фудбал

Три премиерлигаши го сакаат Кудус од Вест Хем

Мохамед Кудус е фудбалер кој отскокнува во Вест Хем и со своите игри го привлекува вниманието на гигантите, но неговата цена е исклучително висока.

Ливерпул, Арсенал и Њукасл се клубовите кои се заинтересирани за Кудус, но проблем за некои од нив може да биде неговата цена.

Вест Хем за Кудус бара дури 90 милиони фунти, сума која тие може да си ја дозволат, но имаат и други трансфер цели, па нема да сакаат да дадат толку за играчот.

Како и да е, уште во јануари се очекува Вест Хем да биде притиснат од клубови за продажба на Кудус.


Милевски и Барди не го погодија победникот на „THE BEST“

Винициус Жуниор го победи Родри „од втора“ во трката за индивидуалните награди. Откако Шпанецот ја доби „Златната топка“, Бразилецот го доби признанието на ФИФА и наградата „THE BEST“.

Во изборот учествуваа и тројца Македонци, односно селекторот Благоја Милевски, капитенот на репрезентацијата Енис Барди и новинарот Мијалче Дургутов како медиумски претставник.

Селекторот Милевски не го смеси Винициус во најдобрите тројца, за него на првото место беше Дани Карвахал, пред Џуд Белингем и Родри на третото место.

Енис Барди пак го одбра Родри на првото место пред Вини, а Ерлинг Халанд доби бодови за третата позиција.

Единствено Дургутов го „погоди“ победникот, го смести Винициус Жуниор на првото место, пред Родри и Дани Карвахал.


Тео Хернандез ќе го продолжи договорот со Милан

Фудбалерот на Милан, Тео Хернандес, сака да потпише нова соработка и да остане во редовите на „росонерите“, наведуваат денеска медиумите во Италија.

Неговиот агент задолжен за трансфери, Мануел Гарсија, деновиве изјави дека дефанзивецот има намера да остане во Милано и да парафира нов договор.

Ќе потсетиме дека Французинот во јули во 2019 година го напушти шпанскиот состав Реал Сосиедад и за 20 милиони евра се пресели на „чизмата“.


Мексиканска Пачука стои на патот на Реал до светска титула

Европскиот шампион Реал Мадрид вечерва ќе ги одмери силите со мексиканска Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп. Натпреварот ќе се одигра во Доха, Катар со почеток од 18:00 часот.

Интерконтиненталниот куп ги спротивставува шампионите на сите шест светски конфедерации. Сега победникот на Лигата на шампионите на Стариот континент има предност што оди директно од финалето, додека останатите играат директни елиминациски натпревари. Пачука, која денеска ќе се обиде да направи сензација против фаворизираниот тим на Карло Анчелоти, во полуфиналето го елиминираше јужноамериканскиот првак Ботафого.

Мексиканците ги предводи уругвајскиот селектор Гилермо Алмада, непознат во Европа, а ѕвезда на тимот е централниот напаѓач Саломон Рондон (35 години), кој долги години играше на Стариот континент за клубови како Вест Бромвич, Њукасл, Евертон и други.

Интересно, Пачука и Реал Мадрид ќе се сретнат и на претстојното Светско клупско првенство на лето.


Лапорта испратил ултиматум до Араухо и Де Јонг

Првиот човек на Барселона, Хуан Лапорта, имал одвоени разговори со фудбалерите Роналд Араухо и Френки де Јонг.

Тој побарал од двајцата да ги продолжат договорите бидејќи се значаен дел од Каталонскиот клуб. Централниот стопер и Холанѓанецот, имаат тековна соработка до 2026 година.

Доколку Араухо и Де Јонг не прифатат да стават потписи на нов договор, тогаш ќе бидат вметнати на трансфер-листата во текот на летото.


Анчелоти пак е избран за тренер на годината според ФИФА

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го доби признанието на ФИФА за најдобар во годината која изминува.

Карло Анчелоти ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите, па заслужено го доби признанието за најдобар на годината.


Далиќ пак го бојкотираше гласањето на ФИФА

Денес беше доделена наградата „The BEST“ која заврши во рацете на Бразилецот Винисус. Ова награда е награда за која гласаат селекторите и капитените на репрезентаците, но хрватскиот селектор Златко Далиќ и оваа година не учествуваше.

Не станува збор за исклучок бидејќи Далиќ не учествува од 2022 година кога изјави дека ФИФА нема респект кон хрватските фудбалери и од тој момент ја бојкотира церемонијата.

Сепак, за разлика од Далиќ во изборот гласаше Лука Модриќ кој својот глас го даде за: Винисиус, Белингем и Карвахал.


Миовски го доби орденот „Свети Никола“ на градот Штип

Македонскиот фудбалски напаѓач, Бојан Миовски е еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ кој Штип ги доделува на заслужни граѓани од овој град.

Орденот „Свети Никола“ 13 години се доделува на Денот на град Штип – 19 декември, а овојпат меѓу добитниците е и Бојан Миовски.

Во образложението на Комисијата за доделување на ова највисоко признание на Штип, се вели дека Миовски е еден од најдобрите македонски фудбалери кој е силен репрезент на македонскиот фудбал, вистински амбасадор на Македонија.

Миовски е роден во Штип, кариерата ја почна во Брегалница, играше за Работнички и Ренова во домашниот фудбал, а потоа замина во странство, најпрво во Унгарија, потоа и во Шкотска, сега го носи дресот на Жирона во шпанската Ла Лига.

Можеби ќе ве интересира


Јуве лесно го збриша Каљари и избори четвртфинале на Купот

Фудбалерите на Јувентус немаа проблеми и славеа убедлива победа во четвртфиналето од Купот на Италија против Каљари со убедливи 4:-0 со што обезбедија место во осминафиналето.

Доминираше Јувентус од самиот почеток и создаваше шанси за гол, а резултатот го отвори Душан Влаховиќ во првото полувреме.

Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа уште Теун Копмајнерс, Франциско Консеисао и Николас Гонзалес кој во финишот го постаи конечниот резултат.

По овој натпревар Јувентус го чека гостување кај Монца во во Серија А каде што „старата дама“ е во серија од четири нерешени натпревари.


Пет „кралевите“ во тимот на сезоната за 2024 година

Петмина играчи на Реал Мадрид најдоа место во идеалниот тим на ФИФА – Карвахал, Рудигер, Крос, Белингем и Винисиус.

Манчестер Сити го претставуваат Рубен Диас и Ерлинг Халанд, додека Барселона, Арсенал и Астон Вила имаат по еден играч во симболичните 11 – Јамал, Салиба и Мартинез.

Голман е Емилијано Мартинез, кој исто така ја доби наградата за број 1 на својата позиција. Во одбраната пред него се Дани Карвахал, Антонио Рудигер, Рубен Диас и Вилијам Салиба. Триото во средниот ред го сочинуваат Џуд Белингем, Родри и Тони Крос, а во нападот Ламин Јамал, Ерлинг Халанд и Винисиус.