Koшаркарот, Рејкван Греј, кој беше одбран од страна на Портланд на НБА драфтот во 2021 година, неочекувано може да дојде во Европа.
Имено, 25-годишниот поентер кој во претходната сезона одигра три меча за екипата на Сан Антонио со просек од 8 кошеви и три скокови, добил понуда од грчкиот АЕК.
Засега нема потврда дека Греј ќе се определи да замине од НБА конкуренцијата.
Ливерпул го продаде Карваљо во Брентфорд
Ливерпул го продаде Фабио Карваљо откако беше продаден во редовите на Брентфорд за сума од 22,5 милиони фунти.
Младиот Португалец дојде од Фулам во 2022 година, но не се изнаигра кај Јирген Клоп, па лани беше испратен на позајмици најпрвин во Лајпциг, а потоа и во редовите на Хал.
Карвалјо настапуваше на подготвителните средби во САД, постигна и голови против Арсенал и против Манчестер Јунајтед, но тренерот Арне Слот јасно му стави до знаење да не се надева на посериозна минутажа, по што тој реши да си замине од клубот.
Престон го отпушти менаџерот по само еден натпревар
Престон го отпушти својот менаџер Рајан Лоу по првото коло од сезоната 2024/25 Чемпионшип. Оваа екипа загуби со 2-0 од Шефилд Јунајтед во натпревар на домашен терен во кој беа целосно надиграни.
Престон минатата сезона ја заврши со пет последователни порази во кои не успеа да постигне гол и на крајот заврши на десеттото место на табелата. Рајан Лоу (45 години), беше на работ да биде отпуштен на крајот на 2023 година по уште една серија на лоши резултати. Тогаш клупското раководство му изрази доверба на тренерот и во периодот јануари-март забележано е значително подобрување на перформансите на тимот.
Рајан Лоу беше на чело на Престон од 7 декември 2021 година, а го водеше тимот на 125 натпревари, во кои има 47 победи, 31 нерешено и 47 порази.
Гундоган и Левандовски се повредија пред стартот на Примера
Синоќа на натпреварот за Купот Жоан Гампер, Барселона играше со Монако на стадионот „Олимпик Луис Компани“ во Барселона. Натпреварот заврши со победа на Монако со резултат 3-0. Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Илкај Гундоган се здобија со повреди за време на натпреварот, пренесува „Диарио спорт“.
Полскиот интернационалец во првото полувреме падна на неговата рака. Тој го продолжи натпреварот, но беше заменет во вториот дел.
Германскиот играч за врска влезе на теренот по паузата и во 64. минута додека се бореше за топката падна на тревникот и беше удрен со колено од противнички играч во главата. Фудбалерот се здобил со расекотина. Поради тоа Гундоган го нашушти теренот.
Купот Жоан Гампер е пријателски турнир што го организира Барселона секоја година. За прв пат се играше во 1966 година на иницијатива на претседателот на Барселона, Енрике Лода. Трофејот го доби името на легендарниот претседател и основач на Барселона, Жоан Гампер.
Јувентус и Милан договорија позајмица на Калулу
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус е во потрага по дефанзивец, а на врвот на листата желби е дефанзивецот на Милан, Пјер Калули, пренесува Фабрицио Романо.
22-годишниот Французин одигра фантастично во првата сезона во Милан, а минатата сезона го загуби местото во првиот тим.
Јувентус нуди едногодишна позајмица од 3 милиони евра плус 14 милиони евра за откуп и 30% од следната продажба.
Милан не исклчучува негова продажба, но не за помалку од 20 милиони евра, па двата клуба се во преговори.
Лаутаро Мартинез доби нов договор во Интер
Аргентинскиот фудбалер Лаутар Мартинез потпиша договор на пет години и ќе остане во Интер најмалку до 2029 година.
Ова секако дека е вест на задоволство на сите фанови на гигантот од Милано, на сите во клубот, секако и на самиот Аргентинец кој не криеше во текот на преговорите дека тој го сака Интер и дека сака да остане во овој клуб.
Се разбира дека и платата ќе биде зголемена, се говори дека таа ќе изнесува нешто помалку од 10 милиони евра, тука не ги сметаме разните бонуси.
Атлетико го официјализираше трансферот на Алварез
Атлетико Мадрид го комплетираше големиот трансфер за потпишување со 24-годишниот аргентински напаѓач Хулијан Алварез, објави новинарот Фабрицио Романо.
Трансферот на Алварез во Мадрид ќе достигне потенцијална вредност од 95 милиони евра (75 милиони фиксни плус 20 во вид на бонуси), а се знаеше дека ќе се оствари во моментот кога Манчестер Сити ја прифати понудата.
На крајот на играчот му остана само да ги помине лекарските прегледи кои се направени предпладнево. Тој стави потпис на верност кон Атлетико Мадрид.
Интересно е тоа што Алварез се одлучи сам да побара трансфер бидејќи бараше да игра во клуб каде што ќе биде прва опција во нападот, а тоа во Манчестер Сити е тешко изводливо покрај Ерлинг Халанд кој ја има таа позиција во клубот.
Иднината на Серхи Роберто е во Серија А
Екипата на Фиорентина е на чекор да ги обезбеди услугите на
Серхи Роберто, кој деновиве откако му истече договорот си
замина од Барселона како слободен играч.
„Виолетовите“ имаат намера да го ангажираат 32-годишниот
фудбалер кој за Каталонците одигра 373 натпревари со ефект од
19 гола и 43 асистенции.
Роберто успеа да освои седум пехари во Примера , шест шпански
купови и пет Суперкуп титули. Два пати се радуваше на пехарот
во Лигата на шампионите.
Фердинант: Де Лихт ќе биде под голем притисок во Манчестер
По наводите дека Манчестер Јунајтед ќе го купи дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас Де Лихт, се огласи поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.
„Го гледав во Ајакс и беше брилијантен кога Ерик Тен Хаг му беше менаџер. Не играше многу во последните години бидејќи се соочи со повреди. Сега ќе биде под притисок бидејќи сите ќе го гледаат како големо засилување“, вели Фердинанд.
Англискиот клуб му понуди на дефанзивецот договор за пет сезони. Целиот трансфер треба да биде околу 50 милиони евра.
Дибала ги одби саудиските милиони за да остане во Рома
Големата ѕвезда на Рома, Паоло Дибала, нема намера да си замине од редовите на италијанскиот елитен фудбалски состав.
Според одредени информации, Аргентинецот одбил фантастична финансиска понуда од Саудиска Арабија.
Наводно, Ал Кадсија му понудил четиригодишен договор вреден 100 милиони евра но, тој решил да остане во Рим.