фудбал

Дамфрис верен на Интер, потпиша нов четиригодишен договор

Дензел Дамфрис потпиша нов четиригодишен договор со Интер, потврдија од клубот од Милано.

Холандскиот репрезентативец веќе три години е на северот на Италија. За тоа време успеа да ја стекне довербата на навивачите, но уште поважно од управата на клубот.

Пред неколку месеци, стручниот штаб инсистираше на тоа дека Дамфрис мора да остане.

Холанѓанецот доби нов договор со важност до 2028 година.

Дамфрис одамна ги договорил условите на новиот договор, но тој сега е финализиран и официјализиран.

Дефанзивецот на Интер и оваа сезона претставува многу важен играч. Дамфрис постигна два гола и еднаш асистираше на десет натпревари досега во Серија „А“. Тој подеднакво добро може да игра и во офанзива, и во дефанзива.

Дамфрис дојде во 2021 година од ПСВ Ајндховен, а претходно играше за Херенвен.


Мурињо го сака Роналдо во Фенербахче

Жозе Мурињо го контактирал Кристијано Роналдо, го прашал дали би сакал да игра под негово водство во Фенербахче следната сезона, објави „Еуроспорт“ повикувајќи се на извештаи во други медиуми. Овој обид на Мурињо изгледа како невозможна мисија, ако се знае дека португалскиот напаѓач игра во Саудиска Арабија со годишна заработка од околу 200 милиони евра.

Роналдо, кој во февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, е под договор со Ал Наср до крајот на јуни следната година. Вкупно за овој клуб одигра 79 натпревари со учинок од 68 гола и 18 асистенции, откако за клубот дебитираше во јануари минатата година.

Мурињо наводно му се јавил на Роналдо, му рекол дека слушнал гласини дека сака да ја напушти Саудиска Арабија, го прашал дали е среќен таму, а потоа дали ќе му се придружи во Фенербахче.

Директорот на клубот Марио Бранко,веќе е во преговори со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, се додава на сајтот на „Еуроспорт“.

Фенербахче е турски рекордер со 28 освоени првенствени титули. Мурињо го водеше Роналдо низ дел од кариерата во Реал Мадрид.


Саутемптон го сака Ендрик на позајмица

Премиерлигашот Саутемптон е заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик.

Англиски клуб може да позајми играч за време на зимскиот преоден рок. За 18-годишниот Бразилец се заинтересиран уште и Рома и Ваљадолид.

Ендрик се пресели во Реал Мадрид од Палмеирас за 47,5 милиони евра во јули 2024 година. Оваа сезона за мадридскиот тим на 10 натпревари постигна два гола и една асистенција.

Саутемптон по 11 кола е на последното место во поредокот на Англиското фудбалско првенство.


Светски рекорд на Пјаченца: Смени два тренери во еден ден

Пјаченца, познат италијански клуб кој до 2012 година беше редовен учесник во Серија А, веројатно влезе во историјата на локалниот фудбал затоа што смениле тројца тренери во еден ден.

Пјаченца моментално игра во Серија Д, таму си заминаа по 10 ипол години талкање откако беа прогласени за банкрот, а сега дојдоа во ситуација уште да се зборува за нив како кога биле дел од елитниот фудбал.

Имено, тие утрото го заменија Кармин Парлати и на клупата го доведоа Симон Бентиволи. Тој одработи еден тренинг, кој беше прекинат поради протестите на гневните навивачи кои влегоа на теренот и бараа да биде сменет, заканувајќи се со бојкот на сите натпревари.

Тие беа бесни затоа што Бентиволи бил вмешан во скандал со обложување во 2011 година, кога ја прифати спогодбата за признавање вина и беше казнет со 13 месеци. Кога сфатил дека сето тоа нема да функционира во Пјаченца, меѓусебно го раскинал договорот.

На негово место, во текот на вечерта, клубот го повика Стефано Росини, кој беше разрешен на 7 октомври, да му го предаде кормилото на Парлати.


Тотенхем постави висока цена за продажба на Педро Поро

Екипата на Тотенхем ќе му дозволи на дефанзивецот, Педро Поро, да замине во Реал Мадрид доколку шпанскиот состав плати 70 милиони евра, тврдат медиумите во Англија.

Таа сума може да биде значајна пречка за реализација на таков трансфер. 25-годишниот дефанзивец во тековнава сезона има 11 настапи и 1 гол за „спарси“ .

Дополнително се појави веста дека за потписот на Поро може да конкурира и Манчестер Јунајтед.


Халанд: Пеп е најголемиот тренер во историјата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, проговори за неговиот однос со менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола.

„Тој е најдобриот тренер во светот и веројатно најголемиот во историјата“, изјави норвешкиот интернационалец.

Се очекува шпанскиот фудбалски стартег да го продолжи договорот со Сити до 2027. Во исто време „граѓаните“ преговараат за нов договор и со Халанд.


Милан спреми нови договори за Тео Хернандез и Мајк Мањан

MILAN, ITALY – MAY 6: Theo Hernandez of AC Milan and Mike Maignan of AC Milan celebrate at the end of the Serie A football match AC Milan vs Lazio at San Siro Stadium in Milan, Italy on May 6, 2023 (Photo by Piero Cruciatti/Anadolu Agency via Getty Images)

Техничкиот директор на Милан, Жофре Монкада ги смири навивачите со изјавата дека успешно течат преговорите за обновување на договорите на Мајк Мањан и Тео Хернандез .

„Разговорите започнаа пред два месеца и можам да кажам дека се одвиваат многу добро. Сигурно и двајцата се среќни во Милан и немаат желба да си замина. Тео Хрнандез може да биде лидер на тимот. Тој е сеуште млад и пред него е неверојатна кариера“, изјави Монкада.


Габиа верен на Милан, дефанзивецот потпиша до 2029 година

Фудбалерот на Милан, Матео Габија, го продолжи договорот до летото во 2029 година. Покрај тоа, платата на 25-годишниот играч ќе биде двојно зголемена на 2,2 милиони евра по сезона.

Габија за првиот тим одиграл вкупно 83 натпревари со 5 гола и 1 асистенција. Во тековната сезона, дефанзивецот има седум натпревари но, мораше да ги пропушти последните четири на „росонерите“ поради повреда.

Габија веројатно ќе игра на викенд-дербито со Јувентус.


Најавите добија потврда: Гвардиола уште две сезони во Сити

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го продолжи договорот со клубот на уште две години.

Договорот на шпанскиот тренер би истекол на крајот од оваа сезона, но по потпишувањето на нов, Гвардиола ќе остане во Манчестер 11 сезони.

Тој го презеде Сити во 2016 година и освои 18 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

“Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство и затоа сум многу среќен што останувам уште две сезони”, изјави Гвардиола за веб-страницата на клубот.

Тој го предводеше тимот до четири последователни титули во Премиер лигата, што е рекорд во лигата, како и до тројната круна во 2023 година, односно три трофеи во една сезона – титулата во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.

„Го кажав ова многу пати досега, но имам сѐ што еден тренер би можел да посака и го ценам тоа многу. Се надевам дека можеме да додадеме уште трофеи на оние што веќе ги освоивме. Тоа ќе биде мојот фокус“, додаде Гвардиола.

Најдолго остана во Сити како тренер, откако работеше четири години во Барселона и три во Баерн Минхен.


Рома застана во редот за Ендрик од Реал Мадрид

Конкуренцијата во нападот на “кралевите“ е голема, тука се Мбапе, Винисиус, Родриго, но сепак се очекуваше младиот Бразилец Ендрик да добие адекватна шанса.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што ќе има поголема минутажа.

Саутемптон покажува интерес, но сега во трката се вклучи и Рома, која веќе работи на трансферот и е фаворит за потписот.