фудбал

Навивачите на Баерн ќе го бојкотираат дуелот со Шахтјор

Минхенски Баерн во четвртото коло од Лигата на шампионите во Германија ќе го пречека Шахтјор и наместо да има голема поддршка од своите навивачи, како што стојат работите, тие ќе отсуствуваат

Баварците ќе му гостуваат на Шахтјор на стадионот на Шалке каде што се домаќини.

Навивачите на Баерн решија да го бојкотираат овој натпревар, но не поради политички или други причини, туку поради цената на билетите.

Цената на билетите за натпреварот во Гелзенкирхен започнува од 52 евра па нагоре, додека во Минхен најниската цена е само 19 евра.


Јуриќ пред отказ, Пауло Соуса ја презема Рома

Медиумите во Италија денеска се обидуваат да го пронајдат заменикот на Иван Јуриќ доколку челниците на фудбалскиот состав Рома се определат да му врачат отказ по серијата на лоши резултати.

Прв на списокот е поранешниот менаџер на Челзи и на Евертон, Френк Лампард. Тука се споменува и португалскиот тренер, Пауло Соуса , кој работеше во Серија А на чело на Фиорентина и Салернитана а сега го води тимот на Шабаб Ал Ахли од ОАЕ.

Меѓу имињата за можен тренер на „волчицата“ се издвојуваат и Роберто Манчини, Един Терзиќ, Масимилијано Алегри и Маурицио Сари.


Вардар ќе добие четврти тренер, Захариевски се раздели со „црвено-црните“

Срѓан Захариевски, денеска си замина од клупата на фудбалскиот состав Вардар. 51-годишниот стратег на девет натпревари забележа само една победа.

„Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. По вчерашниот пораз од Пелистер, двете страни спогодбено ја прекинаа соработката. За личности како Захариевски вратите во Вардар секогаш ќе бидат отворени“ – стои во објавата на „црвено-црните“.

Захариевски беше третиот тренер кој во сезонава ја водеше екипата по Горазд Михаилов и Горан Петрески. Вардарци кои се последни на табелата, в сабота ги очекува меч со Шкупи.


Берат Имери си поднесе оставка, Беса ќе добие нов тренер

Иако дојде пред само неколку кола, Берат Имери не издржа многу на клупата на македонскиот прволигаш. По денешниот пораз од Струга Трим Љум, тој си поднесе оставка од тренерската позиција.

„Берат Имери поднесе оставка од тренерската функција. Имери изјави дека ја презема одговорноста за негативните резултати на тимот со поднесување на тренерска оставка и воедно му посакува успех на клубот во иднина“, објави Беса.

Имери е вториот тренер оваа сезона кој заминува од Беса. Сезоната ја почна Александар Таневски, кој со тимот обезбеди историски пласман во елитата.


Саудиска Арабија му нуди лудо богатство на Винициус

Винициус Жуниор добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, објавуваат шпанските медиуми. Не се наведува за кој клуб станува збор, но тој би имал досега невидена плата во светот на фудбалот.

Кристијано Роналдо во саудискиот Ал-Наср има плата од 263 милиони евра годишно и со тоа е најплатениот фудбалер во светот. Според „Footmercato“, Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона.

Саудиска Арабија е решена да не штеди на големите фудбалски имиња, а Бразилецот во новиот клуб би имал и влијание врз спортската политика, слично како Килијан Мбапе во ПСЖ во свое време. Винисиус би станал и заштитно лице за Светското првенство кое би требало да се одржи во 2034 година во Саудиска Арабија.

Тој е дел од Реал Мадрид од 2018 година. Досега одигра вкупно 279 натпревари и постигнал 91 гол. Освоил две титули во Лигата на шампионите и три првенства на Шпанија. Минатата недела заврши второпласиран во изборот за „Златната топка“.


„Врие“ во Мадрид, стручњаците незадоволни од физичката подготвеност на Мбапе

Во соблекувалната на Реал Мадрид има одредено незадоволство поради постапките на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе, пренесува „Релево“.

Според изворот, тоа се должи на фактот што Французинот не вежба доволно во одбраната. Така, на мечот со Барселона истрча само осум километри. Играчите обрнуваа внимание на оваа нерамнотежа и разговараа како да ја променат.

Поради ова, другите играчи мора да работат повеќе на одбраната. Главната „жртва“ беше Џуд Белингем. Англичанецот сега трча многу повеќе од порано. Тимот сака Килијан да биде самокритичен и да разбере дека работата на одбраната е исто така важна.

Тренерскиот тим разгледува различни опции за решавање на проблемот. Една од нив е размената на одбранбените функции меѓу Мбапе и Винисиус Жуниор. Бразилецот во овој случај прв ќе изврши притисок врз голманот и централните дефанзивци, а Французинот ќе ја покрие десната бековска позиција.

Мбапе постигна шест гола и даде една асистенција на 10 настапи за клубот оваа сезона во Ла Лига.


Ван Нистелрој: Тука сум да го пренесам духот на клубот кај фудбалерите

Манчестер Јунајтед не победи во првиот натпревар од Премиер лигата по менаџерската смена. Ремито со Челзи на домашен терен и не е така лош резултат, но загрижува играта и местото на табелата во моментов.

Привремениот менаџер, Руд ван Нистелрој, го анализираше тактичкиот дуел на „Олд Трафорд“.

„Играчите добро се бореа на секоја педа од теренот. Беше многу убаво да се гледа ваков натпревар. Со оглед на сите шанси што ги создадовме, можевме да постигнеме уште еден гол и да го добиеме натпреварот. Разочаран сум што не победивме. Ова беше емотивен натпревар, речиси цела недела имаше многу случувања. Дојдов тука да му помогнам на клубот во секое својство. Посебно е чувството да се вратиш во овој град и клуб. Навистина уживам во секоја минута. Се трудам да ја споделам културата на клубот, градот и навивачите. Тоа е најважниот дел. Мило ми е што можам да ги споделам овие моменти и да им помогнам на играчите да го разберат духот на тимот“, изјави Руд ван Нистелрој.

„Ѓаволите“ в четврток ќе ја бркаат првата европска победа сезонава, а противник во Лига Европа ќе им биде грчки ПАОК.


Костов: Имавме повеќе среќа во дуел на беспрекорна борба

Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дерби дуелот со Вардар (1-0) во 13. коло на ПМФЛ. Со голот на Мирко Ивановски домашната екипа дојде до победата во судиското продолжение.

По натпреварот, своето видување на дербито го кажа тренерот на Пелистер, Влатко Костов.

„На теренот се водеше бескомпромисна и фер-борба. Имаше емоции од двете страни и желба за победа, но како што ние заслуживме повеќе на првиот меч, денес Вардар заслужи нерешено. Тогаш среќата беше на нивна страна, а сега беше на нашата. Моите момци со желбата и со сè прикажано, едноставно изгореа на теренот. Ова ни е подарок за досегашната работа, за да дојдеме до средината на табелата. Се надевам дека ова ќе биде психолошки момент за да играме растеретено до зимската пауза. Сакам да ја израдуваме нашата публика со уште позитивни резултати“, изјави Костов по натпреварот.

Со оваа победа Пелистер сега има 16 бода, додека проблемите за Вардар продолжуваат по серијата на лоши резултати и последната позиција на табелата.


Мурињо: Немаше да дојдам во Турција да ми ја кажеа вистината на судискиот систем

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ја критикуваше арбитражата во првенството по натпреварот од 11. коло од турската Суперлига со Трабзонспор (3-2).

„Ја обвинувам управата на Фенербахче што ме донесе овде, ми кажаа само половина од ситуацијата овде. Да ми ја кажаа целата приказна за судиската ситуација, немаше да дојдам овде! Јас не сум Турчин, вие сте Турци, не оставајте ја оваа судиска ситуација вака“, рече Мурињо по натпреварот со Трабзонспор.

По 11 одиграни натпревари, Фенербахче е на второто место на табелата во турското првенство со 23 бода. Трабзонспор по ист број одиграни натпревари се наоѓа на 11. место со 12 бода.


Галатасарај сака да го откупи договор на Виктор Осимен

Виктор Осимен летово привлече големо внимание, изненади и со одлуката кога го напушти Наполи да се пресели во редовите на Галатасарај. Осимен на самиот на истекот на преодниот рок, откако не успеа да постигне договор со Челзи, реши да замине на позајмица во редовите на актуелниот шампион на Турција.

Тој не сакаше да остане во Наполи, а во тимот не го сакаше ниту тренерот Антонио Конте. На местото на Нигериецот, Конте го ангажира Ромелу Лукаку.

Осимен е на позајмица до крајот на сезоната, но челниците на турскиот клуб се надеваат дека ќе можат да го задржат и подолго во Истанбул.

Наводно, Галатасарај биле подготвени да му плати на Наполи близу 50 милиони евра за Осимен.

Ова сценарио е тежко остварливо, бидејќи Наполи бара поголема сума за напаѓачот, а и Осимен сака да игра во Премиер лигата.