

Ливерпул – Манчестер Јунајтед (17. коло)

Вест Хем – Брајтон (20. коло)

Единствена екипа која беше дел од два вакви натпревари е Кристал Палас. Избраниците на Рој Хоџсон се на 14. место на табелата и на 20 натпревари постигнале 22 голови.


Бирмингем му врачи отказ на Вејн Руни

Вејн Руни доби отказ на тренерското место во второлигашот
Бирмингем Сити по ужасната серија од 15 натпревари на „Сент
Ендрју“.
Легендата на Манчестер Јунајтед беше назначен за шеф на „сините“
уште во октомври, но победи само на два натпревари за време на
неговиот мандат.
Бирмингем по разочарувачки пораз од Лидс со 3-0, го означи крајот на мандатот на поранешниот шеф на Дерби Каунти и Ди Си Јунајтед.


Бензема очајно сака да се врати во Европа

Карим Бензема пред крајот на минатата година ја напушти Саудиска
Арабија и се врати во Европа, на поради повреда на стапалото.
Медиумите тврдат дека Французинот не сака да се врати во Ал
Итихад и дека сака да остане во Европа. Напаѓачот е на удар на
навивачите, но и на медиумите кои го прогласија за главен виновник
за лошите резултати на Ал Итихад.
Шпанските медиуми истакнуваат дека тој одлучил да се врати во
Европа и сега прави се за клубот да го раскине неговиот договор.
Бензема има годишна плата од 100 милиони евра, а покрај тоа добива
бонус од 20 милиони евра како амбасадор на кандидатурата на
Саудиска Арабија за Светското првенство во 2030 година.