фудбал

Алиоски во идеалниот тим на првенството на Саудиска Арабија

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски доби место во тимот на сезоната во Саудиска Арабија.

Алиоски со добрите настапи започна да ги освојува симпатиите во Ал Ахли уште по првата сезона. Тимот на Ал Ахли е второпласиран на табелата во првенството зад лидер Ал Итихад, а до крајот на сезоната има уште четири кола. Ал Ахли заостанува шест бода.

Во редовите на Ал Ахли Алиоски пристигна како слободен играч од Лидс откако му заврши договорот со англискиот премиерлигаш. Во својата прва сезона оствари учинок од шест гола и седум асистенции.


Хазенхитл: За Саутемптон натпреварот со Ливерпул е како финале во Лигата на шампиони

Екипата на Ливерпул, која сеуште има шанса за освојување на титулата во Премиер лигата, вечерва гостува во Саутемптон. Црвените од Ливерпул, заостануваат четири бода зад Манчестер Сити, но имаат натпревар помалку кој мора да го добијат ако сакаат да ја продолжат трката за трофејот.

Тимот на Саутемптон игра доста променливо во вториот дел од сезоната и се соочува со доста проблеми. Сепак, домаќините посакуваат победа над финалистот во ЛШ.

„Нашите навивачи знаат против кого играме, знаат колку е тешко и во каква форма е Ливерпул, иако имаат неколку повредени играчи. Ова е наше финале во Лигата на шампиони и ќе дадеме се од себе на овој натпревар“, изјави тренерот на „светците“, Ралф Хазенхитл.


Бејл ќе се врати во англискиот фудбал од следната сезона

Агентот на Герет Бејл официјално потврди дека Велшанецот ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Договорот на Бејл истекува во јуни и ќе биде слободен агент, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

„Герет ќе се раздели со Реал, тоа е дефинитивно. Мислам дека постои реална можност тој да се врати во англискиот фудбал. Неговата иднина зависи од тоа дали Велс ќе се пласира на Светското првенство“, изјави агентот.

Бејл е во Реал од 2013 година, а минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем.


Тен Хаг одбива да замине на годишен одмор

Фудбалскиот клуб Ајакс ја заврши сезоната, а Ерик тен Хаг деновиве ќе отпатува за Манчестер и ќе ја започне својата нова етапа во кариерата.

Холанѓанецот ќе биде новиот тренер на Јунајтед во мошне тежок момент. Тој ќе раководи со тим кој не успеа да стигне до Лигата на шампионите и кој го очекуваат големи промени.

Поради сето тоа, Тен Хаг реши уште веднаш да ги засука ракавите и да ја започне својата работа во новата средина.

Навивачите на Јунајтед масовно го поздравија неговиот потег и веруваат дека клубот го направил вистинскиот избор, бидејќи доаѓа некој кој уште од првиот ден ќе инсистира на напорна работа и кој ќе прави ред во соблекувалната .


Неизвесна иднината на Тер Штеген во Барса

Голманот на Барселона и Германија, Марк-Андре тер Штеген би можел да го смени клубот во текот на летниот преоден рок. Каталонскиот клуб ќе размисли за продажба на германскиот голман доколку добие достојна понуда. Тер Штеген го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на коленото и раководството на Барселона не е целосно задоволно од неговиот настап.

30-годишниот германски голман за Барселона настапува од 2014 година. Договорот на германскиот интернационалец со клубот е до јуни 2025 година. Според Трансфермаркт, голманот има пазарна вредност од 45 милиони евра.

Тер Штеген оваа сезона имаше 34 настапи во Примера, а на 11 од нив ја остави мрежата на неговиот тим недопрена.


Лапорта: Би сакал Меси да се врати на „Камп Ноу“

Навивачите на Барселона тешко дека го преболеле заминувањето на Лионел Меси, а за целата ситуација беше обвинето претходното раководство на чело со Бартомеу кое клубот го остави во лоша ситуација.

Лапорта за викендот се сретна со таткото на Меси, а тоа привлече големо внимание. Сега Барселона изгледа многу поставилна, но во овој момент Меси е играч на ПСЖ и клубот од Париз многу се прашува за неговата иднина.

Кога во прашање е Лапорта тој би сакал да го види Меси повторно во Барселона.

„Дали би сакал да се врати Меси во Барселона? Да, секако“, кратко одговорил Лапорта.

Претходно и таткото на Меси имаше изјава дека би сакал еден ден неговиот син да го види повторно во Барселона.


Мбапе третпат е играч на сезоната во Лига 1

Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч во сезоната во француската Лига 1.

Напаѓачот ја доби наградата од Унијата на фудбалери на Франција (УНФП), победувајќи го во изборот Висам Бен Једер од Монако, Дмитри Паје (Олимпик Марсеј), Лукас Пакета (Лион) и Мартин Териер (Рен).

За најдобар тренер во тековната сезона беше прогласен Бруно Женесио, кој е на чело на Рен.

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во сезоната на Лига 1.


Реал Мадрид го претстави дресот за наредната сезона

Во периодот пред борбата за титулата европски првак, Реал Мадрид ги претстави новите домашни дресови за следната сезона.

Традиционално доминира белата боја со црн принт, но и јака која потсетува на ретро варијанти на дресовите на „кралскиот клуб“.

Трите линии на Адидас се обоени во виолетова, што претставува врска со кралското семејство, додека шорцевите ќе бидат бели.


Тен Хаг: Ме чека многу работа во Манчестер Јунајтед

После пет години Ерик Тен Хаг си заминува од Ајакс и се сели во Премиер лигата во редовите на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед никако не успева да се стабилизира после заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Холанѓанецот е свесен што го чека во Јунајтед и дека работата да го врати тимот на славните патеки нема да биде лесна.

„Има многу работи што треба да се поправат во Манчестер Јунајтед, секаде има работа, но во Јунајтед во овој момент има многу. Треба да се организираат повеќе работи. Кога во прашање е тимот од понеделник интезивно ќе се фокусирам“, изјави Тен Хаг кој со Ајакс освои три лигашки и два Куп трофеи.


Рудигер: Поминав убави години во Челзи, жал ми е што не заминувам со трофеј

Антонио Рудигер потврди дека си заминува од Челзи и од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, но притоа откри и за што најмногу жали пред заминувањето од Лондон.

Рудигер потврди дека ќе се пресели во „кралскиот клуб“ по завршување на соработката со Челзи, а притоа кажа дека е нервозен затоа што си заминува од Челси без трофеј на крајот на сезоната.

Германецот ја освои Лигата на шампиони, Лига Европа, Светско клупско првенство и други трофеи, но сакаше да го земе и ФА-купот оваа година, но сепак Челси загуби од Ливерпул на пенали.

„Ова беа пет години со падови и успеси, но има многу позитивни работи. Жал ми е што крајот не е поразличен“, кажа Рудигер.