Распадори едвај ја „скрши“ Венеција, Наполи со минималец до значајна победа
Наполи ја совлада Венеција со 1-0 во 18. коло од италијанската Серија А и со тоа се израмни со Аталанта, која го држи првото место поради подобрата гол-разлика. Трет е Интер, кој има бод помалку, но и натпревар помалку од Наполи и Аталанта.
Наполи се мачеше, не блескаше, но успеа да слави прптив претпоследниот тим на табелата. Голот вреден три бода го постигна Џакомо Распадори во 79. минута од натпреварот.
Претходно денеска се одигра натпреварот меѓу Удинезе и Торино кој заврши нерешено 2-2. Удинезе поведе со голот на Исак Туре во 41. минута, а Лоренцо Лука го удвои водството во 49. минута. Гостинскиот тим освои бод со головите на Че Адамс во 53 и Самуел Ричи во 64 минута.
Бјелица доби отказ, Канаваро е нов тренер на Динамо Загреб
Фабио Канаваро го презеде Динамо Загреб, објави клубот на социјалните мрежи. Канаваро доаѓа на местото на Ненад Бјелица, официјално ќе биде преставен на 3.јануари.
Фабио Канаваро е трет тренер на Динамо во сезоната 2024/25, а вкупно деветти откако Ненад Бјелица, кој вечерва беше отпуштен, првпат беше отпуштен од најуспешниот хрватски клуб во април 2020 година.
Сезоната на клупата ја започна Сергеј Јакировиќ, под кого тимот играше убав фудбал и забележа одлични резултати, но челниците не можеа да му го простата поразот од Баерн Минхен (9:2). Бјелица беше вратен како спасител, но, за разлика од неговиот прв мандат, кој веројатно беше најуспешен во изминатите пет-шест години, Бјелица во вториот мандат забележа само четири победи во 15 натпревари во сите натпреварувања и наместо подарок, доби отказ за Нова година.
Во 2025 година тимот ќе го предводи еден од најдобрите дефанзивци во својата генерација и последен одбранбен играч што ја добил „Златната топка“, а оттогаш поминаа 18 години.
Канаваро е поранешен тренер на Гуангжу, Ал-Наср, Тијанџин, Кина, Беневенто и накратко Удинезе (април-јуни оваа година). Во вториот дел од сезоната Динамо влегува со седум бода помалку од лидерите Хајдук и Риека.
Македонија загуби од Србија на тестот во Стара Пазова
Заврши првата фаза од подготовките на македонската ракометна репрезентација, Момците на селекторот Лазаров загубија од Србија на последниот контролен натпревар во Стара Пазова. Овој дуел влета во програмата по откажувањето на Саудиска Арабија.
Србија го доби дуелот со „црвено-жолтите“ со резултат 34-29, што е прв пораз за Македонија во првата етапа од подготовките за Светското првенство кое започнува по нешто повеќе од две недели. Претходно македонската селекција ги совлада српските суперлигаши Нови Београд и Динамо Панчево, во натпревари трипати по триесет минути.
Нашите репрезентативци се враќаат во Македонија каде ќе продолжат со редовни тренинзи, а потоа следува и пријателскиот натпревар со Хрватска.
Македонија го почнува настапот на Светското првенство на 15 јануари, во дуел со селекцијата на Унгарија. Во нашата група се уште Холандија и Гвинеја.
Ливерпул во јануари го носи Чуамени од Реал
Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, пренесуваат медиумите на Островот.
„Кралевите“ се спремни да слушнат понуди за фудбалерот за кого пред две години го платија 80 милиони евра.
Реал на лето сака да донесе нова ѕвезда во средниот ред, Камавинга ќе добива поголема минутажа, па е спремен да го пушти Чуамени.
Интерес за Французинот има од многу европски гиганти, но Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.
„Црвените“ веќе почнале преговори со Реал Мадрид и ќе се обидат да го донесат Чуамени уште во зимскиот преоден рок.
Кристанте ја напушта Рома и се враќа во поранешниот клуб
Брајан Кристанте до пред извесно време беше незаменлив во составот на Рома, особено под водство на Жозе Мурињо, но сега работите се променија.
Тој ја загуби позицијата и се верува дека ќе замине од Рома уште во јануари.
Според „Тутоспорт“, можно е Кристанте во јануари да се врати во Милан. Тоа е клубот каде што ја помина младинската школа и каде што дебитираше во сениорскиот фудбал.
Наводно има неколку клубови заинтересирани за него, но тој го преферира Милан.
Станиќ: Ќе имплементирам свои методи и принципи кои ќе дадат резултати во младата селекција
Новиот селектор на младинската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ во интервју за официјалниот сајт на ФФМ ги кажа размислувањата за новиот предизвик.
Актуелниот тренер на Работнички, Горан Станиќ со успех ги водеше младинските селекции на Македонија до 17 и 19 години, а сега ќе ги води и надежите до 21 година.
„Имав единствена можност да бидам селектор на сите млади генерации од 16 до 19 години. Доживеав прекрасни моменти и имав незаборавно искуство во тој период во кој остваривме два успешни квалификациски циклуси и ја исполнивме поставената цел, пласман во елитната фаза на квалификации, првиот пат со селекцијата до 17 години, вториот со репрезентацијата до 19 години, што секако само по себе претставуваше голем успех и сатисфакција“, вели Станиќ за официјалниот сајт на ФФМ.
„Новата генерација Македонија до 21 несомнено е дека располага со голем квалитет и потенцијал. Голем дел од фудбалерите веќе се стандардни во своите екипи и имаат стекнато прволигашко искуство. Повеќето од играчите добро ги познавам. Располагаме со квалитет што ни дава за право да се надеваме на добри резултати“.
„Очекувањата од претходниот квалификациски циклус за пласман на ЕП беа големи, особено по одличниот старт и победата над Шведска во првото коло на гостински терен. Мислам дека имавме потенцијал да оствариме подобар пласман, но не оди секогаш според планираното“.
„Планирам да имплементирам мои методи и принципи на работа во кои цврсто верувам и мислам дека ќе ни дадат резултат. Битно е фудбалерите да разберат што е тоа што ќе се бара од нив, а моја ќе биде одговорноста како и на кој начит ќе им го презентирам тоа, а се со цел да имаме подобра комуникација и разбирање на теренот“.
„Промени ќе има, со оглед на тоа што ова е нова генерација. Фудбалерите што беа дел од претхоните квалификации немаат право за настап во следните квалификации, така што е природно да има промени. Во следниот квалификациски циклус право на настап ќе имаат фудбалерите родени во 2004 и 2005 година, но секако дека ќе добијат можност и некои фудбалери кои се родени 2006 година“.
Марио Руи заминува од Наполи уште во јануари
Дефанзивецот на Наполи, Марио Руи ќе го напушти клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Според изворот, Португалецот и Наполитанците преговараат за раскин на договорот. Во блиска иднина фудбалерот ќе стане слободен агент.
Во тековната сезона Руи нема одиграно ниту еден натпревар. Во сезоната 2023/24 тој запиша две асистенции на 28 натпревари.
Њукасл бара луда сума за Швеѓанецот Исак
Александер Исак игра во блескава форма во Премиер лигата. Напаѓачот на Њукасл и постигна седум гола на последните шест натпревари, со што дојде до бројка од 11 првенствени голови на 16 одиграни натпревари. Има и четири асистенции.
Исак веќе извесно време се поврзува со бројни европски великани. Арсенал сериозно се интересираше минатото лето, во пресрет на зимскиот преоден рок се огласи Челзи, а се споменува и Пари Сен Жермен.
Британски „Телеграф“, наведува дека не треба да се исклучи интересот на Реал Мадрид и Барселона. Како и да е, кој сака да го донесе ќе мора одвои еден куп пари.
Според овој извор, Њукасл за Исак бара дури 180 милиони евра. Иста сума му плати ПСЖ на Монако за Килијан Мбапе и тоа засега е втор најскап трансфер во историјата на фудбалот. Повеќе пари чинеше само трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони).
Овој потег на Њукасл не треба да чуди со оглед на тоа што клубот е во сопственост на Саудиска Арабија и нема финансиски проблеми.
Њукасл му плати на Реал Сосиедад 70 милиони евра за Исак во летото 2022 година.
Шпанците спремаат спектакл во чест на големиот Радомир Антиќ
Прославениот српски тренер Радомир Антиќ следниот викенд ќе добие голема чест во местото каде што помина значаен дел од својот живот. Антиќ почина на 6.април 2002 година во Мадрид.
Фудбалскиот клуб Марбеља објави дека претстојниот натпревар од Копа дел Реј против Атлетико Мадрид, закажан за 4 јануари, ќе биде во знакот на поранешниот селектор на Србија и тренер на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Антиќ живееше во Марбеља, а градот Малага најави дека ќе му оддаде почест, бидејќи овој натпревар ќе се игра на стадионот Ла Росаледа“ во Малага, поради огромниот интерес.
Најавено е дека веќе се продадени 25.000 билети и дека остануваат уште само 6.000, кои сигурно ќе бидат продадени во следните неколку дена.
Најавено дека првиот удар на мечот ќе го изведе неговата ќерка Ана.
Заврши голготата на Алаба, Австриецот спремен за враќање на терените
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба ќе мора да почека уште малку за враќање на терените. Австрискиот репрезентативец пред една година заработи повреда на лигаментите на коленото и се уште не е опоравен.
Поранешниот играч на Баерн е во завршна фаза на опоравување, но мака мачи со рехабилитација.
Реал Мадрид потврди дека Алаба нема да игра до март и за тоа време ќе тренира со полн интензитет.
Како што знаете, Едер Милитао и Даниел Карвахал се аут до крајот на сезоната, па јасно е дека одбраната на Реал Мадрид ќе биде ослабена.