фудбал

Ѓоко Зајков: Ни треба вистински пристап за победа против Малта

Македонската репрезентација во Малта денеска ќе го има официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2024 против домашната селекција на Малта. 

Нашиот репрезентативец, Ѓоко Зајков смета дека пристапот треба да биде одговорен и вистински во намерата да победиме против Малта. 

„Малта не е наивен противник. Треба да одиграме одговорно и фокусирано. Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери. Ни треба вистински пристап и максимален ангажман од сите во тимот”.


Германија планира привремен селектор, па доаѓање на Клоп

Легендата на германскиот фудбал Лотар Матаус ја понуди својата опција за национален селектор по отпуштањето на Ханзи Флик. Поранешниот селектор на Германија доби отказ во неделата поради лошите резултати.

Капитенот на светските шампиони од 1990 година го предложи Матијас Замер за привремен селектор до Европското првенство следното лето, по што тимот ќе го преземе Јирген Клоп. Сепак, Клоп има договор со Ливерпул до 2026 година.

Во моментов Замер е дел од специјален тим на Германскиот фудбалски сојуз, чија задача е да помогне во враќањето на силата на германскиот фудбал. Замер имаше кратка тренерска кариера, додека на почетокот на векот беше единствено на чело на Борусија Дортмунд и Штутгарт во комбиниран период од пет години. Пред неколку години имаше здравствени проблеми, но сега е подобар и често се појавува како аналитичар. Замер е познат по својот остар и критички јазик.

„Матијас Замер е личност која често ги повредува другите со своите зборови, но ова е нешто што во моментов го немаме, но би било добро за тимот“, прокоментира Матеус.

„Клоп моментално не е слободен затоа што сака да заврши со пишувањето на својата историја во Ливерпул. Но за мене тој би бил идеален селектор по европското првенство“, изјави Матеус.


Ди Марија објасни како се вратил во Бенфика

Анхел Ди Марија откри дека имал богати понуди од Саудиска Арабија, но се одлучил да го послуша срцето и да го облече дресот на Бенфика.

Во Саудиска Арабија летово се преселија голем број фудбалери, но Анхел Ди Марија избра поинаков пат.

„Добив многу понуди и телефонски повици од Саудиска Арабија, нудат луди бројки, но јас го послушав моето срце и се вратив во Бенфика“, изјави Ди Марија.

Првиот човек на Бенфика, Руи Коста потврди дека платата на Ди Марија не ја надминува границата на плати.

„Ди Марија не ја надминува границата на платите во клубот, дојде без да потпише бонус кој би го добил надвор од платата. Со него скоро и да не преговаравме за условите, не побара ништо повеќе од тоа што му беше понудено“, изјави Руи Коста.


Галатасарај имал договор со Амрабат, но пропаднал во последен момент

Првиот човек на Галатасарај, претседателот Ерден Тимур, открива дека Софијан Амрабат бил блиску до трансфер во нивните редови ова лето.

„Црвените ѓаволи“ постојано се поврзуваа со трансферот на мароканскиот интернационалец, па тој трансфер се случи последниот ден од летниот трансфер ериод.

Но очигледно дека Амрабат имал други понуди и Јунајтед не му била единствената опција за трансфер надвор од Фиорентина.

За волја на вистината, Амрабат се пресели во Јунајтед на едносезонска позајмица, по што ако не го откупат неговиот договор, тој ќе се врати во Фиренца.

„Имавме и ние близок договор со Софијан Амрабат. Преговаравме со Фиорентина и се договоривме. Тој на моменти размислуваше да ги отфрли сите други понуди и да ни се приклучи, но ете, до тоа не дојде на крајот“, порача Тимур.


Тен Хаг ќе го исфрли Санчо од првиот тим на Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо ризикува да биде исклучен од првиот тим, откако јавно даде коментар за тренерот на тимот Ерик тен Хаг.

Според извори блиски на клубот, Тег Хаг, кој важи за жесток поддржувач на дисциплината, реагирал негативно на постапките на 23-годишниот Англичанец. Тој исто така е разочаран од зборовите на играчот бидејќи верува дека навистина му помогнал на Санчо да влезе во форма минатата сезона.


Флик заработи отказ, Германија ќе добие нов селектор

Германската фудбалска федерација денеска му врачи отказ на селекторот Ханси Флик по катастрофалниот период, а особено последниот пораз од Јапонија со 4-1.

Откако прво Германија имаше катастрофален настап на Мундијалот во Катар каде не ја помина групата, чашата ја прели синоќешниот пораз на домашен терен од Јапонија.

Германците кои се домаќини на следното Европско првенство решија навремено да реагираат и да се обидат со нов селектор да ја кренат формата и да се вратат на вистински патеки.


Верати се согласи да премине во Ал-Араби

Марко Верати се договорил со катарскиот клуб Ал-Араби, кој ќе плати 50 милиони евра за неговиот трансфер од ПСЖ.

Тренерот Луис Енрике му порача на Италијанецот дека нема да смета повеќе на него и не го пријави за настап во ЛШ, па Верати се согласи за трансфер.

Иако се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, сепак откако се затвори трансфер пазарот, тој се согласи да се пресели во Катар.

30-годишниот Верати минатиот декември потпиша продолжување на договорот со ПСЖ до 2026 година, но го загуби местото во стартниот тим.

Немаше понуди од европски клубови поради неговата висока плата, па се одлучи кариерата да ја продолжи во Катар.


Анчелоти го сака Алварез во Реал Мадрид

Реал Мадрид е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал. Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити со повисока плата

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината. Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.

„Кралевите“ ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го доведат уште во зимскиот преоден рок.


Тотенхем го договори Вушковиќ од Хајдук

Европските гиганти водат битка за потписот на големиот талент на Хајдук, Лука Вушковиќ, кој веќе избрал каде ќе ја продолжи кариерата.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека 17-годишниот фудбалер е на чекор да потпише договор со Тотенхем и трансферот треба да биде комплетиран наредите денови.

Вушковиќ важи за голем талент и за него интерес покажуваа многу клубови, а во последно време се поврзуваше со трасфер во Манчестер Сити и ПСЖ.

Меѓутоа, Тотенхем успеа да ја победи конкуренцијата, а и самиот Вушковиќ, кој игра како дефанзивец верува дека тоа е вистински проект за негов понатамошен развој.

Тотенхем за потписот на големиот талент ќе плати 10 милиони евра плус серија на бонуси.


Жиру не е сериозно повреден, ќе настапи на миланското дерби

MILAN, ITALY – AUGUST 26: Olivier Giroud of AC Milan celebrates after scoring the team’s second goal from a penalty kick during the Serie A TIM match between AC Milan and Torino FC at Stadio Giuseppe Meazza on August 26, 2023 in Milan, Italy. (Photo by Marco Luzzani/Getty Images)

Оливие Жиру поради повреда на зглобот синоќа предвреме го заврши мечот меѓу Франција и Ирска.

Поради тоа голема беше веројатноста Жиру да го пропушти дербито со Интер кое на програмата е на 16-ти септември.

Меѓутоа, денешните прегледи покажаа дека не станува збор за ништо сериозно и Жиру ќе се врати во Милано да се рехабилитира за дербито.

Ова е одлична вест за Милан, бидејќи Жиру е прв стрелец на „росонерите“ со 4 гола во првите три кола од Серија А.