фудбал

Јунајтед го краде Нико Вилијамс пред очите на Барса?

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс ова лето на големо се поврзуваше со заминување од клубот од Баскија, но на крајот избра да остане.

Најблиску до неговиот потпис беше Барселона, меѓутоа каталонците не успеаа да го доведат.

Тој и понатаму е мета на многу европски гиганти, а сега најсериозен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.

Вилијамс во договорот има откупна клаузула од 58 милиони евра која воопшто нема да претставува проблем за „црвените ѓаволи“.


Лапорта сака да го врати Нејмар во Барселона следното лето

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сериозно размислува да му даде втора шанса на Нејмар од следното лето, тврди каталонскиот весник „Спорт“.

Бразилецот, кој тогаш ќе има 33 години, ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Според договорот, Нејмар ќе инкасира 320 милиони евра од саудискиот клуб за две години во вид на плата и бонуси. Сепак, тој нема играно речиси една година по тешката повреда на коленото во октомври 2023 година.

Првата трансфер цел на Барселона ќе биде норвешкиот напаѓач Ерлин Халанд, но доколку тоа се покаже невозможно, клубот ќе го доведе Нејмар за враќање на тимот на реконструираниот „Камп Ноу“.

Според „Спорт“, Нејмар има амбиција да игра за репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 2026 година и поради оваа цел напаѓачот бил подготвен да се врати во моќната шпанска Ла Лига.


Миле Свилар ќе добие нов договор во Рома

Рома преговара за нов договор со својот стартен голман Миле Свилар, објави новинарот Николо Шира. Според изворот, 25-годишниот Србин е блиску до склучување договор со римјаните до крајот на јуни 2029 година, а неговата плата од 900 илјади евра по сезона ќе се зголеми на 2 милиони.

Свилар игра за Рома од јули 2022 година. Во тековната сезона голманот учествуваше на 7 натпревари во сите конкуренции, прими 5 гола и три меча ги заврши со празна мрежа. Актуелниот договор на чуварот на мрежата на „волчицата“ е до крајот на јуни 2027 година.


Два гиганти го сакаат Мејсон Гринвуд

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд игра одлично во Франција каде што сезонава пристигна во дресот на Марсеј.

Гринвуд после одличната сезона во Гетафе беше мета на многу европски клубови, но на крајот Марсеј ја доби битката за неговиот потпис. Гринвуд со Марсеј има договор до 2029 година, но неколку европски гиганти внимателно го следат.

Тој покажа дека е еден од најголемите европски таленти, а проблемите се веќе зад него, па многу европски гиганти покажуваат интерес за него.

Медиумите пренесуваат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Барселона и ПСЖ.


Клоп даруван со орден за храброст во Германија

Германскиот фудбалски тренер Јирген Клоп, беше одликуван со Федерален орден за заслуги од претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, на церемонија во палатата Белви во Берлин.

Клоп беше меѓу 28-те наградени кои добија признание за „исклучителен придонес за вредностите на демократијата“.

Модераторката на настанот го претстави Клоп како добитник на наградата, истакнувајќи дека поранешниот тренер „станал одличен модел за многумина и извонреден фудбалски амбасадор, многу подалеку од светот на спортот“.


Премиер лигата го поништи црвениот картон на Бруно Фернандеш

Премиер Лигата и  одговорните луѓе ја усвоија жалбата на Манчестер Јунајтед и го поништија црвениот картон што го заработи Бруно Фернандес на мечот против Тотенхем.

Португалецот беше исклучен во 42. минута кога судијата Каванаг му покажа директен црвен картон.

Тој негодуваше, стручниот штаб на Јунајтед исто така, но главниот арбитар остана на својата одлука и го испрати во совлекувална.

Поништениот црвен картон значи дека Бруно Фернандес нема да добие суспензија од три натпревари и ќе му биде на располагање на Тен Хаг.


Сити го израмни рекордот на Јунајтед во Лигата на шампионите

Откако Манчестер Сити го совлада Слован Братислава со 4-0 во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, „граѓаните“ го израмнија рекордот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед за најдолга серија без пораз во историјата на Лигата на шампоните, кој изнесува 25 натпревари.

Во последните 25 натпревари во Лигата на шампионите, Манчестер Сити победил 17 пати и забележале 8 нерешени. Последен пат Манчестер Сити загуби од Реал Мадрид во полуфиналниот реванш во сезоната 2021/2022.

Минатата сезона Сити повторно беше исфрлен од „кралевите“, но ова беше по две нерешени средби и изведување пенали, што значи дека во рамките на регуларното време на игра на најпрестижното европско клупско натпреварување, избраниците на Пеп Гвардиола не го почувствувале поразот во последните две години и пет месеци.


Балотели пред потпис со шпански третолигаш

Марио Балотели наскоро би можел да игра фудбал во шпанската трета лига.

Балотели во кариерата го носеше дресот на: Милан, Ливерпул, Олимпик Марсеј, а негов последен клуб беше Адана Демирспор од Турција. Според последните информации на „АС“ Италијанецот кој е без клуб преговара со клубот Интереси кој се натпревара во третата шпанска лига.

Преговорите за „АС“ ги поврдиле извори од клубот и наводно тие одат во добра насока. Балотели во претходните денови се поврзуваше и со трансфер во Бугарија во екипата на ЦСКА Софија, но очигледно од тоа нема да има ништо.


Јовиќ бара уште една шанса за докажување во Милан

Фудбалерот, Лука Јовиќ, нема желба да го напушти тимот на Милан иако неодамна се појавија шпекулации дека напаѓачот може да си замине во јануарскиот трансфер период.  

Реално гледано, 26-годишниот интернационалец од Србија има мала минутажа кај тренерот, Фонсека, кој главно го држи на клупата за резерви.

Во меѓу време се појавија информации дека за потписот на Јовиќ се заинтересирани неколку екипи од Турција.


Ако добие отказ Тен Хаг ќе биде побогат за 17,5 милиони фунти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунти на менаџерот Ерик тен Хаг доколку одлучи да го отпушти Холанѓанецот.

Интересно, оваа сума е околу половина од она што „црвените ѓаволи“ го заштедиле по отпуштањето на 250 свои вработени во обид да ги намалат непотребните трошоци.

„Отпуштањето на Тен Хаг во јуни ќе ги чинеше Јунајтед околу 10 милиони фунти. Да го направат тоа сега, по едногодишното продолжување на договорот, ќе чини околу 17,5 милиони фунти. Ова е речиси половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштањето на 250 вработени“, објавија медиумите на Островот.

Манчестер Јунајтед доживеа нов понижувачки пораз во неделата, кога загуби од Тотенхем со 0-3 на домашен терен, што предизвика нов бран на шпекулации за иднината на менаџерот.