фудбал

Барса го отпочна реновирањето на „Камп Ноу“

Барселона најави почеток на реконструкција на стадионот „Камп Ноу“. Реновирањето на стадионот ќе започне летово, но тоа нема да ги спречи Каталонците во новата сезона да играат во клупскиот објект.

Во сезоната 2023/24 Барса домашните натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион и тоа ќе не чини 15-20 милиони евра, изјави претседателот на клубот Жоан Лапорта на заедничката прес-конференција со општинските власти.

Поради овој потег, бројот на навивачи на домашните натпревари на Барселона ќе се намали речиси за половина. Капацитетот на „Камп Ноу“ е 98.000 гледачи, а капацитетот на „Монтжуик“ е 55.000 гледачи.


Арсенал го претстави најново засилување

Премиерлигашот Арсенал официјално го објави ангажирањето на португалскиот играч Фабио Виеира.

22-годишниот офанзивен играч за врска потпиша долгорочен договор со клубот од Лондон, каде пристигна од екипата на Порто. Според информациите неговото обештетување чинеше 35 милиони евра.

Виеира е третото ново име во составот на Арсенал за наредната сезона, после бразилскиот напаѓач Маркињос, и американскиот голман Тарнер.


ПСЖ го понудил Нејмар во Јуве

Нејмар би можел да му се приклучи на Јувентус, објави „Калчомеркато“. Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на клубот од Торино и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер.

Се истакнува дека ПСЖ е подготвен да плати дел од платата на Бразилецот. Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со некои од своите скапи играчи. Нејмар кој има плата од околу 50 милиони евра по сезона е еден од кандидатите за трансфер. Сепак, играчот му порача на клубот дека не планира да си замине.

30-годишниот Нејмар игра за ПСЖ од 2017 година, откако дојде од Барселона за рекордни 222 милиони евра. Неговиот договор со ПСЖ е до 2025 година. Бразилецот минатата сезона во Лига 1 на 22 натпревари постигна 13 гола и направи 6 асистенции.


Бобан Николов го напушти Шериф Тираспол

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бобан Николов, стави крај на својот престој во шампионот на Молдавија, Шериф Тираспол.

Тимот на Шериф имаше доста солидни успеси претходната сезона, кога настапуваше во групната фаза од Лигата на шампионите. Николов беше еден од стандардните играчи во екипата но тој се одлучи да побара нов фудбалски предизвик.

Според информациите негова следна дестинација најверојатно ќе биде Турција, од каде има интерес од второлигашот Маниса.


Марио Геце е нов фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт

Поранешниот германски репрезентативец Марио Геце е нов фудбалер на шампионот на Лига Европа, Ајнтрахт од Франкфурт.

30-годишниот Геце со тимот од Бундеслигата потпиша договор до 2025 година. Во Германија се враќа после својот двегодишен престој во холандскиот ПСВ, каде одигра 77 натпревари и постигна 17 гола и 18 асистенции.

Марио Геце претходно има настапувано за Борусија Дортмунд и минхенски Баерн.


36 години од „Божјата рака“ на Марадона

На 22 јуни во 1986-та година, репрезентацијата на Аргентина ја победи Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Мексико, на натпревар кој ќе остане запаметен по двата погодоци на Марадона: „Божјата рака” и „Голот на векот”.

Првиот подогок на Марадона со рака:

И голот на векот:


Бејл блиску до трансфер во Кардиф

После повеќегодишниот престој во Реал Мадрид, на велшкиот репрезентативец Герет Бејл овај месец му завршува актуелниот договор со кралскиот клуб.

Последниов период името на Бејл се поврзуваше со трансфер во повеќе клубови од Англија, како Саутемптон, Тотенхем и Њукасл, но според последните информации во медиумите, тој е многу блиску до враќање во својата татковина, Велс.

Имено, за услугите на Бејл сериозен интерес покажува екипата на Кардиф која настапува во Чемпионшип лигата. Засега најбитна работа за офанзивниот играч е тој да има константни настапи за да биде во одлична форма пред настапот со репрезентацијата на Велс на СП во Катар.

Конечната одлука околу изборот на неговиот нов клуб ќе се знае во наредните денови кога фудбалерот ќе се врати од летниот одмор.


Атлетико Мадрид го договори Аксел Витсел

Аксел Витсел е блиску до преселба во Атлетико Мадрид. Мадридскиот клуб е пред Олимпик Марсеј во трката за потписот на 33-годишниот фудбалер.

Шпанскиот клуб му понудил на Витсел договор до 2023 година со опција за уште една година со поголема плата.

Минатата сезона Витсел постигна два гола на 41 натпревар за Борусија во сите натпреварувања.

Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2022 година


Реал Мадрид заинтересиран за Един Џеко

Шпанска „Марка“, објавува ексклузивна вест дека Реал Мадрид е заинтересиран за доведување на напаѓачот Един Џеко од Интер.

Според информациите кралскиот клуб е во потрага по офанзивен играч кој поседува искуство и би бил поддршка за Бензема во нападот на тимот.

Един Џеко помина една сезона во Интер, но по се изгледа дека не е повеќе во плановите на тренерот Инзаги. Заминувањето на Џеко во Реал Мадрид би била идеална можност за фудбалерот кој претходно настапуваше за Манчестер Сити, Рома и Интер.


Полјакот Рибас потпиша за руски Спартак, па беше исфрлен од репрезентацијата

Бидејќи Полска е еден од најголемите критичари на руската инвазија на Украина, јавноста како и фудбалскиот сојуз го нарекоа недозволив овој потег на полскиот репрезентативец Масиеј Рибус, а селекторот на Полска Чеслав Михњевиќ повеќе нема да смета на него.

Рибус е еден од најискусните полски репрезентативци со 66 настапи, а во Спартак доаѓа од Локомотив Москва.

„Оваа ситуација им се случи и на неговите соиграчи од репрезентацијата, Грегор Краховијак од Краснодар и Себастијан Шимански, членот на Динамо од Москва, кои веднаш ја напуштија Русија. Рибус имал неколку разговори со селекторот на репрезентацијата, кој го известил дека нема да биде повикан на натпреварите, како и на Светското првенство во Катар“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Полска.

Рибус досега настапуваше и за Лион, Ахмат Грозни и Легија Варшава.