фудбал

Реал и Барса мора да се откажат, Халанд пред нов договор со Сити

Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако не и најдобрата „деветка“ во светот во моментов. Се зборуваше дека Норвежанецот може да бара нов предизвик, но сепак ќе остане на „Етихад“.

Барселона беше заинтересирана за Халанд и веќе некое време Каталонците смислуваат финансиски план како да го привлечат најдобриот стрелец на Манчестер Сити да дојде во Каталонија, но се чини дека немаат решение.

Халанд и оваа сезона е во голгетерска форма. На вкупно 12 натпревари за Манчестер Сити, тој постигна дури 14 гола и продолжи таму каде што застана минатата сезона. Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.

Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш во дресот на тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.


Пресметка на турските и англиските хулигани пред мечот Фенер – Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед беа нападнати од група ултраси на Фенербахче во средата вечерта пред пресметката на двете екипи во Лига Европа во Истанбул.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу поддржувачите на двете екипи.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени вечерва во Турција да се соочат со тимот на Жозе Мурињо.

Сепак, навивачите тврдат дека биле нападнати од околу 50 луѓе. Снимката споделена на Твитер со натпис „Ова е Истанбул“ покажа дека има тензија.

Според симпатизерите на Англија, пет од нив биле нападнати од 50 домашни навивачи.


Слот руши рекорди, Холанѓанецот има подобар старт дури и од Клоп!

Извонредно достигнување забележа тренерот на Ливерпул. Арне Слот го направи најдобриот старт од кој било менаџер во Премиер лигата.

Вчерашната победа над РБ Лајпциг (0-1) во Лигата на шампионите беше единаесетта за Холанѓанецот во првите дванаесет натпревари на чело на тимот од „Енфилд“.

Арне Слот сега е првиот менаџер во историјата на англиската врвна лига кој победил на 11 од првите 12 натпревари во сите натпреварувања.


Гудмунсон се повреди, Фиорентина подолг период без Исланѓанецот

Фиорентина потврди дека Aлберт Гудмундсон, оди на подолга принудна пауза.

Гудмундсон се пожали на повреда по убедливата победа над Лече, а дури денеска му биле направени деталните прегледи.

Лекарскиот тим на „виолетовите“ морал да почека неколку дена за да бидат направени потребните снимања, а на крајот е потврдена мускулна повреда и пауза која ќе трае меѓу четири и шест недели.

Гудмундсон добро се адаптираше во новата средина и постигна три гола на пет натпревари во дресот на „виолетовите“.


Пеп има нов пик за замена за повредениот Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.

Родри е надвор од терените поради повреда и Гвардиола сака да доведе негова замена, а најголема желба е ѕвездата на Милан, Тижани Рејндерс.

Рејндерс игра фантастично во дресот на Милан и се промовираше во лидер на холандската репрезентација, па Гвардиола смета дека ќе биде идеален за неговиот стил на игра.

Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда, но Сити е спремен да понуди 60 милиони фунти.


Брајан Ример именуван за нов селектор на Данска

Брајан Ример кој има 46 години е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Данска, потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Ример на клупата на националниот тим ќе го замени Каспер Хјумланд кој си замина од функцијата по Европското првенство, привремено репрезентацијата ја водеше Мортен Веигорст.

Новиот селектор на Данска ќе дебитира на 15 ноември против Шпанија во Лигата на Нации, додека три дена подоцна ќе гостува на Србија во Лесковац.

Зад Ример е солидно тренерско искуство. Дури девет години работеше во Копенхаген како асистент и како тренер на младинците, потоа самостојно го водеше Андерлехт каде што се задржа две сезони. Клубот го напушти на 19 септември кога доби отказ.


Македонија 69-та на најновата ФИФА ранг листа

Нашата најдобра фудбалска репрезентација прогресираше за три места во последното рангирање на ФИФА.

Тоа се должи на гостинските победи против Летонија и Ерменија во рамките на Лигата на нации. Македонија која има 1.Ма361 бод, во ноември ја очекуваат последните два меча во Лигата на Нации и тоа на домашен терен со Летонија и Фарски Острови.

На врвот, Аргентина останува лидер пред Франција и Шпанија. Во топ 10 се сместени и селекциите на : Англија, Бразил, Белгија, Португалија Холандија Италија и Колумбија.


Артета загрижен од повредата на Калафиори против Шахтјор

Арсенал го победи Шахтјор со 1-0 во третото коло во Лигата на шампионите. „Топџиите“ славеа со автоголот на Рижик во 29.минута, a во 77. пенал не реализира Тросар.

Арсенал не блескаше против шампионот на Украина, но за Артета најважни се трите бода. Шпанскиот стратег повеќе од просечната игра е загрижен за повредата на Рикардо Калафиори. Италијанскиот дефанзивец во 72.минута мораше да го напушти теренот.

„Во моментов немам точни информации за што се работи, но сигурно не изгледа добро. Чувствуваше болка во коленото, се обидуваше да игра, но не можеше. Ќе видиме по деталните лекарски прегледи за каква повреда се работи“, изјави Артета.

Калафиори е неизвесен за дербито со Ливерпул во нeдела.


Перин потпиша нов договор со Јуве

Јувентус го потврди потпишувањето на нов договор со својот голман Матија Перин.

Договорот со 31-годишниот Италијанец беше продолжен до летото 2027 година.

Претходниот договор на Перин со Јуве истекуваше во летото 2025 година.

Во тековната сезона, Матија Перин одигра три натпревари за Јувентус, на кои прими еден гол, а двапати ја зачува својата мрежа празна.


Флик: Никогаш сум немал играч како Рафиња во моите тимови

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали Рафиња по синоќешната победа над Баерн (4:1) во натпреварот од 3. коло од главната фаза во Лигата на шампионите.

Најзаслужен за победата на Каталонците беше Рафиња кој постигна хет-трик.

„Ниту еден од моите претходни тимови немаше играч како Рафиња. Тој дава се од себе на теренот. Целосно се посветува на играта. Тој е многу добар со и без топка, секогаш почнува да притиска и ги завршува нашите шанси“, изјави Флик.

Барселона со шест бода се искачи на 10. место во поредокот во Лигата на шампионите. Баерн е на 23. место со три бода.