фудбал

Флоренци не се обложувал на фудбал и може да избегне голема казна

За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација и откри на обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.

„Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот“, изјави Алесандро Флоренци на сослушувањето кај јавната обвинителка Мануела Педрота.

Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома.

Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега беа запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони.

Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло. 


Сериозно се повреди младиот Џереми Пино

Фудбалерот на Вилјареал Џереми Пино, ги повреди лигаментите на левото колено, и се очекува да го пропушти останатиот дел од сезоната.

Пино тешко и да се опорави за идното Европско првенство, на кое Шпанија веќе се квалификацираше.

Овој 21-годишен фудбалер досега одигра 12 натпревари во дресот на Шпанија, и постигна два гола.

Освен за Шпанија, повредата на Пино е тежок удар и за Вилјареал, кој по 13 кола е на 14 позиција на табелата и му престои битка за останување во Ла Лига.


Англискиот фудбалски сојуз со оптужба за Артета

Фудбалскиот сојуз на Англија излезе со оптужба за тренерот на Арсенал, Микел Артета, за недоличното однесување и коментарите за судењето после натпреварот со Њукасл во Премиер лигата.

Артета изрази големо незадоволство од одлуката на ВАР судијата после поразот од Њукасл со 0-1, кога судијата Антони Гордон во три наврати проверуваше спорни ситуации и во сите случаи одлуките беа во корист на Њукасл.

Од фудбалскиот сојуз на Англија излезе соопштение во кое се вели дека коментарите на Артета претставуваат недолично однесување бидејќи се навредливи спрема судијата и дека го нарушуваат натпреварот.

Тренерот на Арсенал има рок до вторник за да стави жалба на одлуката.


Израелските клубови ќе бидат домаќини во евро-куповите во Србија

Екипите на Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив од Израел, домашните дуели во фудбалските натпреварувања под капата на УЕФА ќе ги играат во Србија пред празни трибини.

Европската куќа на фудбалот дозволи таков развој на настаните со израелските екипи поради воениот конфликт на тој дел од светот. Според програмата, Хаифа мечот со Рен од групната фаза во Лига Европа ќе го одигра на 30 ноември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Составот од Тел Авив ќе се сретне со Зорја на 14 декември на стадионот „ТСЦ“ во Бачка Топола во групната фаза во Конференциската лига.


Барди: Големината на Италија е мотив за нас

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој со прекрасен погодок беше креатор на ремито со Италија во Скопје, вели дека утрешниот меч со „аѕурите“ во Рим, претставува голем мотив за сите репрезентативци.

„Натпреварот во Македонија против Италијанците остана во историјата. Утре ни следи нов натпревар, веројатно нови фудбалери и нов систем. Не треба да потенцирам дека сме мотивирани. Имаме нови, млади фудбалери и тоа е шанса да бидеме подобри а за тоа ни требаат вакви натпревари. Сите индивидуално се подготвуваме, имаме одличен квалитет и не верувам дека Италија ќе нè потцени. Верувам дека


Елмас: Задоволство е да играме против Италија, дојдовме во Рим по три бода

Фудбалерот на Наполи и на нашата репрезентација, Елиф Елмас, вели дека Италија ќе има голема поддршка од фановите на утрешната пресметка со Македонија во Рим во рамките на квалификациите за ЕП.

„Мечот е многу значаен за Италија но, ние треба да се насочиме кон нашата игра. Дојдовме тука за да освоиме три бода. За нас е задоволство да играме против Италија. Не знам дали не потценуваат но, дојдовме тука да извлечеме добар резултат. Знаеме како играат тимовите на Спалети, верувам дека ќе биде исто како во Наполи. Тие ќе се обидат да бидат агресивни“, вели македонскиот репрезентативец.


Милано го сака финалето на ЛШ во 2027 година

Стадионот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано, официјално поднесе кандидатура за домаќинство на финалето во Лигата на шампионите.

Градоначалникот го потврди предлогот стадионот да биде домаќин на завршниот меч во 2026 или 2027 година. Доколку понудата биде прифатена, тогаш финалето ќе се врати во Милано по 10 години откако во 2016 –та Реал Мадрид на пенали го совлада Атлетико. 

Tаму се одиграа и финалињата во 1965, 1970 и 2001 година.


Жиру казнет со два натпревари заради исклучувањето во Лече

Милан во следните два натпревари нема да може да смета на својот најдобар стрелец Оливие Жиру.

Фрацузинот доби црвен картон во финишот на мечот против Лече поради навреди кон судијата.

Дисциплинската комисија на Серија А денес му одреди суспензија на два меча, па ќе ги пропушти натпреварите со Фиорентина и Фросиноне.

Ова е додатен проблем за тренерот Пиоли, бидејќи тимот е во резултатска криза, а Жиру е еден од најдобрите поединци.


Тотенхем го сака Кристанте од Рома во зимскиот преоден рок

Луѓето од Тотенхем може да испратат понуда за фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, велат последните информации од Англија.

Воедно, 28-годишниот Италијанец не крие дека сака да се натпреварува на највисоко ниво и да ги покаже неговите квалитети во Премиер конкуренцијата. 

Играчот од средниот ред може да биде совршено засилување за Тотенхем. Се претпоставува дека трансферната сума нема да надмине 30 милиони евра.


Деко најави нов договор за Де Јонг во Барса

Спортскиот директор на Барселона, Деко, вели дека клубот нема да брза да му го продолжи договорот на фудбалерот од средниот ред, Фрeнк де Јонг.

„Оваа година нема да правиме обновување на договорите. Френки е одличен играч, ми се допаѓа. Има и други во слична ситуација, Педри, Рафиња и Феран. Се ќе зависи од него и од ситуацијата во клубот. Се разбира, Де Јонг е одличен играч а ние сакаме да имаме такви играчи“, изјави Деко.