фудбал

Кристијано Роналдо проговори околу доаѓањето на Тен Хаг

Првата ѕвезда во тимот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, во изјава за клупскиот сајт вели дека сите на Олд Трафорд се возбудени поради доаѓањето на Ерик тен Хаг на тренерското место.

Холандскиот тренер освои уште една титула првак на Холандија со Ајакс, и се очекува да го наследи Ралф Рангник во Манчестер Јунајтед после последниот натпревар на екипата со Кристал Палас на 22.мај.

„Тоа што го знам за него е дека направи фантастична работа со Ајакс, и дека е искусен тренер. Но мора да му дадеме време. Работите мора да се променат како што посакува новиот тренер.Се надевам дека ќе имаме успех и дека следната година ќе освојуваме трофеи“, изјави Роналдо.


На денешен ден 14 Мај

Победничкиот волеј на Зинедин Зидан во Лигата на Шампионите.
Неговиот прекрасен волеј против Баер Леверкузен во финалето во 2002 година беше совршен во секој поглед. Од рамнотежата, техниката, финишот….


Четири руски клуба ќе ја тужат УЕФА заради исклучувањето од евро-куповите

Четири руски фудбалски клубови објавија дека поднеле жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) поради нивното исфрлање од европските натпреварувања за следната сезона.

„Нашиот клуб, заедно со уште три руски прволигаши – Зенит од Санкт Петербург, Динамо од Москва и Сочи, поднесоа жалба до CAS против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА), која беше донесена на 2 мај за забрана на рускиот јазик. клубови кои играат во Европа“, се наведува во соопштението на московска ЦСКА.

Сите клубови побараа од судот во Лозана да ги разгледа жалбите по итна постапка.

УЕФА на почетокот на мај објави дека ниту еден руски клуб нема да учествува во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, по воената интервенција на Русија во Украина.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот на февруари ја исклучи Русија од квалификациите за Светското првенство во Катар.


Винисиус Жуниор вреди една милијарда евра

Челниците на Реал Мадрид и претставниците на суперталентиранот Винисиус Жуниор, ги продолжуваат преговорите околу продолжување на неговиот договор. Шпанскиот весник „Марка“ наведува дека Реал е спремен да му понуди нов договор со важност до 2028 година и плата од 10 милиони евра годишно.

Доколку договорот се постигне, тогаш обештетувањето за Бразилецот ќе порасне од 350 милиони евра на точно една милијарда.

Жуниор пристигна во Реал од Фламенго во 2018 година, а неговиот актуелен договор со Кралскиот клуб е со важност до 2024 година.

Оваа сезона тој одигра 50 натпревари, постигна 21 гол и 20 асистенции.


Ентони од Ајакс ќе го менува Ди Марија во ПСЖ

Пари Сент Жермен е во напредни преговори си Ајакс за бразилскиот крилен напаѓач, Ентони, пренесуваат француските медиуми.

22-годишниот Ентони блеска оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона до сега има постигнато 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата бидејќи во него гледа идеална замена за Ди Марија. Преговорите се во напредна фаза, а трансферот би требало да изнесува 40 милиони евра.


Перишиќ ја прифатил понудата на Челзи

Играчот на Интер, Иван Перишиќ, наводно веќе постигнал договор за негов премин во екипата на Челзи, каде би требало да стигне како слободен играч кога ќе му истече договорот со клубот од Милано.

Според италијанските новинари, од Челзи му понудиле на Перишиќ двегодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. 

33-годишниот Хрват, во Интер е од 2015 година, а оваа сезона постигна 9 гола на 47 натпревари. Претходно има настапувано за Волфсбург, Баерн, Дортмунд и Бриж. Неговиот договор со Интер истекува во јуни.


Винициус добива нов зголемен договор во Реал Мадрид

Главна задача на Реал Мадрид по финалето на Лигата на шампионите е да го продолжи договорот со Винициус Жуниор, пишува „Marca“. Актуелниот договор на фантастичниот 21-годишен Бразилец истекува во 2024 година, но Реал не сака да паничи и мора да го обнови договорот или потенцијално да го загуби.

Винициус експлодираше оваа сезона, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции на 50 натпревари, што претходно во Реал успеаја само Карим Бензема и Кристијано Роналдо. Бразилецот е еден од клучните играчи на „белите“ оваа сезона и како што тврди „Marca“, долгорочно сметаат на него на „Сантијаго Бернабеу“.

„Винициус моментално е еден од најслабо платените играчи во првиот тим на Реал. Тој заработува 3,2 милиони евра по сезона, како Себаљос, Ваљехо и Лунин, а тоа е платата што ја имаше кога дојде во Мадрид и таа не е променета. Но, во Реал се свесни дека нема да може да го задржи под такви услови и да му понуди огромна плата“, пишува „Марка“.


Тричковски избран во тимот на сезоната на Кипар

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски, се закити со уште една награда на Кипар. Имено, тој повторно е избран во тимот на сезоната во фудбалското првенство на Кипар.

Голгетерот имаше уште една одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака, каде постигна 14 гола на 29 натпревари.

Претходно Тричковски беше еден од главните играчи во АПОЕЛ, а веќе шеста сезона е прв напаѓач на АЕК Ларнака


Барса добива 200 милиони евра за трансфери ова лето

Екипата на Барселона е пред уште една „оддишка“ во форма од 200 милиони евра, пренесува весникот „АС“.

Тоа ќе се случи од продажбата на 49% од подружницата „BLM“, која се занимава со производите на клубот. Тоа ќе значи и дека каталонскиот гигант ќе биде многу помалку зависен од очекуваниот договор со CVC.

Се очекува по завршувањето на зделката да биде објавен нов управен одбор, кој ќе биде составен од Жоан Лапорта, Рафа Јасте, Феран Олве, Хулио Гуиу, Серхи Рикарт, Марибел Меландез.

Ова е одлична вест пред очекуваното тензично лето. Се очекува да биде привлечен централен напаѓач, како и барем по еден играч во секоја зона на теренот, што ќе го подигне нивото на тимот и ќе му даде поголема ширина на тимот на Чави.


Чави подготвува реконструкција, Барса ќе доведе седум засилувања

Чави сака да направи свој проект, на многу фудбалери ќе им биде отворена излезната врата, а побарал седум засилувања од раководството.

Прва мета во нападот е Роберт Левандовски, кој го известил Баерн дека нема да го продолжи договорот, па Баварците се спремни да го продадат на лето за 40 милиони евра.

Барселона е во потрага по уште еден квалитетен дефанзивец, а прва желба е Кулибали од Наполи. Сенегалецот треба да ја комплетира одбаната со Араухо, Ерик Гарсија и Кристенсен.

На десната бековска позиција треба да пристигне Аспиликуета како слободен играч, а Чави сака нов лев бек, Маркос Алонсо или Грималдо.

На средината на теренот пристигнува Кеси, а крилната позиција треба да биде засилена со Рафиња од Лидс. Англискиот клуб испадна од Премиер лигата, па Барса може да го добие Бразилецот за „само“ 25 милиони евра.