фудбал

Роналдо ја купи компанијата која 11 пати го тужеше

Компанијата „Конфина Медиа“ е во рацете на Кристијано Роналдо откако Португалецот исплати сума од 57 милиони евра.

Купувањето на оваа компанија од Роналдо беше добра вест и за вработените бидејќи секој во фирмата добил бонус од 1.250 евра.

Вработените добиле известување дека тоа е награда за нивната посветеност на фирмата. Интересно е што претходно Роналдо оваа компанија ја тужеше дури 11 пати поради пишувања кон него.

Во соопштението од компанијата се истакнува дека единствената промена е тоа што таа сега се вика „Експресо Ливре“.


Иранецот Тареми следна трансфер цел на Јунајтед

FC Porto’s Iranian forward Mehdi Taremi waves to supporters during the Portuguese league football match between FC Porto and FC Pacos de Ferreira at the Dragao stadium in Porto on November 5, 2022. (Photo by MIGUEL RIOPA / AFP) (Photo by MIGUEL RIOPA/AFP via Getty Images)

Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.

Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше и пропадна во последен момент.

Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и нема намера да ја продолжи соработката со Порто.

Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и е спремен да плати 10 милиони евра за да го доведе Тереми во јануари. Тен Хаг има проблем со реализацијата, Хојлунд не ги оправдува очекувањата, па сака искусен голгетер.


Бетис гo осигура Давид де Геа

Шпанскиот состав Бетис планира да му понуди краткорочен договор на голманот Давид де Геа, тврдат денеска медиумите на Пиринеите.

Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед по 12 години поминати на стадионот – „Олд Трафорд“, реши да си замине од клубот.

Според информациите, Шпанецот, кој набрзо ќе наполни 33 години, веројатно ќе прифати да се врати во татковината.


Малдини на пат за Саудиска Арабија, ќе биде директор во Ал Итихад

Фудбалските клубови од Саудиска Арабија не жалат пари за да донесат фудбалски ѕвезди. Многу познати фудбалери ова лето се преселија во Саудиска Арабија, како и тренери, а следен може да биде легендата Паоло Малдини.

Имено, Ал Итихад спрема богата понуда и сака да го види Италијанецот како спортски директор во клубот.

Малдини е слободен откако го напушти Милан летово, па сериозно размислува да ја прифати понудата.


Осимен заминува во Англија, Наполи ќе заработи 120 милиони

Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата. Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па и преговорите за нов договор се во застој.

Поради тоа Наполи ќе биде приморан да го продаде на лето, а Осимен никогаш не ја криел желбата да игра во Премиер лигата.

Последните информации од Островот се дека Тотенхем се вклучил во трката за потписот на Нигериецот.

Тотенхем игра одлична сезона, но во Осимен гледа долгорочна замена за Хари Кејн и сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе уште во јануари.

Имено, „Спарси“ спремиле понуда од 120 милиони евра, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го продаде на средина од сезоната.


Берарди на чекор до враќање во Јувентус

Доменико Берарди сака да го напушти Сасуоло во јануари и веќе се договорил со Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.

Берарди со години игра одлично во Сасуоло, но никако да направи трансфер во голем клуб. Јувентус го сакаше и во летниот преоден рок, но не успеа да го реализира трансферот. „Старата дама“ не се откажува од Италијанецот, кој е голема желба на Алегри, па ќе се обиде да го доведе во јануари.

Сега и самиот Берарди го притиска клубот да му дозволи трансфер и веќе постигнал договор со Јувентус.


Касемиро го менува Јунајтед со Саудиска Арабија

Касемиро не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.

Бразилецот има богата понуда од Саудиска Арабија и е спремен да ја прифати, а Манчестер Јунајтед нема да му стои на патот.


Арсенал по секоја цена го сака Ајван Тони во јануарскиот преоден рок

Арсенал сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а приоритет на Артета ќе биде доведување на класичен напаѓач.

Најголема желба на Шпанецот е Ајван Тони од Брентфорд, а раководството е спремно да му ја исполни желбата.

Ајван Тони кој е суспендиран поради нелегално обложување. На крајот на јануари Тони се враќа на терените, а Артета со 60 милиони фунти ќе се обиде да го доведе на „Емирати“.

Арсенал е спремен да продаде некои од фудбалерите кои не се во плановите на Артета, како Томас Парти за да го финансира трансферот на Тони.


Анчелоти носи уште еден Англичанец во Мадрид

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната, а приоритет ќе бидат бековските позиции, пренесуваат шпанските медиуми.

Прв на листата желби е десниот бек на Челзи и англиски репрезентативец, Рис Џејмс, кој се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата. Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.

Англичанецот неодамна стави потпис на нов договор со „сините“, но е отворен за преселба во Реал Мадрид.

На Реал сигурно нема да му биде лесно да го доведе и ќе треба добро да го одврзи кесето, бидејќи Челзи не сака да се откаже од Џејмс.


Стерлинг ризикува казна заради бизарна причина

Играчот од средниот ред на Челзи, Рахим Стерлинг може да биде суспендиран поради фрлање предмет кон навивачите на Тотенхем за време на мечот од 11. коло на Премиер лигата. ФА ја истражува снимката на која се гледа како играчот фрла предмет кон навивачите.

Инцидентот се случи неколку моменти откако Кол Палмер го израмни резултатот на натпреварот со пенал во првото полувреме. Палмер прослави ставајќи го прстот до усните пред навивачите на Тотенхем. На видеото од теренот, кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Палмер е погоден во ногата од предмет лансиран од трибината на навивачите на Тотенхем. Кога играчите си заминуваа, Стерлинг се наведна и го фрли предметот назад во толпата.

Инцидентот не беше забележан од официјалните лица за време на натпреварот, но истиот се разгледува.