фудбал

Манчини ќе добие „дебела“ обештетување за отказот во Саудиска Арабија

FILE PHOTO: Soccer Football – AFC Asian Cup – Group F – Kyrgyzstan v Saudi Arabia – Ahmad bin Ali Stadium, Al Rayyan, Qatar – January 21, 2024 Saudi Arabia coach Roberto Mancini reacts REUTERS/Ibraheem Al Omari/File Photo

Роберто Манчини и Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија наводно преговараат за раскин на неговиот договор, пренесува Riyadh TV, и се чини дека ова може да стане најскапиот отказ во светскиот фудбал.

Италијанскиот стручњак го презеде водството на саудиската репрезентација во август 2023 година, постигнувајќи седум победи, пет нерешени и шест порази на 18 натпревари.

Иако Манчини имаше поддршка од клучните фигури на саудискиот фудбал по поразот од Јапонија (0-2) на 10 октомври во квалификациите за Светското првенство, ситуацијата драстично се влоши пет дена подоцна, кога на домашен терен имаше реми против Бахреин. (0:0). Овој резултат предизвика дискусии меѓу навивачите на стадионот поради незадоволството од лошата игра.

Според „Кориере дела сера“, Манчини како селектор на Саудиска Арабија добива 30 милиони евра годишно, а неговиот договор е со важност до летото 2027 година.

Од друга страна, британски Мирор пренесува дека е постигнат договор за взаемно раскинување на договорот, а според овој аранжман, Манчини би можел да добие околу 70 милиони евра отпремнина, што би претставувало најголема отпремнина некогаш исплатена на фудбалски тренер.


Ливерпул во јануари ќе го позајми Федерико Киеза?

Федерико Киеза по само неколку месеци престој во редовите на Ливерпул веќе се поврзува со заминување од клубот и можно враќање во Серија А.

Според Calciomercato, Ливерпул би можел да го испрати Федерико Киеза на позајмица во јануари за да може да ја врати формата и самодовербата. Тој се бореше за минутажа од неговото доаѓање во Англија. 26-годишниот играч сè уште работи на целосна кондиција, и му требаат повеќе првотимски настапи во наредните месеци.

Милан, Рома и Интер се поврзуваат како потенцијални дестинации за играчот.


Брера Струмица и Тиверија Брера спортски разиграа 140 дечиња од Струмица и Валандово

Преставници од ЖФК Тиверија Брера и ФК Брера Струмица денеска беа во градинката Виножито во Струмица каде на околу 140 дечиња од ова градинка како и од градинката Калинка од Валандово им ги пренесуваа тајните на физичката активност, спротот, фудбалот. На седум станици со добро осмислени игри, дечињата се забавуваа и се натпреваруваа им беше пренесен спортскиот натпреварувачки дух.

„Целта е дечињата да ни бидат физички активни, колку толку да спортуваат и да имаме здрави деца. Нашата замисла е да ги запознаеме со спортот, фудбалот едноставно да им го пренесеме тој натпреварувачки дух. Имаме седум станици каде дечињата преку игра и забава ќе се наптреваруваат. Имаме станици со мобилност, флексибилност, гимнастика, фудбал. Децата сакаат спортски игри а ние како општествено одговорни клубови сето тоа им го овозможуваме“, кажа Александра Терзиски од ЖФК Тиверија Брера

Повеќе од еден час траеа спорските игри во кругот на ЈОУДГ ,,Виножито“ во Струмица . Директорката Софија Димитриева ги поздрави клубовите со предзнакот на Брера и кажа дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина се со цел да имаме здрави дечиња кои ќе го сакаат спортувањето.


Меси во Мајами заработува повеќе од било кој МЛС клуб

Аргентинецот Лионел Меси, заработува повеќе во неговиот клуб Интер Мајами од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те прволигашки екипи во американската МЛС лига.

Ова го покажуваат податоците објавени од Синдикатот на играчите, во кои не се земени предвид спонзорските договори.

Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство 2022, ќе заработи 20.446.667 долари, откако Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната МЛС.

Повеќе од Меси сите заедно заработуваат фудбалерите во Мајами (21.9 милиони долари), Нешвил (21.9 милиони долари), Синсинати (2.1 милиони долари) и во Хјустон (20.5 милиони долари).

Со 41,7 милиони долари, целиот тим на Мајами е значително поскап од кој било друг во лигата.


Канадски напаѓач ќе го менува Левандовски во Барселона

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажува Барселона.

Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.

Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, а сега и Барселона се вклучи во трката. Каталонците следното лето ќе останат без Левандовски па бараат засилување во нападот, а Дејвид може да пристигне без обештетување.


Симонс сериозно се повреди, ќе отсуствува цела сезона

Фудбалерите на Лајпциг во средата беа поразени од Ливерпул (0:1) во третото коло од Лигата на шампионите. Лајпциг по овој натпревар остана без Чави Симонс. Холанѓанецот мораше да го напушти теренот поради повреда во 78. минута, а прегледите покажале дека се работи за оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Информациите од Германија велат дека Симонс нема да игра до крајот на оваа година.

Во Лајпциг најмногу се плашат од повторување на случајот со Давид Раум кој исто така ги повреди лигаментите на зглобот. По првичните прогнози за должината на паузата тој сепак мораше да биде опериран и се уште не се знае кога ќе се врати и дали ќе биде до крајот на оваа сезона.

Симонс моментално игра на позајмица од Пари Сен Жермен во Лајпциг, исто како и минатата сезона.


Хозе Марија Санчез ќе го води првото „Ел Класико“ сезонава

Шпанската судиска комисија ја објави вестa кој ќе го суди дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона. Битката која ја чека целиот свет е во сабота во 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

По седми пат „Ел Класико ќе го предводи Хозе Марија Санчез Мартинез.

Судијата од Мурсија дебитираше на „Ел Класико“ меѓу Реал – Барселона во 2017. Тогаш „кралевите“ победија со 2-0 во дуелот за шпанскиот Суперкуп. После тоа, Каталонците забележаа три последователни победи кога мечот го водеше Мартинез – 3-0, 5-1 и 3-0. Следеа две победи на Реал Мадрид со 2-1 и 3-1 во 2022, односно 2023 година.

Фактите покажуваат дека ниту еднаш „Ел Класико“ не завршило нерешено кога на цетарот бил овој судија.


Хакими и Лукман фаворити за африкански фудбалер на годината

Официјално се објавени номинациите за најдобриот африкански фудбалер за минатата година кои предизвикаа голема бура во јавноста.

Имено на листата од десет номинирани фудбалери не се наоѓаат имиња како Мохамед Салах, Виктор Бонифејс, Брахим Диаз, Николас Џексон и Мохамед Кудус. Наместо нив во потесниот круг фудбалери влегоа Амин Гуири, Едмонд Тапсоба, Симон Адингра, Ашраф Хакими, Адемола Лукман и други.

Навивачите бурно реагираа на номинациите во кои ги нема Мохамед Салах и Брахим Диаз кои имаа одлична сезона со Ливерпул и Реал Мадрид.


Мурињо: Фенер беше подобар ривал од Јунајтед

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо даде своја анализа за настапот на тимот во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лига Европа со Манчестер Јунајтед (1-1).

„Знам дека англиските медиуми ќе кажат дека Манчестер Јунајтед не играше многу добро, но мислам дека би било фер да се каже дека одигравме извонреден натпревар и бевме подобри од нив. Ова е добар резултат за Манчестер Јунајтед. Тие освоија бод против нас, а не ние против нив. Игравме неверојатно“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 22. место на табелата во Лига Европа со три бода. Фенербаче е на 14. место со пет бода.


Неславен крај: Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија

Роберто Манчини ја напушти функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, соопшти локалната федерација. Италијанецот, кој со својата земја стана европски шампион во 2021 година, го раскина договорот по заедничка согласност.

Поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити не успеа да ја одведе Саудиска Арабија до трофејот во Купот на Азија, откако беше елиминиран во осминафиналето. Неговите постапки за време на натпреварот во Катар предизвикаа скандал откако тој го напушти теренот пред последниот пенал на неговиот тим против Република Кореја.

Манчини беше назначен на оваа функција во август 2023 година, откако се откажа од италијанската репрезентација неколку недели порано.