фудбал

Ндиди од Лестер интересен за големата Барселона

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат медиумите на Островот.

Чави сака еден играч од средниот ред со дефанзивни карактеристики, но клубот нема голем буџет на располагање. Ндини игра одлична сезона со Лестер во Чемпионшип, а договорот со Лестер му истекува на крајот на сезоната, па Барселона сака да го доведе во јануари за симболична сума.

Нигериецот своевремено беше доведен како наследник на Канте, а и минатата сезоната беше една од ретките светли точки во тимот.


Евертон ризикува нова казна со одземање бодови

Евертон неодамна беше казнет со одземање на 10 бодови поради регулативите за финансиски фер-плеј а до крајот на годинава ќе треба да испрати финансиски извештај за сезоната 2022/23.

Ако се утврдат нови нерегуларности, „карамелите“  повторно ќе бидат казнети со одземање на бодови.

Евертон во период од три години ја помина дозволената финансиска граница на Премиер лигата кога станува збор за негативно салдо.


Донел Мален е во бележникот на Јирген Клоп

Луѓето од Ливерпул планираат во наредното лето да испратат понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мален, велат последните информации на „Билд“.

24-годишниот играч и пред две сезони влегуваше во плановите на „црвените“ но, трансферот не се случи.

Крилниот напаѓач за „милионерите“ има одиграно 91 натпревар со ефект од  24 голови и 16 асистенции.


Алиоски во јануари се враќа во швајцарскиот фудбал?

Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе има нов клуб, а според најавите од Швајцарија тој би можел по седум години да се врати во оваа земја.

Алиоски во овој момент е под договор со Ал-Ахли, меѓутоа веќе некое време не е во плановите на клубот од саудиска Арабија и скоро и да не добива минутажа. Сега се најавува дека би можел да се врати во Швајцарија каде што во минатото го носеше дресот на Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс. Самиот Алиоск иво изјава за швајцарскиот „Спорт“ потврди дека опцијата за враќање во Швајцарија е отворена.

„Зошто да не? Се е отворено…Со Швајцарија имам многу заеднички работи. Среќен сум во Саудиска Арабија, имам валиден договор, меѓутоа работите во фудбалот брзо се менуваат. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Алиоски.


Гросо доби отказ по само седум натпревари во Лион

Фабио Гросо ќе ја напушти тренесраката функција во екипата на Лион. Според информациите кои се објавени, управата на францускиот клуб донела ваква одлука поради незадоволителните резултати на тимот. 

Отказот на 46-годишниот тренер ќе биде официјално објавен во следните неколку часа. В.д. тренер ќе биде назначен Пјер Сејџ, кој моментално работи во академијата на Олимпик Лион.

Да потсетиме, Фабио Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година. Претходно, тој помина две години од својата играчка кариера во Лион – од 2007 до 2009 година.

Откако ја заврши кариерата во 2012 година, Гросо беше тренер на младинскиот тим на Јувентус, како и на Бари, Верона, Бреша, Сион и Фросиноне, со кои ја освои титулата во Серија Б на крајот од минатата сезона.


Се воведува портокалов картон во фудбалскиот свет

Меѓународнот тим за фудбалски правила потврди дека во фудбалот покрај жолт и црвен ќе се воведе и портокалов картон.

Портокаловиот картон ќе значи привремено исклучување и ќе се добива за недолично однесување.

Фудбалерот кој ќе добие портокалов картон ќе мора да оди на „ладење“ десет минути, а потоа ќе се врати на теренот. Интересно е што овој карто нема да го покажува главниот, туку четвртиот судија на теренот.

Овој новитет прво ќе почне да се користи во вториот ранг на англиски фудбал, Чемпионшип и тоа од сезоната 2024/25.


Алисон и Жота ќе паузираат во декември заради повредата во дербито со Сити

Јирген Клоп потврди дека Алисон Бекер и Диого Жота ги очекува пауза, поради повредите со кои се здобија во дербито против Манчестер сити.

„Двајцата се надвор од тимот. Повредата на Алисон е поблага, нема да можеме да сметаме на него оваа и следната недела. Жота ќе мора да паузира малку подолго”, изјави Клоп.

Прогнозите се дека голманот Алисон ќе отсутвува три, а Жота пет недели.Покрај споменатиот тандем, повреден е и Енди Робертсон, кој ќе се врати по Нова година.

Се очекува Алисон да биде подготвен за дербито со Манчестер јунајтед на 17 декември, а ќе ги пропушти ЛАСК и Ројал Унион во Лига Европа, како и првенствените натпревари против Фулам, Шефилд и Кристал Палас.


Белингем сруши два нови рекорди во ЛШ

Фантастичниот Џуд Белингем продолжува да испишува историја, неговиот гол против Наполи му донесе два нови рекорди.

Тој е првиот фудбалер на Реал Мадрид кој постигнал гол на секој од своите први четири натпревари во Лигата на шампионите.

Белингем стана и првиот Англичанец во историјата кој постигнал десет голови во Лигата на шампионите пред да наполни 21 година.


Јуве се распрашува за Бразилецот Касемиро

Касемиро не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.

Бразилецот има богата понуда од Саудиска Арабија, но сака да остане во Европа, па во овој момент најреална опција е Серија А.

Имено, Јувентус покажува силен интерес за Бразилецот бидејќи во него гледа идеална замена за Погба и сака да го доведе во јануари.


Ако Пиоли добие отказ негов наследник ќе биде Шевченко?

Милан се наоѓа во резултатска криза како во Серија А, така и во Лигата на шампиони.

После синоќешниот пораз од Борусија Дортмунд има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето, па почнаа гласините за смена на тренерот Пиоли. Италијанските медиуми пренесуваат дека легендата Шевченко се понудил да седне на тренеското столче на местото на Пиоли.

Во меѓувреме, газдата Гери Кардинале го одложил враќањето во САД и попладнево се сретнал со Стефано Пиоли, заедно со генералниот извршен директор Џорџо Фурлани.

Раководството му дало доверба на тренерот Пиоли и засега не размислува за тренерска смена.