фудбал

Мбапе ослободен од обвинување за силување

Случајот за вмешаност на Килијан Мбапе во силување во Шведска е затворен поради недостиг на докази, објави официјалната веб-страница на тамошното обвинителство.

Капитенот на француската репрезентација во октомври отпатува за Стокхолм откако не доби повик за натпреварот на репрезентацијата со Израел (4-1) во Лигата на нации. Французинот бил фатен во ресторан, а подоцна и во ноќен клуб вечерта на 10 октомври. Последователно се појави дека е покрената полициска истрага по жалба за силување во хотел во центарот на Стокхолм каде напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта.

Мбапе оваа информација ја нарече „лажна“. Сепак, стана јасно дека силуваната жена го именувала како виновник за инцидентот. Шведското обвинителство денеска соопшти дека случајот е затворен поради недостиг на докази.

„Во текот на истрагата едно лице е основано осомничено за силување и два случаи на сексуален напад. Но, според мене нема доволно докази за понатамошна истрага и затоа истрагата е затворена. Лицето не е обвинето за сторено кривично дело“, се вели во пораката до медиумите од обвинителката Марина Чиракова.


Нов проблем за Шахин, се повреди уште еден дефанзивец

Борусија Дортмунд, синоќа загуби од Барселона (2-3) и остана без централниот дефанзивец Нико Шлотербек. Претходниот викенд се повреди и Никлас Силе, што значи дека Борусија остана без централни дефанзивци.

Германскиот репрезентативец беше изнесен од теренот буквално во последните секунди од натпреварот против Барселона.

Станува збор за повреда на зглобот. Шлотербек незгодно се приземји откако се обиде со глава да го загрози голот на противникот.

„Ја чекаме официјалната дијагноза, но според она што го видовме, воопшто не изгледа добро“, изјави Нури Шахин, тренерот на Борусија.

Уште порано се повреди Никлас Силе кој ќе биде надвор од терените неколку месеци. Сахин не може да смета ниту на Антон, кој летото пристигна од Штутгарт, па е принуден да го стави Емре Џан во централниот дел од одбраната.

Дортмунд во недела од 17:30 часот одигра натпревар од Бундес лигата против Хофенхајм.


Капело: Пеп е одличен тренер, но е премногу арогантен

Манчестер Сити се наоѓа во длабока криза. Тимот на Пеп Гвардиола има само една победа во последните десет натпревари, два пати одигра нерешено и доживеа седум порази.

Синоќа, Јувентус со головите на Влаховиќ и Мекени го победи Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите. „Граѓните“ со осум бода, по шест кола се наоѓаат на 22.место во Лигата на шампионите.

По натпреварот во Торино, работата на Гвардиола ја критикуваше легендарнуот италијански тренер, сега пензионер, Фабио Капело.

„Гвардиола е одличен тренер. Сепак, тој е премногу арогантен и полн со себе.

Понекогаш губеше трофеи затоа што сакаше да докаже дека тој победува, а не играчите, па ги изоставуваше клучните играчи во важните натпревари. Со оваа тактика, според мене, беше обид да насочи вниманието на друга странам заслугите да ги има тој, а не неговиот тим“, заклучи Капело.


Тонали побара да се врати во Италија

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали сака да се врати од Њукасл во Италија. Интерес за ангажман на Тонали пројавиле Милан, Интер и Јувентус.

Њукасл во 2023 година плати 70 милиони евра за играчот од средниот ред, а набргу потоа тој отслужи 10-месечна забрана за обложување.

Според „La Gazzetta dello Sport“, 24-годишниот играч од средниот ред не е задоволен од својата позиција во клубот и сака да ја напушти Англија.

Оваа сезона Тонали има 13 натпревари во Премиер лигата и нема постигнато ниту еден гол.

Трансферот на Тонали од Милан во Њукасл чинеше 70 милиони евра. Платата на фудбалерот изнесува девет милиони евра по оданочување и оваа сума е пречка за потенцијалните преговори.


Пак Шпанец е селектор на катарската репрезентација

Азискиот фудбалски шампион Катар го промовира новиот селектор кој ќе го наследи Маркез Лопез.

Всушност, клупата ја презема човекот кој му беше асистент Луис Гарсија Фернандез. Се работи за 43-годишен шпански стратег кој во кариерата работеше во Интернасионал и Еспањол.

Гарсија ќе седне на клупата на Катар откако стави потпис на договор до 2026 година. Со репрезентацијата Шпанецот ќе се обиде да се пласира на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Интересно беше дека со преземање на репрезентациајта на Катар се поврзуваше и Златко Далиќ, актуелниот селектор на Хрватска.


Нова тренерска смена во Сампдорија, на клупата доаѓа Семпличи

Sampdoria | Annunci – Semplici Leonardo Semplici (allenatore Sampdoria)

Култниот италијански клуб Сампдорија се реши за нова тренерска смена. Ново име на клупата е Леонардо Семпличи.

Искусниот Италијанец доаѓа како замена за Андреа Сотил, кој седна на клупата минатото лето на местото на Андреа Пирло. Сотил не издржа долго и немаше премногу успех со клубот од Џенова, па го плати цехот со отказ.

Семпличи ќе има шанса да ја консолидира Сампдорија која се наоѓа на 15. позиција во Серија Б и ја очекува битка за опстанок.

Досега во кариерата Семпличи ги водеше екипите на Специја, Каљари, СПАЛ, Пиза и неколку нисколигаши.


Фонсека незадоволен од своите фудбалери и покрај победата

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека и покрај победата над Црвена звезда од 2-1, не е задоволен од играта на своите фудбалери.

Црвена звезда со контроверзен гол на Абрахам во финишот од натпреварот ја победи Црвена звезда со 2-1.

„Се чувствувам поуморен отколку што би бил ако играв.

Јас сум човек кој не е задоволен само од резултатот. Ако ме прашате дали сум задоволен од тоа што го направивме вечерва, ќе речам дека не сум, не можам да го прифатам тоа. Јасно е дека резултатот е најважен, победивме и сме во добра позиција, но таков сум. Тоа не е нешто што може да се промени“.Сакам да анализирам што се случи, но некои работи се јасни за мене. Очигледно е дека не сум задоволен од перформансите. Не се работи за тактика или техника. Влеговме во овој одлучувачки натпревар за нас и да имате чувство дека не сте го направиле најдоброто за да победите, тоа е најлошото чувство за тренерот. Проблемот е што нашиот тим е како ролеркостер, еден ден е добар, а следниот не знам. Како да фрлате паричка и да чекате што ќе ви се падне. Искрено, шокантно е.

Тоа е проблемот. Јас знам дека секој ден работам и давам се од себе, не знам дали друг во составот може да го каже тоа. Имавме обврска да излеземе на теренот на овој меч и да дадеме се од себе за да го добиеме натпреварот и не го направивме тоа“.


Германскиот Суперкуп ќе го носи името на легендарниот Бекенбауер

Германскиот фудбалски Суперкуп ќе го носи името на легендата Франц Бекенбауер, тврди весникот „Билд“. Според медиумите, Германската фудбалска федерација (ДФБ) и германската фудбалска лига (ДФЛ) постигнале договор, но ниту една од страните се уште нема официјален коментар.

Суперкупот се одржува пред почетокот на фудбалската сезона во земјата, а шампионот во Бундеслигата ќе ги одмери силите со германскиот куп-победник. Следниот натпревар треба да се игра на 16 август, кога трофејот сега ќе го носи името на Бекенбауер.

Кајзер Франц почина на 78-годишна возраст на 7 јануари, откако освои огромен број почести за време на неговата кариера со Баерн Минхен, а потоа беше претседател на клубот. Баварците неодамна објавија дека ќе го повлечат бројот 5 со кој играше Бекенбауер.

Тој ја подигна светската титула како фудбалер и тренер, а исто така е во голема мера одговорен за тоа Германија да биде домаќин на Светското првенство во 2006 година.


УЕФА жестоко ја казни Српската фудбалска федерација

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) вечерва го казни Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) со вкупно 173.000 евра, делумно затворајќи ги трибините за следните два натпревари како домаќин и забрана за продажба на билети на навивачите за следниот две гостувања поради пропусти во натпреварите против Швајцарија и Данска во Лигата на нации.


Фудбалерите на Србија на 15 ноември во Цирих одиграа 1-1 со Швајцарија во петтото коло од групата А4 на Лигата на нации.

Во соопштението се наведува дека УЕФА одлучила да го казни ФСС за натпреварот со Швајцарија со вкупно 119.750 евра бидејќи, како што се наведува, српските навивачи запалиле ракети, фрлале предмети на теренот, направиле штета и на стадионот во Цирих како скандирање пораки, кои, како што се тврди во образложението, не се соодветни за спортски настан.


Пеп: Игравме многу добро, горд сум на тимот и покрај поразот

Манчестер сити е во криза, која се продлабочи во Торино. Освојувачот на Лигата на шампионите од пред две години беше поразен по седми пат во последните 10 натпревари.

Јувентус победи со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Вестон Мекени, а избраниците на Пеп Гвардиола имаат само осум бода по шестиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.

Актуелните шампиони во Премиер лигата се на 22. место на табелата, до крајот на првата фаза, во јануари ќе гостуваат кај ПСЖ и ќе го пречекаат Клуб Бриж.

По уште еден лош резултат Гвардиола ја коментираше играта.

„Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи. Тие го дадоа својот максимум, се обидовме да победиме. Тешко е во Европа. Игравме навистина добро. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат во спротивното“, изјави тренерот на Сити и додаде: „Целта е пласман во втората фаза. Потребни ни се три бода. Пред нас се уште два натпревари. Нема да го заборавиме овој период кога ќе го оставиме зад нас“.