фудбал

Тотенхем има опција да го врати Кејн од Баерн

Хари Кејн летово се пресели во Баерн Минхен, но сега навивачите на лондонскиот клуб добија тронка надеж дека англискиот голгетер може да се врати во Тотенхем. Имено, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви изјави дека постои клазула според која можат да го вратат Кејн.

„Постои клазула со која можеме да го вратиме Кејн“, изјави Леви.

Но, засега енма објаснување за каква точно клазула станува збор и кога би можела да се активира. Кејн во Баерн премина за сума од 100 милиони евра со што стави крај епизодата во Тотенхем која започна во 2004 година.

За Тотенхем, Кејн одигра 435 официјални натпревари и постигна 280 голови во сите конкуренции.


Ламин Јамал сруши уште еден рекорд, сега во ЛШ

Влегувајќи како замена на мечот против Антверпен на 16 години и 68 дена, напаѓачот на Барселона Ламин Јамал стана најмладиот играч на тимот кој дебитирал во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Јамал стана вториот најмлад дебитант во историјата на турнирот по Јусуфа Мукоко, кој играше во Лигата на шампионите на 16 години и 18 дена за Борусија Дортмунд на мечот со Зенит на 8 декември 2020 година.

Да потсетиме, зиноќа се одигра натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите во кој се сретнаа шпанска Барселона и белгиски Антверпен. Натпреварот заврши со убедлива победа на Барселона од 5-0, а Јамал влезе на теренот во 68. минута, заменувајќи го стрелецот на голот Жоао Феликс.


Левандовски влезе во „клубот 100“ на ЛШ

Полскиот голгетер Роберт Левандовски учествуваше во фантастичниот триумф на Барселона против Антверпен, а во исто време го запиша своето име во историјата на европските натпреварувања.

Тој стана трет фудбалер во УЕФА куповите кој успеа да ја достигне бројката од 100 гола. До синоќа, во тоа друштво беа само Кристијано Роналдо со 145 и Лионел Меси со 132, а сега и Левандовски е на „котата 100“. Од нив, шест има за Лех, 18 за Борусија Дортмунд, 69 за Баерн и 7 за Барселона и сето тоа на само 139 натпревари.

Во исто време, Антверпен стана 33. европски клуб против кој Левандовски успеал да се запиша во листата на стрелците. Најмногу има Меси (40), потоа е Роналдо (38), па Бензема (34).


Како Лапорта изгради моќна Барса за без пари

Барселона е на пат да ја врати старата слава и да ја помине кризата која го тресеше клубот од 2020 година до лани.

Финансиските проблеми уште не се надминати, но „каталонците“ чекорат кон заздравување и на економски и на резултатски план. Минатата сезона беа освоени два трофеја, а последните два натпревара се доказ дека Барса има силен тим и може да се бори со најдобрите.

Најголеми честитки за тоа заслужува претседателот на клубот Жоан Лапорта кој по којзнае кој пат покажа дека е волшебник. „Стариот лисец“ направи фантастичен летен преоден рок, на Чави му ги донесе сите посакувани фудбалери, а во исто време продаде играчи со кои заработи безмалку 80 милиони евра.

Од петте засилувања кои ги донесе Барселона, четири се бесплатни, а за петтото се платени безначајни 3,4 милиони евра. Илкај Гундоган и Ињиго Мартинес дојде во слободни трансфери од Манчестер Сити и Атлетик Билбао, Жоао Феликс и Жоао Кансело се позајмени од Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, а платен е само Ориол Ромеу. Сите петмина се фудбалери од светска класа и можат да бидат значаен фактот за Барса во борбата на четири фронта.


Голманот Сиригу потпиша за Ница

Италијанскиот фудбалски голман Салваторе Сиригу е нов играч на Ница, потврди денеска францускиот клуб. Тој доаѓа во клубот како наследник за Каспер Шмајхел и треба да го замени Данецот кој си замина летово од клубот.

Тој ја напушти Фиорентина на крајот од минатата сезона, а во Ница пристигнува како слободен играч.

Во текот на кариерата Сиригу настапуваше за Фиорентина, Наполи, Џенова, Торино, Осасуна, Севиља, ПСЖ, Палермо…

Исто така искусниот голман забележа 28 настапи за италијанската репрезентација.


Бернардо Силва следното лето е слободен за 50 милиони евра

Договорот на Бернардо Силва со Манчестер Сити вклучува ослободителна клаузула. Минатото лето ПСЖ и Барселона многу се обидуваа да го ангажираат Португалецот. Каталонскиот клуб особено интензивно работеше на трансферот на Силва по заминувањето на Осман Дембеле во ПСЖ.

Сепак, Манчестер Сити зазеде јасен став и официјално ги извести двата клуба дека Бернардо Силва не е на продажба. „Граѓаните“ не ги разгледуваа понудите за Силва, бидејќи го загубија Илкај Гундоган.

Бернардо Силва потоа потпиша нов договор до 2026 година. Според Фабрицио Романо, тој вклучува ослободителна клаузула од 50 милиони фунти, која ќе биде активирана следното лето. Силва и неговата околина сакаа клаузула во договорот, бидејќи играчот веќе две години беше отворен за заминување од Манчестер Сити.


Нагелсман пред промоција за нов селектор на Германија

Јулијан Нагелсман наскоро добива нов ангажман, односно ќе стане селектор на Германија откако ја прифатил понудата од Фудбалскиот сојуз на државата.

„Билд“ објави дека Нагелсман е пред промоција во нов селектор, каде што ќе го наследи Ханси Флик на клупата.

Германија реши да направи промени пред следните предизвици затоа што селекцијата играше многу лошо под водство на Флик.


Карвахал отпадна од комбинација за дуелот против Унион Берлин

VALLADOLID, SPAIN – DECEMBER 30: Daniel Carvajal of Real Madrid reacts during the LaLiga Santander match between Real Valladolid CF and Real Madrid CF at Estadio Municipal Jose Zorrilla on December 30, 2022 in Valladolid, Spain. (Photo by Juan Manuel Serrano Arce/Getty Images)

Карло Анчелоти има многу квалитетни играчи на располагање, но утре ќе мора да комбинира без еден од најискусните фудбалери во составот.

Реал Мадрид ја започнува сезоната во Лигата на шампионите со натпревар против Унион Берлин, а поради повреда во комбинација нема да биде Дани Карвахал.

Искусниот бек заработил мускулна повреда и не се појавил на денешниот утрински тренинг, а Реал најави детални прегледи по што ќе биде познато каков е карактерот на проблемот на Карвахал.

„Марка“ истакнува дека ова е удар за Реал бидејќи Карвахал одлично ја започнал сезоната и играл во врвна форма за Реал и репрезентацијата, а уште отсега е јасно дека бекот ќе го пропушти и градското дерби со Атлетико.

Анчелоти од претходно не може да смета ниту на Винисиус, Арда, Милитао и Куртоа.


Дракслер го напушти ПСЖ и потпиша за Ал Ахли од Катар

Јулијан Дракслер и официјално има нов клуб, откако го напушти Пари Сен Жермен некогашниот голем талент на германскиот фудбал потпиша за Ал Ахли од Катар.

Минатата сезона Дракслер ја помина како позајмен фудбалер во Бенфика, а сега потпиша двегодишен договор со катарскиот фудбал. Германецот е третиот фудбалер на ПСЖ кој прави трансфер во Катар, претходно Верати и Абду Дијало потпишаа за Ал-Араби.

За ПСЖ Дракслер играше од 2017 година и запиша 198 настапи на кои постигна 26 гола.


Сити има највреден тим во Лигата на шампионите

Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, Манчестер Сити, вреди 1,18 милијарди евра. Втората позиција е за Арсенал кој има пазарна цена од 1,09 милијарди евра додека на третото место е Париз Сен Жермен со 1,04 милијарди евра.

Во Топ 10 влегуваат: Реал Мадрид (991), Баерн (Минхен) (897), Манчестер Јунајтед (882), Барселона (814), Њукасл (598), Наполи (577) и Милан (529 милиони).

Најмалку вреди на пазарот швајцарскиот Јанг Бојс. Најмлад состав има РБ Салцбург додека највозрасен е тимот на Атлетико Мадрид со просек од 28,5 години.