фудбал

Aлер од Ајакс е замената за Халанд во Борусија Дортмунд

Фудбалерот, Себастијан Алер, е новото име во редовите на Борусија Дортмунд. Тој доаѓа од холандскиот Ајакс за 35 милиони евра.

„Милионерите“ од претходно ги договорија личните услови со одличниот напаѓач кој деновиве треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи.

Алер во претходната сезона за „копјаниците“ одигра 42 меча на кои реализираше 34 голови.


Сити бара 75 милиони евра за Бернардо Силва

Барселона веќе подолго време е заинтересирана да го доведе Бернард Силва од Манчестер Сити, кој е најголема желба на Чави.

Португалецот има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат. Португалецот минатото лето се наоѓаше на излезни врати од „Етихад“, но Гвардиола го убеди да остане и Силва одигра одлична сезона

Гвардиола неколку пати порача дека доколку некој не е среќен во тимот, нема потреба да го држи тука со сила. Поради тоа доколку Португалецот побара трансфер ќе му биде дозволено да замине за 75 милиони евра.


Екитике од Ремс е желбата на Реал за замена за Бензема

Напаѓачот на Ремс, Уго Екитике е новата француска ѕвезда која го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Екитике има само 19 години, а оваа сезона блесна во дресот на Ремс каде постигна 11 гола и запиша 3 асистенции.

Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а експертите му предвидуваат голема кариера.

Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид.


Милан не го крие интересот за ветеранот Марсело

Марсело би можел да ја продолжи кариерата во Милано, Италија.

Марсело неодамна го напушти Реал, откако помина 15 години во мадридскиот клуб. Со 25 пехари тој е најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралскиот клуб“.

Актуелниот шампион на Серија „А“ е заинтересиран за искусниот бразилски фудбалер, кој не очекува место како стартер во редовите на „росонерите“.

Марсело е свесен за годините, не очекува да биде првотимец, но наводно прифатил да биде замена за левиот бек Тео Хернандез. Тој треба да заработува три милиони евра по сезона во Милан, пишува шпанскиот весник.


Арсенал и Барселона го посакуваат Рафиња од Лидс

Челниците на Арсенал преговараат со Лидс во врска со трансфер на Бразилецот Рафиња. Како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од Лондон веќе ја испратил првата понуда за офанзивниот фудбалер, но истата била одбиена од Лидс.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, претходно ја објави веста дека Рафиња ги договорил личните услови со Барселона,но претставниците на двата клуба сеуште немаат започнато официјални преговори. Менаџер на Бразилецот е бившиот фудбалер на Каталонците, Деко, кој посакува неговиот клиент кариерата да ја продолжи во Барса.

25-годишниот Рафиња има договор со Лидс Јунајтед до 2024 година, и се проценува дека неговото обештетување би вредело помеѓу 65 и 75 милиони евра.


Два клуба од Серија А го сакаат Начо од Реал Мадрид

Рома и Интер побараа од Реал Мадрид можност да го ангажираат дефанзивецот Начо Фернандез за време на летниот преоден рок. Оваа информација ја објави „Мундо Депортиво“.

32-годишниот Начо потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид. Минатата сезона, дефанзивецот учествуваше на 42 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола. Договорот меѓу двете страни истекува на крајот на следната сезона. Со Реал Мадрид, Начо Фернандез освои 20 трофеи, вклучувајќи пет победи во Лигата на шампионите.

Да потсетиме дека вчера, Реал Мадрид го претстави дефанзивецот Антонио Рудигер, кој потпиша договор со тимот како слободен играч.


Додека „Камп Ноу“ се реновира, Барса ќе игра на „Луис Компањс“

Барселона најави почеток на реконструкција на стадионот „Камп Ноу“.

Реновирањето на стадионот ќе започне летово, но тоа нема да ги спречи Каталонците во новата сезона да играат во клупскиот објект.

Во сезоната 2023/24 Барса домашните натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион „Луис Компањс“ и тоа ќе не чини 15-20 милиони евра, изјави претседателот на клубот Жоан Лапорта на заедничката прес-конференција со општинските власти.

Поради овој потег, бројот на навивачи на домашните натпревари на Барселона ќе се намали речиси за половина.

Капацитетот на Камп Ноу е 98.000 гледачи, а капацитетот на „Луис Компањс“ е 55.000 гледачи.


Инзаги доби нов договор во Интер

Интер соопшти дека тренерот Симоне Инзаги ставил потпис на нов договор. Според новиот договор Инзаги ќе остане во Интер до 2024 година, а годишно ќе заработува 5,3 милиони евра плус бонуси.

Инзаги минатото лето пристигна во Интер после заминувањето на Конте и имаше добра прва сезона каде освои два трофеи, Купот и Суперкупот на Италија.

Ја загуби битката за скудетото, но раководството е задоволно од неговата работа, па му понуди нов договор.


Минамино го менува Ливерпул со Монако

Јапонецот во редовите на Ливерпул, Такуми Минамино, својата кариера ќе ја продолжи во фудбалскиот клуб Монако.

27-годишниот фудбалер ги прифати условите на својот нов клуб, кој за неговиот ангажманот на Ливерпул ќе му исплати 15 милиони фунти.

Минамино беше член на Ливерпул од 2019 година, каде пристигна од редовите на Ред Бул Салцбург. За тимот од Енфилд одигра вкупно 55 натпревари и постигна 14 гола.


Садио Мане стави потпис на договорот со Баерн Минхен

Досегашниот фудбалер на Ливерпул Садио Мане, и официјално го потпиша тригодишниот договор со тимот на Баерн Минхен.

Преговорите помеѓу Ливерпул и Баерн за 30-годишниот сенегалски репрезентативец траеја неколку недели. Клубот од Енфилд за овај трансфер ќе добие 32 милиони евра, плус девет милиони во бонуси.

„Среќен сум што станав играч на Баерн. Разговаравме многу и ме радува големиот интерес од клубот. Вистинско време е за нов предизвик. Сакам големи достигнувања со Баерн“, изјави Мане.